fbpx
Македонија Страница 1869

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжи да одработува за странски центри

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната „бомба“ на опозицијата за партиските вработувања, обвинувајќи го лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за извршител на сценарио чија крајна цел е дестабилизација на земјата. „Како поминува времето, Зоран Заев е сè поповршен и провиден во неговите лаги и измислици....

Нови штетни честички присутни во воздухот во Тетово

Во воздухот во Тетово се појави нов загадувач, кој повеќе месеци ги надминува дозволените граници. Се работи за озон, присутен во приземниот слој на атмосферата, чија концетрација не треба да биде поголема од 120 микрограми на еден кубен метар, а присуството на озонот во...

Што е Груевски, премиер или шеф на агенција за вработување?

Градска болница, Национален парк „Галичица“, спроведување интервјуа за работа во Управата за јавни приходи, се само мал дел од вработувањата за кои интервенирал премиерот Никола Груевски, а се објавени во разговорите од последната „бомба“ на СДСМ. За секое вработување, па дури и кога не станува...

Опожарен автомобилот на битолчанец кој на „Фејсбук“ ја критикувал власта

Ноќеска е опожарен автомобилот на битолчанецот Марјан Јовановски. Неговата „тојота“ целосно изгоре, а автомобилот на соседот е делумно оштетен. Настанот се случил на улицата Нико Фундали во Битола. Јовановски се сомнева дека опожарениот автомобил е порака до него за неговите пишувања на „Фејсбук“ како остар...

Сочниот јазик на Јанкулоска од 20. „бомба“: Тешко ѓубре, луда банда, ја не сум будала

Аудиоснимките од дваесеттата „бомба“ според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, покажуваат дека власта вработувала партиски кадри во државните институции, а министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, била прв извршител со списоци за вработување во сите области. А, тој, па, претседателот на синдикат, му е татко на еден...

Германската компанија „Техникал текстил“ почнува со работа во мај

Во Технолошко-индустриската развојна зона - Штип од мај годинава ќе почне со работа германската компанија „Техникал текстил“. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра, со која е предвидено да се отворат 1.000 нови работни места. Сопственикот на компанијата, Јанс Вендлер, денеска оствари средба со премиерот...

Јанкулоска на Мијалков: Луда банда се тие од лустрациска, ги знаеш

Во следниот разговор што денеска на прес-конференција го објави Зоран Заев, Никола Груевски зборува со Гордана Јакулоска за Воената болница. Тој ѝ објаснува дека зборувал со директорот, кој му сугерирал дека нема да може да функционира болницата ако се вработат луѓето според партиските препораки. Груевски...

Следната недела нова посета на европски претставници во Македонија

На 22 април, во Македонија ќе допатуваат членовите на работната група на Советот на Европската унија, задолжена за Западен Балкан, потврдуваат службите во Брисел. Посетата на претставниците на Советот е дополнителен знак на загриженост на ЕУ за политичката криза во Македонија, бидејќи таа е на директен...

Заев: Еве до каде одел апсурдот на партизирање на државата

„Доказите што ги објавивме досега, ги открија вистинските лица на власта. Ги откривме лицата на Никола Груевски, кој заедно со Сашо Мијалков вршел притисоци врз луѓето само за да останат на власт. Тие како крлеж се приклештиле за граѓаните само колку да останат на власт....

Со бојкотот, растат и притисоците врз средношколците

Средношколците од денеска повторно ја бојкотираат наставата во средните училишта. Од „Средношколски пленум“ велат дека бојкотот ќе продолжи сè додека Министерството за образование е глуво на нивните барања и сè додека одбиваат да се сретнат со нив. „Бојкотот, како радикална мерка, е избран поради тоа...

Осомничен во случајот „Чекан“ екстрадиран од Хрватска

Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја завршило екстрадицијата на Р.С. (40), еден од осомничените во случајот „Чекан“, а кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари. Како што информираат од МВР, Р.С. на 10 јануари...

Велигденски појадок – нова традиција во градинките „Корчагин“

Децата и родителите од градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје денеска почнаа традицијата наречена Велигденски појадок. Како што нè информираа од клон-градинката „Пепелашка“, целта е да се создаде традиција во која заеднички ќе учествуваат и децата и родителите. Децата и родителите појадуваа заедно, а негувателките и учителките атмосферата ја направија...

Денеска во 14 часот „бомба“ во Скопје

Денеска во 14 часот, во седиштето на СДСМ ќе биде презентирана дваесеттата „бомба“. Најчесто „бомбите“ ги најавува партискиот портпарол на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, но денеска, и покрај шпекулациите, Петре Шилегов сè уште нема најавено прес-конференција.  

МВР за гранатирањето на Владата: Оружјето познато, коминикеата неважни

Пет дена по гранатирањето на владината зграда на Илинденска број 2, Иво Котевски, помошникот министер за внатрешни работи, ни потврди дека стручните тимови на МВР го утврдиле типот на оружјето со кое било стрелано, но за што точно станува збор не сакаше да открие,...

СДСМ со 12 „бомби“ низ Македонија, првите во Охрид и во Штип

Презентацијата на прислушуваните разговори СДСМ ќе ја фокусира во градовите низ Македонија. Според изворите на „Мета“, в четврток дваесеттата „бомба“ ќе пукне во Охрид, каде ќе има и марш, а в сабота во Штип. - Од морето криминални активности и изборни малверзации и манипулации на ВМРО...

СДСМ в четврток со „бомба“ и со марш во Охрид

В четврток во Охрид, опозицискиот СДСМ ќе ја презентира 21. таканаречена политичка „бомба“ од проектот „Вистината за Македонија“. Ќе бидат објавени нови прислушувани разговори, кои, според најавите, ќе се однесуваат на Охрид и, главно, ќе бидат поврзани со случувања од локалните избори, по примерот на еден веќе обелоденет разговор,...

Речиси 90 отсто од Македонците се религиозни

Според истражувањето на „Вин галуп“, две третини од светската популација се смета себеси за религиозна. Во истражувањето е опфатена и Македонија, каде што 88 отсто од граѓаните рекле дека себеси се сметаат за религиозни, осум отсто се изјасниле како нерелигиозни, два отсто се атеисти, а...

Патот Прилеп – Ресен во прекин поради свлечиште

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола. На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини, сообраќајот се одвива...

Претпладне сончево, попладне дождливо

Во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со засилен северен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста, со локален краткотраен дожд и со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се...

Ципрас да ги укине црните печати за децата-бегалци од Егејска Македонија

Од денешниот Велигденски собир на децата-бегалци во штипското село Брест, Здружението на децата-бегалци „Македон“ побараа од „младиот премиер на Грција, Ципрас“ да престане дискриминацијата над македонското национално малцинство во Грција и над децата-бегалци, раселени по светот. - Имаме порака до Ципрас – да ги отвори...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...