fbpx
Македонија Страница 1679

Македонија

Вечерва сите мерни станици покажуваат многу високо ниво на аерозагадување

Многу висока концентрација на канцерогените ПМ10-честички вечерва е измерена на речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Мерните станици во Центар, Карпош, Гази Баба, Ректорат, Битола 1, Кичево, Тетово, Велес, Кочани и во Кавадарци покажуваат многу високо ниво на загаденост,...

ВМРО-ДПМНЕ: Единствен проблем за влез во НАТО е проблемот со името

Нема граѓанин во Република Македонија што досега не се увери дека единствен проблем поради кој Република Македонија не е полноправна членка на НАТО е проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име, велат од ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ за членството на Црна Гора...

Тетово го задушија ПМ10-честички и азот диоксид

Изминатата ноќ во Тетово беа измерени екстремни концетрации на штетни честички ПМ10 во воздухот, кој беше загаден 16 пати повеќе од дозволената вредност. И дозволената концетрација на гасот азот диоксид беше двапати надминатa. - Гасот азот диоксид е директно поврзан со издувните гасови на возилата....

Селмани: СДСМ предлага решенија што водат кон поголема партизација и политизација

Здружението на новинари на Македонија не е во војна со никого. Проблемот на СДСМ е што не им се допаѓаат предлозите на ЗНМ за вистински реформи на медиумскиот систем, вели претседателот на новинарското здружение, Насер Селмани, на прашањето дали навистина има војна помеѓу СДСМ и ЗНМ...

УПОЗ и Здружението на судска администрација за утре најавија штрајк

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација за утре од 10.30 до 12.30 часот најави предупредувачки штрајк, преку кој ќе побараат измени во Законот за судска служба, пишува „Вест“.  Од УПОЗ и од Здружението за...

СДСМ: Додека Црна Гора чекори напред, Македонија со Груевски стои во место

Дебаклот на економските политики на Никола Груевски е проследен и со уште еден пораз на меѓународен план, реагираат од СДСМ. „Министерскиот совет на НАТО донесе одлука Црна Гора да биде поканета за нова членка на Алијансата. СДСМ им честита на граѓаните на Црна Гора за...

Иванов: Состојбата на јужната граница е високоризична

„Во моментов има 110 македонски граѓани кои се во Сирија, 69 се вратени, а досега 25 го загубиле животот. Наместо полицијата да ги користи ресурсите за следење и за превенирање на можни непосакувани акти од такви лица, нашите ресурси се на границата, да се...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да дише поради воздухот на нивната тоталитарна реторика

На обвинувањата од опозицијата дека власта е одговорна за загаденоста на воздухот, од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат СДСМ, што тие презеле за подобрување на квалитетот на воздухот кога имале можност за тоа. „Недостигот од воздух кај СДСМ е директно поврзан со ефектите на нивните фашистички предлози за Законот...

Хронологија: Како преговорите за медиумите завршија во ќор-сокак

Откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ги напушти преговорите на политичките партии за медиумите, непознато е дали и кога ќе продолжат разговорите. Сите партии потписнички на Договорот од Пржино чекаат повик од белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, за повторно да се соберат во Клубот на пратениците. Добра волја се очекува...

Од 19 јуни до денеска низ земјава поминале 300.000 мигранти

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.695 мигранти, од кои 1.190 се сириски државјани, 979 се од Авганистан, а 536 се со потекло од Ирак. Според податоците на МВР, од 19 јуни...

СДСМ: На локацијата на „индустриската зона Мауцкер“ има само депонија

„Никола Груевски во деновите пред своето заминување ги употребува последните фантазии за инвестиции, зони, вработувања од неговиот виртуелен свет. Виртуелните инвестиции, зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре“, обвини СДСМ. „Деновиве Груевски мафта со договори, дека на земјиштето на военото стрелиште...

Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ

Делегација предводена од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утре и задутре ќе учествува во работата на 22. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Белград, Србија. На состанокот, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во...

Скопје, Тетово и Битола два дена дишат само отров

Најалармантни податоци за загадувањето во Македонија се од мерната станица во Тетово, каде во 9 часот утрово се измерени 516 микрограми или десетпати повеќе од дозволеното, а во текот на ноќта максималното ниво изнесувало 833, пишува на страницата на која се објавуваат податоците за загаденост. Рекордот...

Преговорите за медиумите висат, се чека Ванхауте да ги свика учесниците

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за проблемите во медиумите денеска нема да продолжат, откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ја напушти средбата во Клубот на пратениците во Скопје, дознава „Мета“. Според нашите информации, од канцеларијата на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте до партиите било доставено...

Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

На последната седница на Советот на Град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побарал од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување субвенции – дотации, за преземање мерки и активности од страна на Градот за поголема заштита на...

Денеска ќе бидат засадени три милиони дрвца

Под мотото „Засади успех“, денеска на повеќе од 100 локации на целата територија на Република Македонија ќе се одржи 16. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, во рамките на која ќе бидат засадени три милиони дрвца на 930 хектари земјиште. Како што информираат...

Денеска променливо облачно со повремени сончеви периоди

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи од -2 до 5 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме граѓаните и медиумите да бидат жртви на тоталитарната идеологија на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи СДСМ да ја узурпира и да ја укинува слободата на медиумите и да дејствува спротивно на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и за слобода на информирање, стои во реакцијата на владејачката партија по денешната изјава на...

Од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија преговорите за медиумите, Ванхауте ги чека да се вратат

Набргу по почнувањето, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги напуштиле преговорите за регулација на работата на медиумите. Од извори блиски до преговарачките групи дознаваме дека партијата на власт ги напуштила преговорите затоа што некои од работите кои ги кажал белгискиот олеснувач тие ги сфатиле лично иако...

Усвоен деловникот на Анкетната комисија за прислушувањето, Шилегов нема да има двоен глас

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето со 12 гласа „за“, еден воздржан и еден кој не гласал, го усвоија деловникот за работа. Претседателот на комисијата, Петре Шилегов, информираше дека членовите успеале да ги надминат сите несогласувања и дека наредната седница ќе се одржи...

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...