fbpx
Македонија Страница 1838

Македонија

Тројца загинати полицајци во престрелките во Куманово, акцијата е при крај

Тројца припадници на безбедносните органи загинале во престрелките во полициската акција во Куманово која е при крај и се претресуваат последните куќи во регионот на Диво Насеље. Оваа информација ја пренесуваат медиумите од Куманово, но за неа сè уште нема официјална потврда. Според истите неофицијални извори, повредени...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми

„ВМРО-ДПМНЕ со голема загриженост ја следи безбедносната состојба, особено во Куманово, во населбата Диво Насеље. Навреме се осознаени и нашите органи навреме дејствуваат“, рече Антонио Милошоски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата упатуваат апел до сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба, на...

Стотина граѓани протестираат против полициската бруталност пред Владата и Мисијата на ЕУ

Стотина граѓани се собраа на протест против полициската бруталност пред Владата. Полицискиот кордон, составен од обични полицајци, а не специјалци, не ги пушта да поминат кон зградата на Владата. Насобраните велат дека се таму за да го изразат револтот од неразјаснетото убиство на Мартин Нешковски. Од Владата...

Русија загрижена за случувањата во Куманово, но и за протестите

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска преку соопштение изрази загриженост за случувањата во Куманово и изрази надеж дека „ситуацијата брзо ќе се нормализира и сите околности околу инцицентот ќе бидат темелно истражени“. „Ги повикуваме сите политички сили во Македонија на конструктивен дијалог, а...

ОБСЕ: Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација

Мисијата на ОБСЕ во Скопје одблиску ја набљудува безбедносната ситуација во Куманово и бара од сите засегнати да останат смирени. - Веруваме дека безбедноста на локалното население е од суштинско значење. Во постојан контакт сме со сите релевантни власти и бараме сите граѓани и политички...

ДПА: Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци

Демократска партија на Албанците апелираше до сите македонски граѓани да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и тврди дека Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци кои не се совпаѓаат со нивните методи на решавање на проблемите. „ДПА внимателно ги...

ДОМ: Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации

ДОМ изрази длабока загриженост за настаните во Куманово и им дава недвосмислена поддршка на институциите да си ја извршат својата професионална обврска и да се справат брзо и ефикасно со безбедносните закани. Партијата апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на манипулации кои водат до...

Во Куманово уште се пука, се евакуира населението од подрачјето на акцијата

Жителите на Диво Насеље во Куманово се евакуираат, а полициската акција сè уште трае. Во населбата повремено се слушаат пукотници. Приодот до населбата е затворен, освен за полициски и за возила на Брза помош. Нема официјална информација за точниот број на повредени лица или за жртви, иако...

И Србија на штрек поради ситуацијата во Куманово

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, за утре во 13 часот закажал вонредна седница на Бирото за координација на службите за безбедност, по повод денешните случувања во Куманово, пренесуваат српските медиуми. Од кабинетот на Вучиќ, но и на министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ,...

Иванов ја прекинува посетата на Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Поради полициската акција во Куманово, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ја прекинува посетата на Москва и се враќа во Македонија. Веднаш по враќањето, се очекува да го свика Советот за безбедност. Членовите на Советот од ДУИ досега не учествуваа на неговите средби, бидејќи, според нив, Иванов...

Делегацијата на ЕУ повикува на смиреност и на утврдување на фактите

Делегацијата на Европската унија во Скопје, во врска со престрелката утринава во Куманово, повикува на смиреност во јавноста и бара да се почека да бидат утврдени фактите од релевантните власти. „Делегацијата на Европската унија внимателно ги следи извештаите за полициската операција, која е во тек во...

Амбасадата на САД повикува на зачувување на мирот

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје апелира на зачувување на мирот и изрази сочувство за загинатите и за повредените во полициската акција во Куманово. „Длабоко жалиме за загубата на животот на луѓето во полициската акција во Куманово и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на полицајците...

МНР на Косово апелира на воздржување

На акцијата на МВР во Куманово, реагираше и Министерството за надворешни работи на Косово. - Ги следиме со внимание вестите од Македонија за насилните инциденти на некои локации, според кои има извештаи за жртви. Република Косово остро го осудува нарушувањето на редот и на безбедноста од...

Заев: Црното сценарио нема да успее, протестите да мируваат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и на присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликт и дестабилизација на Македонија, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вонредната прес-конференција по утринската акција на МВР во Куманово. - Го повикувам...

МВР за акцијата во Куманово: Терористите планирале напади врз државни институции

Акцијата во Куманово е преземена заради разбивање поголема добро вооружена и обучена терористичка група, која планирала напади на државни институции, рече помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски, на денешната вонредна прес-конференција по утринската акција на безбедносните сили во Куманово, во која, како што јавуваат медиумите,...

Пивоваров од Куманово: Овде како да се води војна, но граѓаните се сплотени

Тројца загинати полицајци, жена и дете се последните информации од денешната полициска акција во Куманово, соопштил на прес-конференција кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски - Циц, јави „24 Вести“. Како што рече Дамјановски, овие информации се неофицијални и истите ги добил „од новинари и од мештани“. Состојбата во...

Ете зошто го преместиле конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше закажан за дeнеска во Куманово

За денеска во Куманово првично беше планирано да се одржи конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој беше поместен една недела порано поради, како што објави „Мета“, „безбедносни и оперативни цели“. Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираа дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано...

Нови пукотници и детонации во Куманово, се зголемува бројот на повредени

Полициската акција што утрово почна во Куманово, за, како што велат од МВР, ликвидација на вооружена група, сè уште е во тек. Според новинарските екипи кои се на терен, од кумановско Диво насеље, каде се одвива полициската операција, сè уште се слушаат истрели и детонации. Според последните...

Клинички центар затворен за новинари

Репортерот на „Мета“ јавува дека Клинички центар, каде што се префрлени неколкумина повредени полицајци по вооружената престелка во Куманово, е забранет влез за новинари и не се даваат официјални информации за бројот на повредени. Се забележува зголемено присуство на полициски службеници. Директорот на центарот вели дека нема...

Кривични пријави за 11 учесници на протестите

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека примило две кривични пријави од МВР, поднесени против вкупно единаесет лица. По првата кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против девет лица, за учество во толпа што ќе спречи...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...