fbpx

Град Скопје во акција за сечење и кастрење дрвја во Кисела Вода, жителите негодуваат [фото]

Утрово жителите на населбата Кисела Вода се разбудија од звукот на моторните пили. Качени на дигалката од камиончето, работници на ЈП „Паркови и зеленило“ беа ангажирани од Град Скопје да ги сечат и кастрат дрвјата во парковите околу станбените згради на улица Христо Татарчев. Иако...

Медицинските комори бараат изземање од Законот за заштита на лични податоци

Законот за заштита на лични податоци да не се имплементира во приватните здравствени установи со мал број вработени, бараат Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора, бидејќи обврските кои произлегуваат од овој закон создаваат дополнителни административни обврски, како и непотребно финансиско оптоварување. Коморите појаснуваат дека заштитата на личните...

Од полноќ литар дизел се продава за 4 денари повеќе и чини 81 денар

Според вчерашната одлука Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), од полноќ дизелот е поскап за 4 денари, екстра-лесното масло за домаќинства за 2,5 денари, мазутот за 1,238 денари. Бензините остануваат на последната утврдена цена. Причина за поскапувањето е порастот...

Вонреден самит на НАТО во Брисел, учествува и претседателот на САД Џо Бајден

НАТО денеска го одржува вонредниот самит во Брисел, на којшто ќе учествува и американскиот претседател Џо Бајден. Пред Самитот, Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг рече дека земјите-членки се согласиле на распоредување на четири нови борбени групи во источното крило, односно во Словачка, Унгарија,...

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер утрово во битолско-преспанското подрачје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрирала земјотрес на 106 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Битола. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 6.15 часот, а имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од...

Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД

Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар во историјата на Соединетите Американски Држави, почина од канцер на 84 годишна возраст, објави нејзиното семејство, пренесе „Асошиејтед прес“. И покрај тоа што беше дел од Демократската партија, таа работеше и со Републиканците, а во 1996 година беше одбрана...

Судбината на Мариупол му се заканува и на опколениот Чернихив, во Ирпин употребена фосфорна муниција

Покрај битката за Мариупол, слична катастрофална судбина му се заканува и на градот Чернихив на северот на земјата, којшто е опколен од руските сили. Весникот „Гардијан“ јавува дека околу 150.000 жители од овој украински град веќе неколку дена се оставени без струја, а локалните...

Вистиномер: Смртта на руската манекенка Грета Ведлер нема никаква врска со нејзините критики за Путин

Не е точно дека манекенката Грета Ведлер била убиена пред неколку дена во силна акција на руските вооружени сили, како што се посочува во текстот. Трупот на руската манекенка е пронајден сокриен во куфер, повеќе од една година откако таа исчезна, по нејзините критики...

Шанса за Центар алармира: Кај „Треска“ може да ни се повтори „Холидеј ин“

Шанса за Центар денеска повторно алармираше и ја повика јавноста и институциите на будност за да не се бетонира просторот на некогашната фабрика за мебел „Треска“, како во случајот со висококатниците кај „Холидеј ин“. Велат дека спорниот урбанистички план за Буњаковец, со кој се предвидува...

Денеска 319 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по...

Забрчанец: Руската пропаганда може да собере колку сака ботови во Македонија, ние сме држава во која владее демократија

Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, во „Утрински брифинг“ утрово зборуваше за информациската војна што ја придружува руската инвазија на Украина. Тој смета дека Западот победува во војната со руската пропаганда и отпорот кон демократијата. „Дефинитивно постои информациска војна, која...

Ученички со солзи, на првиот училиштен ден се затворија средните женски училишта во Авганистан

Денеска е првиот училиштен ден и ре-отварањето на училиштата низ Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година. Притоа, главната одлука гласеше дека на сите девојчиња, односно ученички ќе им биде дозволено посетување на настава, доколку се придржуваат до правилата и униформите...

Од почетокот на војната, во земјава влегле 1.924 Украинци, но не како бегалци

Од почетокот на војната во Украина до денеска во земјава вкупно влегле 1.924 украински државјани, додека на излез од нашата земја во овој период се регистрирани 1.365 граѓани на Украина, информираше владиниот портпарол Душко Арсовски, повикувајќи се на податоци од Министерството за внатрешни работи. На...

Вистиномер: Не бил цензуриран протестот пред американската амбасада во Киев, ниту пак се одржал на 16 март

Не е вистина дека протестот се одржал на 16 март и не е вистина дека за истиот не известувале медиумите. Напротив, она што се пронаоѓа од медиумските известувања од лице место, потврдува дека луѓето кои се појавиле да протестираат пред амбасадата на САД, всушност,...

Тренчевска: Обединети до подoбри резултати во заштитата од насилство врз жените и семејното насилство

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на работилница за спроведување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, информираат од Министерството за труд и социјална политика. На работилницата која е организирана во соработка со УНФПА, претставници...

ЈСП: Пензионерите од петок повторно ќе се возат бесплатно

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје соопшти дека од петок (25.03.2022) повторно започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица, односно жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години за деновите вторник, петок, сабота и недела. По укинувањето на можноста пензионерите...

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО

Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО, соопштија од Владата. Утре, на 24 март, заедно со Ковачевски на состанокот на Северноатланскиот...

Хрватските граѓани и бизниси искажуваат поддршка за Украина [фото]

Неколку десетици граѓани, повеќето родители со деца, во саботата на главниот загребски плоштад „Бан Јелачиќ“ одржаа антивоен протест, искажувајќи поддршка за борбата за слобода на Украина под мотото #StandWithUkraine. На протестот, организаторите прочитаа соопштение за тековните случувања во Украина, истакнувајќи ги воените злосторства причинети од...

Мрежа против хомофобија: Противниците на законот за матична евиденција очигледно го немаат прочитано истиот

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес-конференција на која изрази став и критика во однос на одлуката на владата да го повлече Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција само еден ден пред да биде разгледан од пратениците на Комисијата...

Во Мариупол заробени 100.000 жители во ек на борбите, се трупаат нови сили на украинско-белоруската граница

Уличните борби во центарот на пристанишниот град Мариупол продолжија, додека Русија паралелно го гранатира градот. Би-би-си ја пренесува изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во која тој наведува дека во градот се заробени околу 100.000 жители без храна, вода и греење. Во текот на...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...