fbpx

Ненадејно почина македонската ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јулија Николиќ (Портјанко), ненадејно почина на 38-годишна возраст. Портјанко играше во „златните времиња“ за женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров од 2003 до 2009 година, а потоа доби и македонско државјанство, при што играше и за македонската репрезентација. Последниот настап за репрезентацијата...

Македонските таеквондисти Филип и Анамарија со медали се вратија од Президент купот во Истанбул

По освоениот сребрен медал на Летните олимписки игри во Токио од Дејан Георгиевски, македонското таеквондо продолжува да ниже успеси на меѓународната спортска сцена. Таеквондистот Филип Додевски освои сребрен медал во категоријата - 87 килограми на Президент купот во Истанбул. На овој важен спортски настан...

Историски пласман на Калин Ивановски во осмина финалето на јуниорскиот турнир на Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, денеска ќе настапи во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Ивановски ќе игра со Британецот Џек Пинингтон Џоунс кој е на 1.195 место на ранг-листата, додека Калин е на 1.654. Пласманот на Ивановски на осмина финалето на Вимблдон е историски.

Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски старо-нови шампиони во атлетика

Во неделата, на 4 јули, во Скопје се одржа Националното првенство на Македонија во полумаратон, како дел од календарот на Атлетска Федерација на Македонија. И оваа година победници на полумаратон во Националното државно првенство на Македонија се Андријана Поп Арсова (АК Делта), кај дамите, и...

Започнува пријавувањето за Виз Ер Скопски Маратон 2021

Организаторите на Виз Ер Скопски Маратон 2021, најавуваат дека овој маратон, кој ќе се одржи по 17-ти пат, за разлика од претходните изданија, ќе биде дводневен настан. Маратонот ќе се одржи на 2 и 3 октомври, а денеска во 10 часот започнува пријавувањето на учесниците,...

Стадионот на кој Али Ахмети го подигна трофејот е во мизерна состојба, Арифи три пати вети реконструкција

Со скршени стакла, отпадоци и натписи кои му даваат неатрактивен изглед, вака изгледа денес градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција беше ветена во 2013 година од актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, која истото ветување го повтори и во предизборната кампања од 2017 година....

Миа Блажевска Еминова: Се откажав од многу нешта за да стасам до учество на Олимписките игри

Учество на Олимписки игри е сон на многу млади спортисти, а за да се стаса дотаму, секогаш е потребна голема посветеност, напорна работа и откажувања од многу  работи кои обично се секојдневие за нивните врсници. Ваков пат успеа да изоди петнаесетгодишната пливачка Миа Блажевска...

Македонија утре игра со Холандија на Европското првенство, последен натпревар за Пандев

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во фудбал. Капитенот Горан Пандев веќе најави дека утрешниот натпревар против Холандија ќе биде неговиот последен за репрезентацијата. „Да, одлучив дека утрешниот натпревар ќе биде последен во дресот на македонската...

Во возбудлив фудбалски натпревар, Украина ја победи Македонија со гол разлика

Македонија изгуби со 2:1 од фудбалската репрезентација на Украина на Европското првенство во фудбал. И покрај одличното второ полувреме коешто го одиграа македонските репрезентативци, сепак тоа беше премалку за да се анулира предноста од два гола што ја оствари Украина во првото полувреме. Со...

УЕФА го казни Арнаутовиќ поради неговиот националистички испад кон Алиоски

УЕФА го казни австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, кој имаше националистичкиот испад после постигнатиот гол на натпреварот со Северна Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. „Суспензија за играчот од австриската репрезентација, Марко Арнаутовиќ од еден натпревар, односно за следниот натпревар под капата на УЕФА за...

ФФМ бара од УЕФА најстрога казна за Арнаутовиќ поради неговиот националистички испад кон Алиоски

Фудбалската федерација на Мaкeдонија (ФФМ) најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на натпреварот со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Федерацијата информира дека поднеле официјален допис до УЕФА во кој бараат најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко...

Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал

Македонија изгуби од Австрија на првиот настап на Европското првенство во фудбал, кој се одржа во Букурешт, со три спрема еден. Австријците дадоа три гола, а првиот гол за Македонија на едно Европско првенство го постигна Горан Пандев. Следниот меч нашата репрезентација ќе го игра во...

Заев, Османи и Бектеши во Букурешт попладнево ќе навиваат за македонските фудбалери

Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши со владиниот авион отпатуваа за Букурешт, каде попладнево ќе ја бодрат македонската машка фудбалска репрезентација, на првиот меч од Европското првенство. Со почеток во 18 часот, нашата репрезентација ќе дебитира...

Американската телевизија ЕСПН го избра македонскиот дрес за најубав на Европското првенство

Водителите Клинтон Јетс и Херк Гомез од американската спортска телевизија ЕСПН во нивниот осврт на Европското првенство во фудбал, го избраа дресот на македонската фудбалска репрезентација за најубав на првенството. Двајцата водители изразија мноштво на пофални зборови за дресот на македонските репрезентативци во вчерашното видео,...

Фудбалерите пристигнаа во Букурешт – првиот меч ќе го одиграат против Австрија во недела

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Букурешт каде во недела (13 јуни) ќе го одигра првиот натпревар во рамките на едно Европско првенство од осамостојувањето до денес. Честа да ни биде противник во овој историски меч ѝ припадна на репрезентацијата на Австрија. Четири дена подоцна,...

Јагма за сликички од македонски фудбалери по пристигнувањето на албумот „Еуро 2020“

За прв пат после распадот на Југославија, колекционерите на сликички од Северна Македонија имаат прилика да ја видат фудбалската репрезентација на својата држава во албум посветен на едно Европско првенство. Судејќи по реакциите на социјалните мрежи и по според активностите околу трафиките, најновиот албум „Еуро...

Македонија ја победи Германија во фудбал на нивен терен, за квалификации за Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Германија во Дуизбург со 2:1 во квалификациите за Светското првенство, а натпреварот беше вистинска фудбалска сензација. Двата гола за репрезентацијата ги постигнаа Горан Пандев и Елиф Елмас. Македонија поведе со 1:0 со гол на Горан Пандев во продолжението на првото полувреме. Германија дојде...

Скопје славеше по фудбалската победа и пласманот на Европското првенство [галерија]

Победата на македонската фудбалска репрезентација во мечот против Грузија и извојуваниот пласман на претстојното Европско првенство, вчеравечер и во текот на ноќните часови се прославуваше масовно во главниот град, Скопје. Првиот пласман на Европското првенство во фудбал во македонската историја ги извади скопјани на улиците,...

Почесен црн појас за амбасадорката на Јапонија од македонската џудо федерација

Џудо федерацијата на Република Северна Македонија ѝ додели почесен црн појас - 1 дан на амбасадорката на Јапонија во Македoнија, Кеико Ханеда, јави ipon.mk. Церемонијaта на предавањето на почесната награда се одржа вчера во службените простории на амбасадата. Во име на федерацијата плакетата и црниот појас...

ВАР Систем: со минимум влијание до максимум бенефит

На 8 октомври во 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“, Македонската А репрезентација, против Косово, ќе го одигра натпреварот од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство. „На еден од најважните натпревари за нашата селекција, на Националната арена, ќе се имплементира...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...