fbpx
Македонија Страница 1870

Македонија

Сочниот јазик на Јанкулоска од 20. „бомба“: Тешко ѓубре, луда банда, ја не сум будала

Аудиоснимките од дваесеттата „бомба“ според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, покажуваат дека власта вработувала партиски кадри во државните институции, а министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, била прв извршител со списоци за вработување во сите области. А, тој, па, претседателот на синдикат, му е татко на еден...

Германската компанија „Техникал текстил“ почнува со работа во мај

Во Технолошко-индустриската развојна зона - Штип од мај годинава ќе почне со работа германската компанија „Техникал текстил“. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра, со која е предвидено да се отворат 1.000 нови работни места. Сопственикот на компанијата, Јанс Вендлер, денеска оствари средба со премиерот...

Јанкулоска на Мијалков: Луда банда се тие од лустрациска, ги знаеш

Во следниот разговор што денеска на прес-конференција го објави Зоран Заев, Никола Груевски зборува со Гордана Јакулоска за Воената болница. Тој ѝ објаснува дека зборувал со директорот, кој му сугерирал дека нема да може да функционира болницата ако се вработат луѓето според партиските препораки. Груевски...

Следната недела нова посета на европски претставници во Македонија

На 22 април, во Македонија ќе допатуваат членовите на работната група на Советот на Европската унија, задолжена за Западен Балкан, потврдуваат службите во Брисел. Посетата на претставниците на Советот е дополнителен знак на загриженост на ЕУ за политичката криза во Македонија, бидејќи таа е на директен...

Заев: Еве до каде одел апсурдот на партизирање на државата

„Доказите што ги објавивме досега, ги открија вистинските лица на власта. Ги откривме лицата на Никола Груевски, кој заедно со Сашо Мијалков вршел притисоци врз луѓето само за да останат на власт. Тие како крлеж се приклештиле за граѓаните само колку да останат на власт....

Со бојкотот, растат и притисоците врз средношколците

Средношколците од денеска повторно ја бојкотираат наставата во средните училишта. Од „Средношколски пленум“ велат дека бојкотот ќе продолжи сè додека Министерството за образование е глуво на нивните барања и сè додека одбиваат да се сретнат со нив. „Бојкотот, како радикална мерка, е избран поради тоа...

Осомничен во случајот „Чекан“ екстрадиран од Хрватска

Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја завршило екстрадицијата на Р.С. (40), еден од осомничените во случајот „Чекан“, а кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари. Како што информираат од МВР, Р.С. на 10 јануари...

Велигденски појадок – нова традиција во градинките „Корчагин“

Децата и родителите од градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје денеска почнаа традицијата наречена Велигденски појадок. Како што нè информираа од клон-градинката „Пепелашка“, целта е да се создаде традиција во која заеднички ќе учествуваат и децата и родителите. Децата и родителите појадуваа заедно, а негувателките и учителките атмосферата ја направија...

Денеска во 14 часот „бомба“ во Скопје

Денеска во 14 часот, во седиштето на СДСМ ќе биде презентирана дваесеттата „бомба“. Најчесто „бомбите“ ги најавува партискиот портпарол на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, но денеска, и покрај шпекулациите, Петре Шилегов сè уште нема најавено прес-конференција.  

МВР за гранатирањето на Владата: Оружјето познато, коминикеата неважни

Пет дена по гранатирањето на владината зграда на Илинденска број 2, Иво Котевски, помошникот министер за внатрешни работи, ни потврди дека стручните тимови на МВР го утврдиле типот на оружјето со кое било стрелано, но за што точно станува збор не сакаше да открие,...

СДСМ со 12 „бомби“ низ Македонија, првите во Охрид и во Штип

Презентацијата на прислушуваните разговори СДСМ ќе ја фокусира во градовите низ Македонија. Според изворите на „Мета“, в четврток дваесеттата „бомба“ ќе пукне во Охрид, каде ќе има и марш, а в сабота во Штип. - Од морето криминални активности и изборни малверзации и манипулации на ВМРО...

СДСМ в четврток со „бомба“ и со марш во Охрид

В четврток во Охрид, опозицискиот СДСМ ќе ја презентира 21. таканаречена политичка „бомба“ од проектот „Вистината за Македонија“. Ќе бидат објавени нови прислушувани разговори, кои, според најавите, ќе се однесуваат на Охрид и, главно, ќе бидат поврзани со случувања од локалните избори, по примерот на еден веќе обелоденет разговор,...

Речиси 90 отсто од Македонците се религиозни

Според истражувањето на „Вин галуп“, две третини од светската популација се смета себеси за религиозна. Во истражувањето е опфатена и Македонија, каде што 88 отсто од граѓаните рекле дека себеси се сметаат за религиозни, осум отсто се изјасниле како нерелигиозни, два отсто се атеисти, а...

Патот Прилеп – Ресен во прекин поради свлечиште

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола. На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини, сообраќајот се одвива...

Претпладне сончево, попладне дождливо

Во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со засилен северен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста, со локален краткотраен дожд и со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се...

Ципрас да ги укине црните печати за децата-бегалци од Егејска Македонија

Од денешниот Велигденски собир на децата-бегалци во штипското село Брест, Здружението на децата-бегалци „Македон“ побараа од „младиот премиер на Грција, Ципрас“ да престане дискриминацијата над македонското национално малцинство во Грција и над децата-бегалци, раселени по светот. - Имаме порака до Ципрас – да ги отвори...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ в среда повторно во Брисел

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНE в среда, вторпат ќе се сретнат во Европскиот парламент со посредство на тројката европратеници Вајгл - Кукан – Ховит, дознава телевизија „Телма“. Тактиката и преговарачките стратегии се држат во тајност и во двете партии, како и при првата...

УЧК презема одговорност за гранатирањето на Владата

Паравоената Ослободителна народна армија, во јавноста попозната како УЧК, ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата што се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“. Според весникот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од засега непознат командант Куштрими. Досега Владата беше погодена...

Аферата околу местењето на „Скопје-фест“ заглави во Обвинителството

За скандалот со местењето на телефонското гласање на фестивалот „Скопје 2014“, што се случи во ноември минатата година, на кој се избира наш претставник за песна за „Евровизија“, јавниот обвинител што го води случајот, најверојатно ќе бара нови шест месеци за финализирање. Законскиот рок до кога...

Тежок велигденски ден за Итната помош во Битола

Тежок велигденски ден поминале лекарите од Итната медицинска помош во Битола. Како ретко кога досега, амбулантата била преполна со пацинети. Граѓaните се жалеле на висок крвен притисок, главоболки, колабирањe, биле донесени паценти со мозочни удари, а денот бил фатален и за неколкумина битолчани. Средовечен битолчанец...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...