fbpx
Свет Европа Страница 3

Европа

Фон дер Лајен влегува во трка за нов мандат во Европската комисија

Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) предложи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повторно да биде кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија, по јунските избори за Европскиот парламент, пренесува германската агенција ДПА. Фон дер Лајен претходно потврди дека сака да влезе...

Вдовицата на Навални најави дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг за „слободна Русија“

Јулија Навалнаја, вдовицата на Алексеј Навални, во видео објавено денеска рече дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот покоен сопруг, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека го убил. „Требаше да има друга личност на моето место, но таа личност беше убиена од Владимир Путин“,...

Протест пред руската амбасада во Берлин по смртта на Навални

Околу 250 демонстранти се собраа во неделата во близина на руската амбасада во Берлин за да протестираат поради смртта на затворениот дисидент Алексеј Навални, објави полицијата во германската престолнина. Како што објави германската агенција ДПА, организаторите пријавиле протест на 450 луѓе. Непосредно пред протестот повикан за...

Османи, по Бон, стави во функција дополнителен пункт за пасоши и во Берн

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија. Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица...

Соборени четири борбени авиони на Русите во Украина викендов

Од петокот вечерта до утрово, Военото воздухопловство на украинските вооружени сили соборило четири борбени авиони на руските сили, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Од нив, три се соборени од петокот вечерта до вчера претпладне, а утрово Украинците неутрализирале уште еден борбен авион. Во последниот...

Откако Конгресот „дигна рачна“, Бајден порача дека ќе се бори за постојана помош за Украина

Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина. Објаснувајќи го...

Смртта на Навални ја потврди портпаролката на опозицискиот лидер

Портпаролката на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозициски лидер е мртов, повикувајќи се на официјалното известување врачено на мајката на Навални, Људмила Навалнаја. Изјавата доаѓа откако Навалнаја беше пријавена дека патува во затворот заедно со адвокатот на нејзиниот син во саботата. Пишувајќи на X (поранешен Твитер),...

Украинската војска се повлече од Авдиивка за да ги спаси животите на војниците

Украинската армија ги повлече своите војници од разурнатиот град Авдиивка во Доњецк за да избегне опкружување и да ги спаси животите на своите војници, изјави врховниот командант на армијата. Во кратката изјава објавена на Фејсбук, украинскиот командант, генерал полковник Олександар Сирскиј рече дека донел одлука...

Отстранети цветните почести за Навални во Русија, полицијата приведува

Цветните почести на Алексеј Навални, најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин, кој почина во петокот во руска казнена колонија, беа отстранети во текот на ноќта од групи неидентификувани луѓе додека полицијата гледаше, покажуваат видеата на руските социјални мрежи, објави агенцијата Асошиејтед прес. Повеќе од 100...

Грција стана првата православна земја што ги легализира истополовите бракови

Грција стана првата православна земја во светот што легализира истополови бракови откако парламентот во Атина вчера ја усвои оваа значајна реформа. Во редок приказ на парламентарен консензус, 176 пратеници од целиот политички спектар гласаа за законот. Реформата ја отрфлија 76 пратеници, додека двајца беа воздржани...

Германската влада ќе формира Единица за рано откривање манипулации и кампањи од странство

Стотици илјади Германци загрижени за подемот на крајната десница излегоа на улиците во последните недели. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер најави државни мерки против екстремистите. Владата ќе формира „единица за рано откривање“ на манипулации и кампањи од странство, најави вчера Фезер, а пренесе германската...

На украинскиот фронт одново борби и напади, Русија го милитаризира високото образование

Британското разузнавање верува дека отворањето на Институтот за светска воена економија и стратегија на Московската Висока школа за економија е знак за потесна соработка меѓу рускиот академски и одбранбениот сектор, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Во февруари 2024 година, формиран е нов воен истражувачки...

Седуммина загинати, меѓу нив и три деца, во руски напад врз Харкив

Седум лица, меѓу кои и три деца, загинаа во напад на руски дрон врз бензинска станица во градот Харкив во источна Украина, изјави утрово регионалниот гувернер Олег Синегубов, а пренесува Гардијан. „За жал, бројот на загинати од окупаторските напади на Харкив се искачи на седум....

Љубителите на стрипот се збогуваат со Алфредо Кастели, креаторот на „Марти Мистерија“

Италијанскиот стрип-сценарист и писател Алфредо Кастели, чие најпознато дело е авантуристичкиот стрип „Марти Мистерија“, починал вчера во родниот Милано, на 76-годишна возраст, објави издавачката куќа „Серџо Бонели Едиторе“. Кастели, роден во 1947 година, со стрипови почнал да се занимава од најрана возраст, а како тинејџер...

Руските напади во Украина повторно однесоа жртви

Нападите на руските агресорски сили во Украина во изминатово деноноќие повторно однесоа жртви. Се напаѓало од воздух и од земја, со артилерија, при што настрадале цивили и граѓанска инфраструктура, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Југозападниот голем пристанишен град Одеса ноќеска бил нападнат со руски...

Повредени најмалку 13 лица во руски ракетен напад врз Кијив

Руските вооружени сили утрово извршија голем ракетен напад врз главниот град на Украина, Кијив, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Ракетни напади се извршени и врз други населени места во Украина, при што, како одговор, биле активирани капацитетите на Военото воздухопловство на Украина. Во Кијив...

Косово обвинето за можни етнички тензии со забраната за употреба на српски динар

Америка ги обвинува властите во Косово за непотребно подигање на етничките тензии откако Владата воведе забрана за српската валута и му наложи на српското малцинство да го применува еврото, соопшти Гардијан.  Полициски рации кои се случија неколку дена по промената на валутата, а нарачани од...

Над 450.000 луѓе протестираа против екстремната десница во Германија

Околу половина милион луѓе протестирале против десничарскиот екстремизам ширум Германија изминатиот викенд, покажуваат прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни работи. Германската прес агенција ДПА соопшти дека Министерството избројало 457.000 луѓе на 128 настани. Поради недостиг на бројки од покраините Хамбург, Мекленбург-Западна Померанија и Сар, ова...

Продолжија протестите во Германија против десничарскиот екстремизам

Во северозападниот германски град Бремен илјадници луѓе протестираа по улиците против десничарскиот екстремизам, додека викендов продолжија неколкунеделните национални протести, пренесе германската агенција ДПА. Полицијата го проценила бројот на учесници на околу 16.500, додека организаторите навеле поголем број, од 25.000. Митингот бил организиран од новиот сојуз...

Наводниот нацизам во Киев и натаму предмет на дезинформациите од Москва

Повеќе дезинформациски наративи може да се идентификуваат од почетокот на годинава во медиумскиот и интернет просторот на македонски јазик. Од тоа дека на Украина ѝ е „загрозена државноста“ ако ја продолжи војната, до тоа дека Зеленски ја загубил популарноста. Сепак најконзистентни остануваат дезинформациите за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...