fbpx
Македонија Страница 1778

Македонија

Преговорите во Пржино биле недипломатски и брутални

По потпишувањето на договорот од Пржино, европските дипломати полека се отвораат. Ноќта била напорна, раскажуваат, а претставниците на европските институции употребиле „брутален“ јазик за да им стават до знаење на четворицата потписници дека „ова е крајна шанса“, вели дипломатски извор од една европска институција...

Армијата ќе ѝ помага на полицијата околу транзитот на мигрантите

Македонската армија ќе ѝ помага на полицијата во обезбедувањето на граничните појаси и на коридорот 10 по кој транзитираат илегалните мигранти преку територијата на земјата, соопшти претседателот и врховен командант, Ѓорге Иванов, при денешната посета на граничната линија со Грција. Иванов истакна дека помошта на...

Опозициската коалиција го поздрави постигнатиот политички договор

Коалициските партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседателите на партиите што се придружија на опозициската коалиција, одржаа состанок на кој едногласно го поздравија постигнатиот договор за надминување на политичката криза во земјата. „На состанокот беше заклучено дека создавањето преодна влада без Никола Груевски, која...

Јавното обвинителство е нетранспарентно, а специјалниот обвинител во најава – нејасен

Граѓанските здруженија организирани во платформата за борба против корупцијата, реагираат на нетранспарентниот и игноратски однос на Јавното обвинителство околу прашањата за истрагата за наводните злоупотреби, незаконити постапувања и корупцијата и нарушувањето на човековите права што произлегуваат од прислушуваните разговори, кои опозицијата ги објави изминатиот период,...

Во Охрид се одбележува 20-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи со Израел

Со отворањето на израелски филмски фестивал и со изведбата на театарската претстава „Нашиот клас“ во Охрид, почнува одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Израел, кое ќе трае од денеска до 21 овој месец, во неколку градови низ земјава. На 19 јули...

НСДП: Ако договорот се почитува, шансите за фер избори се колку-толку реални

Постигнатиот договор за надминување на политичката криза може да биде добра шанса и моќно оружје во рацете на демократски определените и слободољубиви граѓани за доаѓање до конечната цел – слободни и фер избори, на кои треба да се порази диктатурата на Никола Груевски, оцени...

МВР: Разбиен најпопуларниот сајберкриминален форум „Даркод“

Во заедничка акција на полициите и на судските власти од повеќе земји од светот, меѓу нив и екипа на македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), оваа недела бил разбиен сајберкриминалниот интернет-форум „Даркод“ и биле откриени лицата што стојат зад форумот и според сознанијата се товарат...

Кампот пред Собранието останува, се чека одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

„Чуварите на демократијата“ од кампот во паркот Жена-борец спроти Собранието сè уште ја чекаат одлуката на партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ, по што ќе знаат дали ќе се повлечат како активистите од спротивниот табор, кои денеска ги кренаа шаторите од „Кампот на слободата“ пред Владата. Во кампот...

ВМРО-ДПМНЕ: Саше Ивановски е само алатка на други лица

Срамна е реакцијата на ЗНМ по денешната снимка со која се виде дека Саше Ивановски е само алатка на други лица, кои му даваат насоки и го стимулираат од себе да прави тоа што го прави, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „За осуда е тоа...

Верушевски доби три години затвор

Поранешниот дикректор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, доби затворска казна од три години за неодозволено поседување оружје. „Ценејќи ги фактите и доказите приложени од Основното јавно обвинителство и од одбраната во предметот, како и со детална анализа на завршните зборови на странките,...

„Новинарски пленум“ протестираше за поддршка на Саше Политико

„Новинарски пленум“ со протест пред Владата изрази поддршка на нападнатиот новинар Саше Ивановски. Претставниците на пленумот изразија револт и згрозеност од постапката на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. Тие сметаат дека Ивановски има право на активизам и на свој израз на дејствување и не заслужува физички...

Нови 587 мигранти добиле потврди за барање азил

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на 587 странски државјани, кои илегално влегле на територијата на земјава. Според МВР, од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита на...

СЕММ го осуди нападот врз Саше Политико: Очекуваме Пешевски да си поднесе оставка

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска преку писмено соопштение го осуди физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот и уредник на порталот „Мактел“, Саше Ивановски. Од Советот велат дека очекуваат вицепремиерот Пешевски да си поднесе оставка „како чин на преземање одговорност...

ЗНМ: Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка

Здружението на новинарите на Македонија силно го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски од вицепремиерот Владимир Пешевски, со кој е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар. Од ЗНМ велат дека насилството против новинарите во едно демократско општество, е насилство против слободата...

Обука за поголема безбедност на вода по британски стандарди

Црвен крст од Охрид, под водство на инструктори за безбедност на вода од „Операција Флориан“, од Велика Британија, во водите на Црн Дрим во Струга и во Охридско Езеро, спроведе обука за спасување и за извлекување давеници од брзи води. Центарот за безбедност на вода...

Обединети пензионери го поздравуваат постигнатиот политички договор

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) го поздравува постигнатиот политички договор со кој конечно се создаваат основни претпоставки за почнување на политичката и правна разврска на кризата создадена од автократскиот начин на владеење на власта. Во партиското соопштение се додава дека кризата...

Сончево и топло со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со висока дневна температура. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје се очекува слично време, со максимална дневна температура од 35 Целзиусови степени. Вредноста на УВ-индексот...

Се растура кампот пред Влада

Во тек е растурање на „Кампот на слободата“ откако синоќа лидерот на опозицијата, Зоран Заев, им се заблагодари на камперите, оддавајќи им признание за нивната истрајна поддршка во борбата. Поголем дел од кампот е растурен, дел од шаторите се подигнати, инвентарот е подготвен за носење,...

Заев на камперите: Покажавте како диктатор може да падне без капка крв

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, вечерва се обрати на граѓаните во „Кампот на слободата“ пред Владата. Тој на камперите им изрази „благодарност за истрајноста и за решителноста во битката за враќање на слободата и на демократијата“ во земјата. Вечерва кампот се затвора. - Го даваме овој простор...

Пешевски на „Фејсбук“: Жалам за денешниот тек на настаните

„Мојата денешна постапка беше водена од одбранбениот инстинкт, емоциите и од крајно негативното искуство со лицето Саше Ивановски. И покрај тоа што целата ситуација беше испровоцирана, сепак мојата реакција беше пресилна“, стои во реакцијата на вицепремиерот Владимир Пешевски, објавена на неговиот фејсбук-профил, за денешениот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...