fbpx
Македонија Страница 1890

Македонија

Дипломатите од Иванов побарале или да посредува или да побара помош од ЕУ, а не само да гледа

Претставниците на Европската унија, ОБСЕ, НАТО и на САД апелирале до македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов посериозно да се вклучи во решавањето на политичката криза во земјата и да не биде само набљудувач на настаните, пишува бугарскиот портал „Новините“. Според дипломатите, како што наведува порталот, Иванов...

Ибраимовски: Власта нема бел образ, а не Ромите

„Сакаме слобода“, „И јас сум Ром“, Доста е дискриминација“, „Правда за Ромите“, „Оставка за Јанкулоска“... Со овие извици Ромите од цела Македонија го почнаа маршот против дискриминацијата, што, како што велат, врз нив ја врши власта. Протестот почна од спортската сала „Кале“, каде се паркираа неколку автобуси,...

Почна трката на франкофонијата во Скопје

Околу 500 учесници, денеска напладне ја почнаа Трката на франкофонијата, која ја организира Францускиот институт во Скопје, во соработка со Амбасадата на Франција, во чест на Светскиот ден на франкофонијата. Трката почна напладне од Паркот на франкофонијата, а ќе заврши кај „Скопје сити мол“. Како што...

Се чисти отпадот во кањонот Матка

Со чистење на кањонот Матка во општина Сарај, денеска почнува пролетната кампања за собирање на отпадот од сите населени места во општината. Во рамки на акцијата, на која ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, и градоначалникот на Општина Сарај, Беким...

Со танц-фестивал ќе се одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Со еднодневен инклузивен танц-фестивал под мотото „Имам можности, имам избор“, денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. На танцовиот фестивал, кој е во организација на „Трисомија 21“ – Скопје, во соработка со танцовиот клуб „Денсерс јунајтед МК“, ќе учествуваат околу стотина изведувачи...

Судијката од снимките, Софија Лаличиќ, има оцена „многу добар“

Вкупно 525 предмети сработила судијката Софија Лаличиќ откако на крајот на 2012 година станала судија во Кривичниот суд. Лаличиќ во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја слушнавме како соговорник на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во разговорот, Мијалков на Лаличиќ ѝ вели дека...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, проследено со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 15 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со слаб ветер, претежно од северозападен правец и со температура до 13...

Професори од Оксфорд ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа

Професори од Англија, од Универзитетот „Саутемптон“, Единбург, Оксфорд, ќе го истражуваат локалитетот Костоперска карпа. Како што најави директорката на Музејот во Куманово, Анита Цветановска, проектот ќе трае наредните четири години, а добил поддршка од Управата за заштита на културното наследство и од Министертвото за култура. -...

ВМРО-ДПМНЕ го претрка СДСМ со трибината во Битола

Пред да одекнат најавените „бомби“ на Заев за наводните изборни манипулации и криминали на локалните моќници во градот под Пелистер, ВМРО-ДПМНЕ ја претрка опозицијата и закажа масовен собир во Битола, денеска во 13 часот, во спортската сала „Младост“. По Скопје, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,...

СДСМ бара почитување на законите од „Дојче телеком“ и од „Маѓар телеком“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија писмено ги информираше компаниите „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ за случувањата во Македонија, од аспект на потенцијална вмешаност на раководните структури на „Македонски телеком“ и на „Ти-мобајл Македонија“ во незаконско и неетичко однесување. Во писмото, СДСМ изразува задоволство од присуството на реномираната фирма...

Путин предлага монетарна унија со Белорусија и со Казахстан

Рускиот претседател Владимир Путин им предложи на лидерите на Белорусија и на Казахстан заедно со Русија да основаат монетарна унија. - Мислам дека дојде време за разговор за идно потенцијално основање монетарна унија – рече Путин по состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко и со...

ТВ-дебати: Ги немаше, а сега нè заковаа пред екраните

Дебатите, по неколкугодишно затишје, се вратија во полна сила на телевизиите. Вчеравечер, на пример, речиси истовремено на дури пет телевизии имаше дебатни емисии - сите на иста тема: Заев, Груевски, „бомбите“, судството, кризата, образованието... На „24 Вести“ во „Вин-вин“ беше Владимир Лазаревик, на „Телма“ во „Топ-тема“ гостуваа...

Секој секого тужи – поплава од кривични пријави во Македонија

Состојбата во Македонија, која некои ја нарекуваат политичка криза, предизвика поплава од кривични пријави, особено против и за политичари, јавни личности и за новинари. Во мала земја како што сме ние, се чини дека во моментов секој секого тужи и секој секому поднесува кривична пријава. За...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заради гола борба за власт, испорача услуга на странски центри

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека СДСМ поднесува неосновани пријави. „СДСМ треба да знае дека со правдата и со вистината нема пазарење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа реакција пристигна откако заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, поднесе 21 кривична пријава за криминал при избори. „Денешната изјава на...

Карванот на ВМРО-ДПМНЕ почнува утре со народен собир во Битола

ВМРО-ДПМНЕ утре во Битола, во 13 часот, во спортската сала „Младост“, ќе одржи народен собир, кој ќе биде почеток на караванот на големи собири на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, а продолжение на минатонеделниот собир од Скопје. На собирот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обратат Никола Груевски...

Опозицијата поднесе 21 кривична пријава за изборни нерегуларности

Опозицискиот СДСМ денеска до надлежното обвинителство поднесе 21 кривична пријава, против повеќе од 17 сторители на, како што рече заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, кривични дела против изборниот процес. Според Шекеринска, пријавите се однесуваат на кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на...

Прекугранична валоризација на природното и на културно наследство на Охридско

На 25 март во Корча ќе почне реализацијата на проект за зајакнување на управувањето на прекуграничните културни и природни богатства на Охридско. Настанот го најави УНЕСКО, а дел од иницијативата за проектот беше и на Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро. На првата работилница во Корча...

Заев се сретна со Масимо Бели, амбасадорот на Италија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со Масимо Бели, амбасадорот на Италија во Македонија. Како што соопштуваат од опозициската партија, тема на разговор на средбата биле актуелната политичка криза во Македонија, нефункционалноста на државниот систем, урнисаниот правен поредок и рефлексијата на овие...

СДММ почна да издава герилски весник

„Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) почна проект за дознавање на „Вистината за Македонија“, за криминалите на власта, за нејзината забеганост и алчност. На терен, на пазарче, плоштад, на автобуска станица, за изворно да се слушнат и коментарите на граѓаните, но и да ја презентираме...

Македонците од Австралија собраа 90.000 австралиски долари за поплавените во Македонија

На донаторската акција во организација на Амбасадата на Македонија во Канбера и на Генералниот конзулат во Мелбурн за поплавените подрачја во Република Македонија, собрани се околу 90.000 австралиски долари. Како што соопштија од македонскиот конзулат во Мелбурн, во акцијата иницирана од неколку македонски иселеници, со свои...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...