fbpx
Македонија Страница 1626

Македонија

Поднесено обвинение против полицаец кој нудел поткуп на сведок на Јанева

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција поднело обвинение против вработен во Министерството за внатрешни работи, осомничен дека му нудел поткуп на лице за да се појави како сведок пред суд и да даде одреден исказ, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тој, според Обвинителството,...

Трибина на тема „10 години заробена македонска држава“

Државната власт која управува со Македонија на недемократски начин го држи целото општество под заложништво, сметаат учесниците на трибината што се одржа во Тетово, под наслов „10 години заробена македонска држава“. Говорниците истакнаа три столба кои, според нив, се виновни, за како што го нарекоа,...

Аневски: Јанева прекршила закони и брутално ги избркала двете обвинителки

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ги прекршила Законот за јавни обвинители и Законот за работни односи и на брутален и непримерен начин ги отстранила двете обвинителки од нејзиниот тим, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Патер Аневски, по денешната седница на советот на...

За 24 часа во Македонија влегле 2.173 бегалци

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.173 бегалци и мигранти, од кои 889 од машки и 446 од женски пол, како и на 837 деца што го придружуваат носителот на потврдата...

ССНМ и ЗНМ: СДСМ да ни го достави предлог-законот за медиуми, да видиме за што се залага

„Според информациите од медиумите, се стекнува впечаток дека СДСМ бара санкционирање на новинари и на медиуми за непочитување професионални стандарди. Затоа бараме оваа пртија да ни го достави својот предлог-закон, а во спротивно тоа ќе го побараме од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат...

Имаме 1,8 милиони гласачи на 2 милиони жители, 20.000 повеќе од 2014 година

Бројот на гласачи од парламентарните избори во 2014 година до декември минатата година се зголемил за речиси 20.000 граѓани. Ако во 2014 година имало 1.780.000 гласачи, сега тој број, според информации од ДИК од последното ажурирање на списокот во декември минатата година е 1.800.011. Според процената на населението...

Во Собранието ќе се одржат четири комисиски седници

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за одбрана, Националниот совет за евроинтеграции и Законодавно-правната комисија. Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, а Комисијата за одбрана...

Попоски на неформален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска и утре во Амстердам ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, на кој се поканети и земјите-кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Албанија, Црна Гора,...

Бакојани до Коѕиас: Дали знаете дека ЕУ ќе даде пари за Македонија да се справи со бегалците?

Поранешната шефица на грчката дипломатија и моментално одговорна за надворешна политика во Нова демократија, Дора Бакојани, активираше нов аларм за можно исклучување на Грција од шенген-зоната. Бакојани испрати пратеничко прашање до грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, околу информациите дека Европската унија планира финансиска...

Селмани: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се здружија за да го минираат предлогот на Ванхауте

Ниту законот предложен од СДСМ не е прифатлив за Здружението на новинари на Македонија. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги здружија напорите да го минираат предлогот на европскиот посредник Питер Ванхауте, за реформа на медиумскиот систем. Тој на својот фејсбук-профил напиша...

Времето денеска студено и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, со засилен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 70 километри на час. За време на викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. До понеделник ќе преовладува стабилно време со...

Продолжуваат блокадите на грчките земјоделци

Грчко-македонската граница ќе биде блокирана и денеска. Грчките земјоделци ќе ги блокираат премините Евзони и Дојран од 12 до 14 часот и 18 до 21 часот по грчко време. За утре земјоделците се закануваат со 24-часовна блокада на патиштата и на границите од пладне в сабота до пладне...

САД ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги поддржи Катица Јанева и ДИК

Кејт Брнс, претставничка на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, ја повика ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на специјалната обвинителка во сите фази на нејзината работа, објави „НоваТВ“. „САД ги поздравува напорите за примена на Договорот од Пржино кој е најдобриот пат...

Заев: Има докази дека „врхушката на власт“ ги организирала кумановските настани

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва пред жителите на скопската населба Капиштец, меѓу другото, рече дека има сериозни докази дека кумановските настани од 9 и од 10 мај минатата година ги организирала „врхушката на власт“. „Кумановските настани имаат оставено сериозни докази дека врхушката на власт...

Поповски: Предлог-законот на СДСМ за медиумите е нашата „црвената линија“

Опозицискиот СДСМ нема да отстапи од своите позиции околу предлог-законот за медиуми што вчера им го достави на другите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Според Роберт Поповски, член на преговарачкиот тим на СДСМ, тоа е нивната црвена линија во преговорите за регулацијата...

Со силно обезбедување, затвореник бил донесен на распит кај Катица Јанева

Лице што во моментов е на издржување затворска казна попладнево било на распит во Специјалното јавно обвинителство, потврди за „Мета“, портпаролката на обвинителството, Ленче Ристовска. Доцна попладнево, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, пред зградата каде се сместени канцелариите на Катица Јанева, беа паркирани неколку полициски возила. -...

Укинато намалувањето на поведението на средношколката поради објавата на „Фејсбук“

Наставничкиот совет на училиштето „Кочо Рацин“ во Велес, на вонреден состанок едногласно ја укинал одлуката за намалување на поведението на средношколката Илина Димовска, пишува Радио МОФ. Состанокот бил одржан на 29 јануари, ден по објавата на голем дел до медиумите за случајот со средношколката. Имено, на средношколката Димовска ѝ...

Димовски: Предлогот на СДСМ за медиумите е „Гаргамел-закон“

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлог-законот за медиуми кој СДСМ вчера го предложи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, овој закон е противуставен, неевропски и го нема во ниту една држава во светот. - Со законот...

4.200 лица минатата година заболеле од рак

Минатата година, според Универзитетската клиника за радиотерапија, нови 4.200 лица заболеле од рак во Македонија. Оваа болест е втора причина за смрт во Македонија, односно во 19 проценти од смртните случаи причината е канцерогено заболување. Прва причина за смрт во државата се болестите на циркуларниот систем. Најзастапен...

Европарламентот усвои резолуции за Србија и за Косово

Европскиот парламент усвои резолуции за Србија и за Косово. Во резолуцијата за Србија се повикува Белград што поскоро да ги отвори клучните поглавја 23 и 24 во преговорите за членство во ЕУ и се поздравува напредокот во нормализацијата на односите со Приштина. Исто така,...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...