fbpx

Британско разузнавање: Русија ја менува стратегијата за ракетните напади во Украина

Најновите руски ракетни напади во Украина, во кои според досега познатото, има најмалку 25 загинати цивили, зборува за нова и побескрупулозна стратегија на напади, смета британското воено разузнавање, изнесувајќи ги своите заклучоци на Твитер. „Нападот вклучуваше помалку ракети во однос на нападите во текот на...

Новиот „Сноуден“ и Договорот за автопатите со „Бехтел и Енка“ го одбележаа април во (дез)информациска смисла

Протекувањето на огромен број доверливи документи од американските институции, откриено во април, како и деталите од Договорот за изградба на автопатско решение на Коридорите 8 и 10 д, беа теми од кои извираа најмногу информации и дезинформации во македонскиот медиумски простор во текот на...

Контраспин: Јолевски спинува околу случајот со обвинителката Ленче Ристоска

Наместо претседателот на Советот на јавни обвинители (СЈО), Антонио Јолевски, да ја повика обвинителката Ристоска на разговор од кој можеби и ќе дознае кој тргувал со влијание од Советот, тој и Советот ја упатуваат пред Етички совет за да оценел дали Ристоска со критиките...

Адеми за Порталб: Со разрешувањето на Дамева, Судскиот совет не прекрши ниту еден закон

Разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, продолжува да ја бранува јавноста, по обвинувањата за политичко влијание, но и за незаконско постапување од страна на членовите на советот. Реакциите за разрешувањето не стивнуваат, особено во делот на начинот на кој беше разрешена претседателката...

Не е точно дека руската ракета „Кинжал“ уништила таен бункер на НАТО во Лавов

Самата теорија за постоењето на некој таен бункер на НАТО кај Лавов е апсурдна. Лавов се наоѓа на 50 километри од границата со Полска, земја членка на НАТО, па доколку имало состаноци на генералите на НАТО и вооружените сили на Украина, тогаш пологично би...

Кривични пријави за три фирми – не платиле данок и го оштетиле буџетот за 295 илјади евра

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство - Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување. Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители...

Шукова: Воспоставуваме подобра координација и поинтензивно вклучување на колективните постапувачи со отпад

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставниците на сите шест регистрирани колективни постапувачи со отпад во државата, денеска одржале консултативен состанок за усогласување и подобра координација на заедничките активности во управувањето со отпадот. Министерката Шукова ги информираше присутните за интензивирање на...

Во Струмица се одржа тридневна обука, младите учеа новинарство засновано на податоци и визуелизации

Фондацијата Метаморфозис, во соработка со Меѓународниот центар за новинари (International Center for Journalists – ICFJ) од 26 до 28 април во Струмица ја спроведоа тридневната обука на англиски јазик „Новинарство засновано на податоци и визуелизации“. На обуката учествуваа 11 лица, првенствено студенти и млади...

Грковска-Дрекслер: Правосудниот систем мора да претрпи промени

Правосудниот систем во С. Македонија мора претрпи промени за да има ефективна борба со корупцијата и за земјата да напредува во исполнувањето на стратешките цели. За ова разговарале заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и новоназначената амбасадорка...

Повратен авиобилет Скопје – Сплит ќе чини 119 евра

Првиот лет на авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“ од Скопје до Сплит, ќе се случи на 12 мај. Со ова, ќе се овозможи хрватскиот национален авиопревозник поврзување на Скопје со хрватското крајбрежје во текот на претстојната туристичка сезона. Авиолинијата Скопје-Сплит ќе сообраќа до средината на октомври,...

В среда ќе се одржи „Станица: Студентска 8“ – целодневен настан за студенти и млади

По неколку години пауза, настанот „Станица: Студентска“ се враќа со своето осмо издание, најави Младинскиот образовен форум (МОФ). Станува збор за целодневен настан наменет за студенти, но и за сите заинтересирани млади лица. Станица: Студентска 8 ќе се одржи в среда, 3 мај, од 12...

Кикстартер-кампања на Ана Јакимска за филмот „Нема духови во туѓина“

Тимот на филмот "Нема духови во туѓина" од Ана Јакимска
Ана Јакимска дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа дипломирала и Филмска режија на Факултетот за драмски уметности при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје. Јакимска моментално е на дополнителни студии - магистериум - на...

Поминаа 22 години од масакрот кај Вејце, Петровска бара да се подигне спомен-обележје

Денеска се навршуваат 22 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица „Волци“, додека се движеа меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела...

Измама е дека Филипс доделува апарат за две евра за првите сто луѓе

Ваквата „понуда“ за Филипс апарати за две евра е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа...

Ѕверски убиен 49-годишен македонски државјанин во Сончев Брег, полицијата уапси 14-годишник

По дојава до полицијата вчера 15-тина минути до пладне, на локација со дрвја во Сончев Брег, Бугарија откриено е мртво тело со тешки повреди на главата, а полицијата од Несебар и од Бургас извршила увид, при што е утврдено дека убиениот е 49-годишен македонски...

Најмалку 12 загинати во новиот бран руски ракетни напади врз Украина

Најмалку 12 лица загинаа при руските воздушни напади што рано утринава погодија повеќе градови во Украина, вклучувајќи го и главниот град Кијив. Од нив, десет луѓе загинале во централниот град Уман, откако проектили погодиле станбени згради, пренесува Би-би-си. Во градот Днипро загинале две лица, меѓу...

Ватикан не го добил името по божица на подземјето

Името на Ватикан не потекнува од Ватикана, божица на подземјето, ова е неточна информација, всушност, таква божица со такво име не ни постои. За време на Римската Република, името „Ватикан“ се однесувало на Агер Ватиканус, мал рид и рамнина на западниот брег на реката...

Битиќи, Бочварски и Макрадули сведочеа за Зекири: Пошта треба да има 56 вработени, а се над 250

На предлог на одбраната вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули, денеска сведочеа во судскиот процес во кој поранешниот секретар на Владата на Северна Македонија, Мухамед Зекири е...

Александра Данева ја доби Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка

Александра Данева ја освои првата награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството што ја доделува Народната банка. Данева ја доби наградата за трудот „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“. Таа се...

Не е точно дека Украина го забранила Велигден годинава

Велигденските празнувања не беа забранети ниту во Киев, ниту каде било на друго место во Украина. Постот дезинформира дека  Украина годинава го забранила Велигден. На  видеоматеријал снимен на 16 април 2023 година, може да се погледне како верниците се упатуваат кон храмовите во Киев....

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...