fbpx
Македонија Страница 1932

Македонија

Собранието денеска ќе расправа за повеќе закони

Собранието денеска ќе расправа за измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка поднесени од Илија Димовски, Талат Џафери, Крсто Мукоски, Александар Николоски. Покрај овој, на дневен ред ќе бидат и предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, по скратена постапка; предлог-законот за...

Студентите денеска ќе решат дали ќе ги окупираат факултетите

Студентите денеска ќе го одржат седмиот пленум, на кој треба да одлучат дали ќе ги окупираат факултетите сè додека Владата не го исполни ветувањето дека ќе се повлечат измените на Законот за високо образование и да формираат работни групи со сите засегнати страни за...

Коѕиас бара Германија да нè притисне за компромисно име

Спорот за името се најде на агендата на разговорите на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, и на неговиот германски колега, Франк Волтер Штајнмајер. На вчерашната средба во Берлин, според весникот „Катимерини“, Коѕиас го споменал спорот за името и проблемот со Македонија. Коѕиас,...

Стотици жители на Новаци бараат обештетување од поплавите

Само за еден ден, во Општина Новаци се поднесени 230 пријави за обештетување од поплавите. Од Општината велат дека жителите на повеќе села во битолскиот дел на Мариово, каде Црна Река и каналите направија најмногу штети, веќе пополнуваат изјави за да им се надомести...

Основци собраа хуманитарна помош за свои врсници од поплавените подрачја

Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во тек е хуманитарна акција за собирање помош за настраданите во поплавените подрачја во земјава. - Одзивот беше навистина голем. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и слично се презема од општинскиот Црвен крст. Со нашиот скромен придонес,...

Во Охрид се затвораат дуќани

Со секој нов ден, во охридската Стара чаршија се затвораат дуќани. Сликата е иста, само што е многу подрастична, во подалечните трговски центри. Наместо уредени излози, катанци на вратите, а на излозите соопштенија: „Се продава или издава“, „Затворено“, „Расподажба“ , „Тотална ликвидација“! Довчерашните дуќанџии, причините...

Денеска облачно и студено

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди и со умерен, на места, со засилен северен ветер. Во Маврово и во Пожаране провејува снег. Утринските температури се движат од -11 до 2 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе имаме сончево...

Заев и Шекеринска се сретнаа со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката Радмила Шекеринска попладнево се сретнале со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел, и со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер. Како што наведуваат во соопштението од СДСМ, тема на средбата...

Груевски му посака успех, Ципрас му ги повтори црвените линии!

Премиерот Никола Груевски денеска остварил краток телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ова за МИА го потврдиле од прес-службата на Владата. Разговорот за „Мета“ го потврдија и од канцеларијата на Ципрас. Во протоколарниот разговор, премиерот Груевски на својот колега му посакал успех во работата...

Заев го информираше амбасадорот на Швајцарија за „бомбата“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото. На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговарло за загрозените слободи и права на граѓаните во земјата, за отсуството...

Пристигна новиот амбасадор на САД во Македонија

Новиот американски амбасадор, Џес Бејли, денеска пристигна во Македонија, објави на својата фејсбук-страница Амбасадата на САД во Скопје. Бејли е дипломат од кариера во рангот министер-советник и во американскиот Стејт департмент е од 1985 година. Во Скопје доаѓа од Анкара, Турција, каде од 2011 година...

Заев: Странска служба не може да прислушува преку 20.000 граѓани

„Никој не ме контактирал. Тоа е многу чудно затоа што во најмала рака министерот за внатрешни работи мораше да излезе, ама никој не се огласува. Сега сè е јасно. Она што е како тврдење во јавноста, дебата, кој тоа ги слушал нашите граѓани, повеќе...

Високото образование и хонорарите утре пак во Собрание

Законите за високо образование и за придонеси од задолжително социјално осигурување, заедно со другите закони предложени од неколку пратеници, ќе се носат по скратена постапка, одлучија пратениците на денешната седница на Собранието. Претседателот Трајко Вељаноски ја презакажа седницата на која ќе се разговара за овие закони за...

#Бомба, #ОставкаЗаТодоров, #ТикТакТикТак и #Тамара го возбудија македонскиот интернет

Значително ослабнат интернет, голем број на веб-портали што не се отвораат или за кои долго се чека да се отворат за некоја информација поврзана со „бомбата“, огромна раздвиженост на социјалните мрежи - ова се резултатите од настанот на денот, односно прес-конференцијата на Зоран Заев, која...

Јавно обвинителство-Скопје ќе го испитува случајот на Тамара

Основното јавно обвинителство – Скопје, по допрен глас, оформи предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите, соопштија од ЈО- Скопје. - Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе почне постапка за утврдување на...

Тодоров бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на Тамара

Министерот за здравство, Никола Тодоров, бил многу разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на малата Тамара бидејќи, како што рече, направил сè за девојчето да отпатува на операција во странство, објави „Нова ТВ“. Ова министерот Тодоров го изјавил денеска на отворањето на проектот „Дисперзиран...

СДСМ обвинува за партиски вработувања во јавната администрација во Охрид

Општинската организација на СДСМ од Охрид, преку соопштение, го повика градоначалникот Никола Бакрачески да објасни зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и во јавните претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции? Од СДСМ...

Се зголемуваат стравувањата за судбината на исчезнатиот Уран Купа

Изминува и петтиот ден од исчезнувањето на 27-годишниот Уран Купа од струшкото село Велешта, а од него и понатаму нема ниту трага ниту глас. Неговите најблиски не сакаат да зборуваат многу за случајот, оставајќи ѝ простор на полицијата да истражува. Денеска не се огласија...

„Метаморфозис“: Неовластеното прислушување е неуставно и кривично дело

Фондацијата „Метаморфозис“ со соопштение искажа огромна загриженост поради јавно достапните наводи за масовно и неовластено следење на  граѓаните, остварено преку злосторничко здружување со злоупотреба на службена положба во државни институции и/или влијателни корпорации. Од „Метаморфозис“ потсетуваат дека заштитата на приватноста, вклучувајќи ја и заштитата на...

Студентите од техничките факултети ја бојкотираат наставата

Студентите од техничките факултети ја бојкотираа наставата еден ден пред седмиот пленум наречен „Автономна зона“, на кој треба да се дискутира за окупација на универзитетите. На официјалната фејсбук-страница на „Студентски пленум“ стои соопштение за бојкот на техничките факултети. „Бојкотот на техничките факултети е успешен! Ајде...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...