fbpx
Македонија Страница 1976

Македонија

Доделени наградите за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им ги додели наградите на најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година, а наградата е по 10.000 денари. Годинава, наградата за најдобар полицаец ја доби Љупчо Стојановски, вработен во полициска станица од општа надлежност во Гази Баба....

Доделени наградите за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги врачи признанијата на годинешните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2014“. - Во пресрет на новогодишните и на божикните празници, Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација...

Петмина осомничени за злоупотреба на културното наследство

Битолската полиција, во два одвоени случаи, до обивнителството поднела кривични пријави против петмина жители на Битола и на Битолско, осомничени за присвојување, оштетување или за уништување и за изнесување во странство на добра кои се дел од културното наслество или природни реткости, соопшти МВР. Според...

ВМРО-НП: Ја поздравуваме иницијативата за ослободување на Вранишковски

„ВМРО – Народна партија повеќе години, преку свои објавени соопштенија, настапи и прес-конференции, укажуваше дека судските процеси против владиката Јован Вранишковски, со кои беше осуден на повеќегодишна казна затвор, се мотивирани од политички побуди“, се вели во соопштението од партијата. „ВМРО-Народна партија и денес го...

Промоција на книгата „Спортски бон-тон“

Денеска ќе биде промовирана сликовницата „Спортски бон-тон“. Настанот ќе се одржи во Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во Скопје . Со промоцијата ќе се заокружи проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го имплементираше...

Скопје се задушува: За пет дена пар-непар и бесплатен јавен превоз?

Загадувањето во Скопје измерено во 10 часот утринава изнесува 311,20 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати над дозвелените 50 микрограми. Високо ниво на загаденост во Скопје трае од неделата. Ако загадувањето продолжи и во наредните пет дена, тогаш од Град Скопје треба да...

Охрид: Десетина милиони денари – стимул на локалниот економски развој

Општина Охрид, за наредната година, ќе издвои десетина милиони денари за стимулирање на локалниот економски развој. Во согласност со нацрт-програмата за развој за 2015 година, дел од овие средства – околу три милиони денари, Општината планира да ги обезбеди од буџетот, а поголемиот дел од собрани...

Болницата „Свети Еразмо“ од Охрид, во чекор со светската технологија

Министерството за здравство ја привршува постапката за набавка на современ апарат за компјутерска томографија што ќе биде инсталиран во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид, информираше директорот д-р Митко Тилевски. Според најавите, апаратот треба да биде ставен во функција во март или...

Груевски: Гумените куршуми се европска практика

Македонската полиција ќе употребува гумени куршуми против насилни демонстранти по теркот на европските колеги. Премиерот Никола Груевски уверува дека измените, кои на полицијата и законски ќе ѝ дозволат повеќе оружја во справување со поголеми нарушувања на јавен ред и мир, се усогласени со ЕУ,...

Собраниска седница за пратенички прашања

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 27. седница. На собраниската седница ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Католиците денеска го слават Божик

Католиците насекаде во светот денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик, а традиционално во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа вчеравечер, во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше свечена литургија. На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Собранието,...

„Полицијата и јавноста“ – книга на полицискиот портпарол Стефан Димоски

В сабота напладне, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, пред јавноста ќе биде претставена книгата „Полицијата и јавноста“ на м-р Стефан Димоски, новинар, актуелен портпарол на СВР од Охрид. Промотори на авторскиот труд на Димоски ќе бидат Томе Груевски, професор на Правниот факултет...

Сончево време со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, проследено со слаб ветер од северозападен и од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус три Целзиусови степени, а максималната ќе достигне 13 степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температурата до 8 Целзиусови степени.

Груевски: Тие што учат нема да имаат проблем со државниот испит

Кога Абдилаќим Адеми и Спиро Ристоски биле во Битола, Тетово, Штип и на Штуловиот универзитет, направиле неколку јавни расправи, добиле добри информации што ги вградиле во законот за високо образование, рече премиерот Никола Груевски во неговото гостување во вестите на „Канал 5“. Тој додаде дека на...

Со палење свеќи, одбележана втората годишнина од „црниот понеделник“

Околу дваесетина поранешни пратеници на опозициската партија СДСМ, заедно со група граѓани, попладнево запалија свеќи пред Собранието. Како што ни објаснија, со палењето свеќи сaкаат симболично да ја одбележат втората годишнина од „црниот понеделник“ или, како што велат, „смртта на демократијата“ кога пратеници беа насилно исфрлени...

Се сретнаа лидерите на коалицијата „За подобра Македонија“

Денеска во „Порта Македонија“, премиерот Никола Груевски ги собра на маса лидерите на помалите партии од коалицијата „За подобра Македонија“. Тема на разговор биле инвестициите, економијата, спорот со името, но и  актуелните политички случувања со опозицијата. По средбата Груевски даде изјава за медиумите во која...

Професори бараат да присуствуваат на расправата за законот за образование

Група професори испратиле барање до Собраниската комисија за образование, наука и спорт и до претседателот на Собранието, во кое бараат дозвола претставници од академската заедница и претставници на „Студентски пленум“  да присуствуваат на седницата на Комисијата. Барањето на својот фејсбук-профил го објави професорката Билјана Ванковска...

Заев и Шекеринска се сретнаа со Соња Локар

Зоран Заев, Радмила Шекеринска и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска се сретнаа со Соња Локар, извршна директорка на мрежата на Централно-европската иницијатива за родови прашања. На средбата се разговарало за политичката состојба во земјава и во регионот. - Родовата еднаквост, вклученоста на...

Во Скопје шестпати позагадено од дозволеното

Загадувањето во Скопје измерено во 16 часот изнесуваше  280,71 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси шестпати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои дека многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопските...

Дванаесет ловишта ќе се даваат под концесија

За да се обезбеди одгледување, заштита и користење на дивечот во ловните региони, но и заради давање сериозни можности за остварување бизнис за стопанските субјекти и за нивно функционирање во профитабилна дејност, како и за обезбедување нови работни места и вработување на граѓаните, Владата преку...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...