fbpx
Македонија Страница 1781

Македонија

Предлог: Учебната година да почне на 15 септември

Охриѓани предлагаат, по примерот на некои од соседните држави, почетокот на учебната година да биде на 15 септември. Со тоа ќе се продолжи и туристичката сезона, велат туристичките работници од Охрид, а слично мислат и во Струга. И двата крајезерски града деновиве го живеат шпицот на...

Нестабилно време со услови за пороен дожд и за грмежи

Од УХМР најавуваат нестабилно време со пороен дожд и со грмежи, особено во западните и во јужните делови на земјава. Не е исклучена и изолирана појава на краткотрајно невреме со засилен ветер и ретка појава на град. Максималната температура денеска се движи од 31 до 38...

Невремето предизвика проблеми со електричната енергија

Дожд, засилен ветер, грмотевици, силно невреме денеска го зафати Скопје. Невремето што трае повеќе од половина час предизвика чести прекини на електричната енергија, како и поплави. Сообраќајот во градот се одвива отежнато. На прекини на електричната енергија се жалат жителите на Карпош, Аеродром и на Сопиште.

Полицијата изнесе повеќе детали околу вчерашното убиство во Струга

Поради постоење основи на сомневање за сторени убиства и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К. (23) од струшкото село Велешта. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера околу 13.15...

ВМРО-ДПМНЕ: Од соопштението на СДСМ се гледа дека Заев е исплашен

Соопштението на СДСМ е само признание дека Зоран Заев планира да се избере обвинител кој треба однапред да му гарантира позитивна разврска на судскиот процес за случајот „Пуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа сооопштение само ги потврди сомневањата на медиумите дека Зоран Заев целокупните преговори ги...

СДСМ: Груевски призна страв од специјалниот јавен обвинител

Никола Груевски денеска јасно призна дека случајот „Пуч“ е политички монтиран и призна страв од новиот специјален јавен обвинител, реагираат од СДСМ. „Од СДСМ велат дека партиското гласило на Груевски, „Курир“, тврди дека „На Заев му е потребен специјален јавен обвинител да го ослободи од Пуч“....

Убиството на Асани – одмазда за убиениот телохранотел на Села

Полицијата соопшти дека го уапсила братот на убиениот телохранител и возач на струшкиот градоначалник Зијадин Села за убиството на заменик-директорот на УЈП, Аргетим Асани. Вчера на социјалните мрежи, а потоа и во изјава за медиумите, таткото на приведениот Абудлај Купа рече дека неговиот син се...

Одбележани 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија денеска делегации на Градот Скопје, на Владата,  Собранието, Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии и од сите општини на Град Скопје, дипломатскиот кор во Македонија, како и од здруженија на граѓани и други...

Тројца полицајци добиле отказ

Внатрешната контрола на МВР минатата недела работела на преставки против 12 полицајци кои имале пропусти во работењето и на тројца од нив им врачила отказ, соопштија од Министерството. Седум полицајци се казнети со намалена плата, а еден бил писмено предупреден.

БИРН: За „Скопје 2014“ потрошени се повеќе од 567 милиони евра

Најмногу пари за проектот „Скопје 2014“ потрошиле Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи на Владата, бидејќи тие се јавуваат како инвеститори на најкрупните објекти како што се: Музејот на ВМРО, Стариот театар, Уставниот суд, Македонската филхармонија и новиот изглед на...

Утре ќе се одржи нов состанок на работната група за ДИК

Членовите на работната група за Државната изборна комисија (ДИК) утре повторно ќе седнат на маса. Тема на разговорите, како и на првиот состанок, ќе бидат измените на законите поврзани со изборите, составот на ДИК и избирачкиот список, а можно е утре првпат да се отвори...

Денеска времето ќе биде сончево со мала облачност

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и на грмежи. Повремено ќе дува умерен ветер од северен превец, особено долж Повардарието. УВ-индексот ќе изнесува 8.

ДУИ: Асани не е член на нашата партија и неговото убиство не е поврзано со тоа во Куманово

ДУИ го осудува последниот инцидент во Струга во кој животот го загуби Аргетим Асани (Артан Муслиу) заменик-директор на УЈП во Струга и истакнува дека тој не е член на ДУИ и дека неговото убиство не може на ниту еден начин да се поврзе со...

Спасовски и камперите од пред Влада на еднодевна дружба во Маврово

Општинската организација на СДСМ Маврово и Ростуше, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, реализира еднодневна средба и дружење со граѓаните што 60 дена кампуваа пред Владата на Македонија, соопштија од СДСМ. Како што велат од партијата, целта на оваа средба е дружење и продолжување...

Функционерот на ДУИ, Агретим Асани попладнево е убиен во Струга

Со пет куршуми попладнево во Струга е убиен функционерот на ДУИ, Агретим Асани, заменик-директор на регионалниот центар на УЈП во Струга, објави весникот „Лајм“. Како што пишува весникот, тој се сметал за близок со вицепремиерот Муса Џафери. Не се познати сторителите на ова убиство, ниту точните мотиви. Од...

За 12 часа пожарникарите во Куманово изгасиле пет пожари

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека противпожарната единица во Куманово имала пет интервенции. Во Липково гореле околу 20 хектари сува трева и мал дел нискостеблеста шума. Пожарот бил изгаснат во 20 часот, информира денеска РЦУК- Куманово. Овој пожар час и половина го гаселе петмина...

Хан: Договорот од Пржино мора да се спроведе во целост и без одложување

„Дозволете да бидам кристално јасен: Европската унија (ЕУ) не посредуваше за краткорочен договор за стабилизација. Нашата цел е да ѝ помогнеме на земјата на нејзиниот евроатлантски пат и во зацврстувањето на демократијата, отворенотo општество и на владеењето преку избори и одржливи реформи“, пишува еврокомесарот...

500 граѓани се пријавиле во советувалиштата за откажување од пушење

Од јуни 2014 до јуни 2015 година, во Центрите за јавно здравје, 500 лица се пријавиле во советувалиштата за откажување од пушење. Половина од пријавените, кои ги посетувале едукативните предавања, биле здравствени работници. Советувалиштата се достапни  за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во...

И денеска сончево со температура до 38 степени

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Во западните делови се очекува краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од 13 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 31 до 38 степени. Во Скопје...

Апелација за случајот „Изгрев“: Предметот се враќа на повторно судење

Апелацискиот суд Скопје денеска до скопскиот кривичен суд ја доставил одлуката со која делумно се укинува пресудата за случајот „Изгрев“ и предметот се враќа на повторно судење, соопштија од судот. „Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја достави пресудата со која...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...