fbpx
Македонија Страница 1833

Македонија

Твитер-реакции: Денеска ја видовме желбата за слобода

Протестот „Граѓаните за Македонија“, кој помина мирно и без инциденти, наиде на поддршка од твитер-заедницата. Слики и објави со информации и со цитати од говорите на излагачите се твитаа во реално време. Таман ќе си речеш ах колку убав народ живеел тука и утре ќе го...

Заев со граѓаните што остануваат пред Владата

По големиот протестен митинг, планирано е повеќе од 4.000 граѓани и активисти да останат да спијат во камп пред Владата и да го продолжат протестот сè додека премиерот Никола Груевски не си поднесе оставка. По говорите, активистите вадат шатори, душеци, вреќи за спиење и ќебиња...

250 битолчани се пријавиле да ноќеваат пред Владата

Повеќе од 250 битолчани ноќеска остануваат пред Владата во Скопје. На повикот на опозицијата во општинската организација на СДСМ во Битола, првично се пријавиле околу 200 приврзаници и симпатизери на опозицијата, но по денешниот протест во Скопје, уште педесетина битолчани пројавиле желба ноќеска да...

Шилегов: Остануваме пред Владата

И кога ќе се расчисти метежот, остануваме тука - изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, за „Мета“. Тој додаде дека наскоро ќе се постават бини и сцени. Заврши официјалниот дел од протестот кој се одржа пред Владата, а го организираа граѓанските организации и опозициските партии. Неофицијална бројка...

Заев порача од протестот: Груевски не одолговлекувај, заврши твоето, оди си!

„Дојдовме по нашата иднина. Испраќам конкретна, јасна порака во име на сите нас овде, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, од различни страни на Македонија, од различни граѓански здруженија, сојузи и разни политички партии. Груевски не одолговлекувај и самиот гледаш дека твоето заврши. Оди...

Европратениците побараа враќање на демократијата

Активистката Марија Џонс „на сите неопределени и на сите што се парават наудрени“ им упати порака дека улицата сама ќе им покаже дека не живееме само во политичка криза туку во длабока општествена криза. - Треба да ги вратиме институциите. Ќе бараме укинуваме на неправедните закони -...

Светските медиуми јавуваат за масовноста на митингот на „Граѓаните за Македонија“

„Македонија протестира: Антигруевски протести во Скопје“, „Проблематичната Македонија се подготвува за најголемите опозициски протести“, „Илјадници протестираат против контроверзната македонска влада“, „Повеќе од 20.000 лица бараат оставка од македонската влада“ се насловите на светските медиуми што денеска информираат за масовниот митинг на „Граѓаните за Македонија“. Британската национална...

Сарачини: Во оваа држава граѓаните се царевите

Кога ве гледам вас, и мене ми тече низ ногавици, не само на пастирот и на началниците, истакна активистот Петрит Сарачини на протестот на СДСМ во Скопје. - Еве ги граѓаните заедно тука, пред шам-питата на Груевски. Честопати кога разговарам на оваа тема, го читам...

Милчин: Дојдовме да ја ослободиме слободата

Македонијo, мајко милa, дали гледаш колку многу луѓе те сакаат денеска и овде, рече режисерот и директор на Фондацијата „Отворено општество - Македонија“, Владимир Милчин, на денешниот собир „Граѓаните за Македонија“ и побара оставка од премиерот и од цела влада. - Никола Груевски, душману наш, дали...

Димитров: Денеска имаме состанок со историјата

На присутните на протестот им се обрати и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тој им порача на граѓаните дека е време да се направи избор: или оваа власт или Македонија. Димитров рече дека денеска е денот да се стават темелите на идната Македонија. -...

Дерала, Јаневски и Најчевска: Народот денеска дојде по своето

Дојдов да им порачам на тие што читаат вицеви од говорница, што пејат од говорница, тоа да го прават в затвор, рече во продолжението на масовниот граѓански протест пред Владата активистот Џабир Дерала. - Никој не се плаши од ’рѓосаната сабја. Народот денеска дојде по своето....

Станишев и Ховит пристигнаа на протестот

На протестот во Скопје пристигнаа и европратениците Сергеј Станишев од Бугарија и Ричард Ховит од Велика Британија. Илјадници граѓани се собраа пред Владата на протестот „Граѓаните за Македонија“. Се очекува пред граѓаните да се обрати и Станишев, а завршнот збор ќе го има лидерот на...

Бараме да си одат затоа што крадат, манипулираат и го тероризираат народот

Оставки и конечна слобода на македонскиот народ бараат граѓаните што денеска се собраа во Скопје да протестираат. - Доаѓаме од Куманово, од местото каде што направија војна за да ги задоволат своите болни умови. Бараме да си одат, но не да земаат сè со себе за да...

„Студентски пленум“ и „Протестирам“ маршираат кон Владата

„Студентски пленум“ и грѓаните и активистите од здружението „Протестирам“, кои се собраа на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и пред Основниот суд Скопје 1, тргнаа кон Владата, централното место на кое ќе се одржи митингот на „Граѓаните за Македонија“. Демонстрантите од „Студентски пленум“...

Река луѓе се слеваат низ Партизанска

Граѓани кои сакаат да дадат поддршка на денешниот митинг „Граѓаните за Македонија“ со автобуси пристигнаа од другите градови. Повеќе од дваесет автобуси од Куманово, Прилеп, Тетово, Гостивар се паркирани долж булеварот 8 Септември, како и на булулеварот Партизански одреди и спроти комплексот на „Ми-Да“. Граѓаните со транспаренти...

Голем број граѓани Албанци од Полошко тргнаа кон Скопје на протест

Повеќе од 2.000 граѓани од полошкиот регион му дадоа поддршка на граѓанскиот протест, кој попладнево ќе се одржи во Скопје. Голем дел од нив беа припадници на албанската етничка заедница. Околу триесетина автобуси од две приватни фирми тргнаа кон Скопје, а останатите учесници на протестот...

Обезбедени 20 тони вода за митингот на опозицијата

Граѓани  почнаа да се собираат за митингот на опозицијата, кој за еден час треба да почне пред Владата. Според информации од СДСМ, за следење и за известување од митингот акредитирани биле повеќе од 150 новинари од земјата и од странство. За граѓаните  се обезбедни околу 20 тони...

Митингот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи утре, во 20 часот, пред Собрание

Ивица Коневски, градоначалникот на општина Аеродром, денеска на прес-конференција од име на сите градоначалници ги повика скопјани да се приклучат на собирот, кој партијата ќе го одржи утре, во 20 часот, пред Собранието. - Собирот в понеделник ќе упати неколку јасни пораки: Македонија е нашата татковина...

Котевски: Ангажиравме „соодветен број“ полицајци за протестот

„Соодветен број полициски службеници“ ќе бидат ангажирани  од Министреството за внатрешни работи (МВР) за обезбедување и за одржување на редот и на мирот на денешниот голем митинг во Скопје, изјави за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски. На булеварот Партизански одреди...

Полициски контроли за битолчани кои патуваат преку Кичево за Скопје

Полициски понтроли ги проверуваат возилата на битолчани кои преку Кичево патуваат за Скопје на големиот граѓански протест. Според Васко Ковачевски, лидер на СДСМ во Битола, битолчани кои со автомобили заминале преку Демир Хисар и Кичево за Скопје, биле застанувани од полициски патроли и им биле...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...