fbpx
Македонија Страница 1625

Македонија

До вторник ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни за предлогот на СДСМ

Најдоцна до вторник ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на понудата на СДСМ за заемно повлекување на амандманите од преостанатите две нерешени прашања -медиумите и прочистувањето на избирачкиот список. Имено, пред почетокот на синоќешната средба на работните групи, СДСМ на владејачката партија ѝ предложи забелешките што ги имаат...

МВР вчера издало потврди на 1.404 бегалци

Во изминатите 24 часа, издадени се вкупно 1.404 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан - 545, од Сирија се 508, а од Ирак - 351 лице. Од...

МТВ објави оглас за уредник на информативната програма

Македонската радио-телевизија денеска објави оглас за уредник на информативната програма на првиот програмски сервис. Како главни услови за ова работно место се посочуваат: високо образование, пет години работно искуство во новинарството, активно служење со еден светски јазик, самостојно работење со компјутерски програми потребни за извршување на...

Каде ни се посредниците: Хан во Јордан, па во Либан, Кукан во Уганда, Ванхауте и Ховит во Брисел

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, се очекува да ја посети Македонија во средината на февруари, но од неговиот кабинет сè уште не го соопштуваат официјалниот датум. Тој денеска е во Аман, Јордан, каде што ќе се сретне со премиерот Абдула Енсур,...

„БТ-токсик“: Документарец за загадениот воздух во Битола и за последиците по здравјето

Доколку државата инвестира во стандардизација на индустриските капацитети и на другите загадувачи, тоа ќе ја чини помалку отколку да вложува во здравството и во санирање на последиците од загадениот воздух. Ова е една од поентите на документарниот филм „БТ-токсик“, посветен  на загадениот воздух во...

Паника кај рибарите и екологистите: кинески крап – толстолобик во водите на Охридско Езеро

Во Охрид подолго време се зборува дека во водите на езерото егзистира некаков вид крап кој не е автохтон, а лаичкиот свет го нарекуваше кинески. Сега и научниците од Хидро-биолошкиот институт од Охрид, еколозите, како и рибарите од СРД „Св. Апостол Петар“ го кренаа...

Прва седница на Анкетната комисија за аферата со личните карти

Анкетната комисија за расветлување на скандалот со фалсификувањето на личните документи денеска ќе ја одржи првата седница. На дневниот ред има две точки - усвојување на деловник и на договор за работа на комисијата. Комисијата ја води Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател...

Денеска продолжува 85. собраниска седница

Денеска, Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи 85. седница, од чиј дневен ред преостанаа три точки предложени од пратениците од опозицијата, во прво читање и предлог- законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка. Пратениците треба да расправаат по предлог-законот за изменување и за дополнување...

Денеска сончево и потопло, а по котлините магливо

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од западен и од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени. Во...

Пратениците го поддржаа предлог-законот за основање универзитет „Дамјан Груев“

Собранието денеска во прво читање го поддржа предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“. Планирано е во рамки на универзитетот да функционираат осум целини, односно воена академија, воздухопловна академија, факултет за безбедност, медицински факултет, факултет за мировни студии и за кризен менаџмент,...

СДСМ ќе ги повлече забелешките за ДИК ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предлозите на странците за медиумите

Ние ќе ги повлечеме забелешките што ги имаме за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите, изјави Дамјан Манчевски од СДСМ. - Ако и ова не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тие...

Ванхауте: Избори на кои не учествуваат сите политички партии се проблематични избори

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска, пред почетокот на средбата на работните групи во Клубот на пратеници, рече дека, според него, можно е да се постигне договор за законот за медиуми и дека е добро што политичките партии даваат свои предлози, кои не се конечни...

Лејла Кадриу: Само Катица Јанева знае зошто нè избрка

Само специјалната обвинителка Катица Јанева знае зошто ние сме вишок или кусок и зошто носи такви одлуки, еднострани, некоректни и несогласни со кодексот на однесување на јавните обвинители, вели во изјава за „Канал 5“, обвинителката Лејла Кадриу, која заедно со својата колешка, Марија Ѓорѓева, пред...

ЦРМ: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за реформи во медиумите се несериозни

Центарот за развој на медиуми смета дека предложените законски измени на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и неприфатливи. Според ЦРМ, сите резултати од преговорите што произлегуваат од Договорот од Пржино треба да бидат насочени кон обезбедување фер, непристрасно и објективно известување на медиумите, а, пред сè, на МРТ,...

Основци од Гостивар следат настава во студени училници

Од почетокот на второто полугодие, поголемиот дел од учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар следат настава во студени училници. Парното греење на првиот кат од овој училишен објект не работи, а дел од училниците се затоплуваат со греалки, кои родителите на децата...

Собранието ѝ го одобри буџетот на Јанева

Со 64 гласа „за“ и со еден воздржан, денеска Собранието го усвои предложениот буџет за Специјалното јавно обвинителство. Со одлуката се предвидува да се пренаменат средства од други институции на Република Македонија во износ од околу четири милиони евра, кои се наменети за непречено работење и за автономно...

Заев се сретнал со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Александар Томов. Двајцата колеги зборувале за актуелната состојба во Македонија, како и за продлабочувањето на соработката помеѓу Бугарија и Македонија на политички и на економски план. „Покрај сите предизвици со кои се...

Владата ѝ додели 50 возила и нови простории на ДИК

Педесет возила и три нови простории во поранешната зграда на „Нова Македонија“  ѝ додели денеска Владата на Државната изборна комисија. „За обезбедување соодветни просторни услови на ДИК, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да обезбеди три простории за потребите на Државната изборна комисија, на првиот кат во...

Стари разгледници откриваат заборавени спомени од Македонија

Во јануари 2016 година, Јавната библиотека на Њујорк во јавност објави повеќе од 180.000 дигитализирани предмети. Многу од овие материјали во библиотеката се историски документи што може да се употребат во академски студии, како и да се преземат и да се користат слободно затоа што...

„Мета“ дојде до законот за владините реклами предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Поделба на времето за преставување на партиите во информативниот дел на МРТ (вести) во согласност со бројот на освоени пратеници на последните парламентарни избори и 10 проценти од времето да се одвои за малите и за вонпарламентарните партии, како системско решение (германски, словенски модел),...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...