fbpx
Македонија Страница 1939

Македонија

СДСМ вo петок ќе реши кога ќе ја објави „бомбата“

Во петок, во 18 часот, на Централен одбор, СДСМ ќе одлучи кога ќе се објави бомбата, одоговри денеска на новинарско прашања портпаролот на партијата, Петре Шилегов. Тој, на прес-конференција, кажа и дека забраната за која зборува Јавното обвинителство (ЈО) не се однесува на докaзите со...

Досега од телефонската акција собрани 619.000 денари

За помош на настраданите од поплавените подрачја, до денеска, преку хуманитарните телефонски линии, се собрани 619.000 денари, а на сметка на Фондот за солидарноста се собрани дополнителни 6.300 денари. Хуманитарната акција за помош на поплавените веќе е во тек, собрани се средства за лична хигиена, вода...

ЗНМ ги осуди заканите на Обвинителството кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува заканите за кривичен прогон на новинарите, упатени од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ако објавуваат материјали што можат да станат предмет на кривична постапка. „Ваквото однесување на обвинителството е бесмислено затоа што...

Владата ќе се откаже од ДДВ од хуманитарните телефонски броеви

На наредната владина седница ќе биде донесена одлука за државата да се откаже од данокот на додадена вредност од пораките за донација на поплавените подрачја, велат владини извори за новинската агенција „Мета“. Како што денеска пишуваше „Мета“, по отворањето на телефонските броеви за донација на настраданите од...

СДСМ Охрид: Овластена „правничка“ без диплома решавала за урбанистичките предмети

Општинската организација на СДСМ од Охрид обвини дека овластена „правничка“ без диплома решавала за урбанистичките предмети, односно за судбината и за имотите на голем број граѓани. - Со овој скандал само се потврди незаконското работење во општинската администрација, самоволието на ВМРО-ДПМНЕ при вработувањата партиски кадри и...

ДУИ: Разрешувањето на Исмаили е непринципиелно

Од ДУИ сметаат дека разрешување на заменик-директорот на Агенцијата за разузнавање, Мухамед Исмаили, е непринципиелен чекор. Од партијата соопштуваат дека оваа одлука ја одразува кризата на легитимитет што ја има претседателот и ја засилува нивната идеја за консензуален претседател. „За ДУИ, оваа одлука, исто како и одлуката...

Заев се сретна со функционер од Стејт департменот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Бирото за демократија, човекови права и труд при американскиот Стејт департмент, Томас Мелиа, како и со вршителот на должноста амбасадор на САД во Македонија, Барт Путнеј. Претседателот...

Лавина на патот Дебар – Маврови Анови

На коловозот на регионалниот патен правец Дебар - Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир, утрово се срушила лавина од снег, камења и од земја. Сообраќајот е во прекин, а екипи на „Македонија пат“ го расчистуваат наносот. Според Автомото-сојузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Маврово...

Црна ги поплави иконостасот и фреските на манастирот „Пресвета Богородица“ во Новаци

Манастирската црква и конаците на „Пресвета Богородица“ во Новаци се метар и половина под вода. Опасноста е уште поголема ако се сруши насипот на Црна, тогаш водите сериозно ќе му наштетат на овој верски објект - предупредуваат од манастирот. Отец Душко Груевски вели дека од...

МЕСО: Сегашното раководство на СОНК е некомпетентно

Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) најостро ја осудува објавата за прекин на штрајкот во образованието, која раководството на СОНК ја донесе без консултација со сопственото членство и без да биде усвоено ниту едно од барањата со кои го почна штрајкот. „Сето она што е договорено...

Обвинителството сака да открие или да сокрие?

Синоќешното соопштение на Јавното обвинителство за материјалите од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозцијата, Зоран Заев, во кое, меѓу другото, медиумите се предупредуваат да не објавуваат вакви слични материјали бидејќи ќе сносат санкции, предизвика остри реакции во јавноста и од новинарските...

Собраниска делегација на гости во турскиот парламент

Во организација на Европскиот парламент и Големото национално собрание на Република Турција, на 5 и на 6 февруари 2015 година во Анкара, Република Турција, ќе се одржи парламентарен семинар на тема: „Енергетска сигурност, енергетска ефикасност и поврзаност на земјите од Западен Балкан и од...

Одбележани 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

Денеска, делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски и од претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќиња на гробот на нашиот великан Гоце Делчев, во Црквата „Св. Спас“ во Скопје. Во Црквата „Св.Спас“ беше одржана панихида на Македонската православна црква,...

Охридско Езеро исфрли огромни количества отпад

Огромни количества пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад, подигнаа во изминативе два дена екипите на ЈП „Охридски комуналец“. Се проценува дека Охридско Езеро од своите длабочини исфрлило најмалку 30 кубни метри отпад, по должината на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот...

За да се спречи поплавување на Новаци, ќе се руши регионалниот пат кој води до РЕК

Со дозвола на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, намерно ќе се сече регионалниот пат кој води до РЕК Битола за да се направи пропуст на водата што се заканува да го поплави цело село Новаци. - Добивме дозвола од министерот Миле Јанакиевски да го...

Битолски наставници: Кој направи пуч со прекинот на штрајкот?

Кој го направи пучот во штрајкот на СОНК е главната дилема на дел од битолските наставници, по прекинот на штрајкот. Наставници од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, кои од првиот ден на штрајкот беа стопроцентно солидарни, денеска се револтирани поради неодговорените прашања...

Владата ќе решава за ДДВ од хуманитарната помош за поплавите

Ако се јавите на телефонските броеви за донирање средства за граѓаните од поплавените подрачја во Македонија, телефонскиот оператор ќе ви земе 118 денари. Од нив 100 денари се за донацијата, а 18 денари се за ДДВ, кој изнесува 18 проценти. Граѓаните се револтирани поради тоа...

Црна се заканува да го сруши мостот пред РЕК Битола

Опасна станува ситуацијата во општина Новаци откако водите на Црна Река поплавија два помали моста пред РЕК Битола. Патот е отсечен, а постои опасност да биде однесен од силните води, предупредуваат од Општина Новаци. Во селото Новаци веќе се евакуирани неколку семејства кои живеат на...

ССНМ контра Обвинителството: Новинарите имаат обврска да откриваат информации

Самостојниот синдикат на новинари ги отфрла заканувачките предупредувања на Основното јавно обвинителоство дека „објавувањето материјали што може да станат предмет на понатамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон“. „Новинарите кои ќе дојдат до материјали поврзани со информации за потенцијален судир на интереси, за погрешно...

Во неколку струшки села воведена забрана за употреба на водата од водовод

Регионалниот центар за јавно здравје со седиште во Охрид, континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата во регионите на Охрид, Струга и на Дебар. Контролата е особено засилена од почетокот на обилните врнежи од дожд и од снег, кои го зафатија регионот на Охрид...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...