fbpx
Македонија Страница 1618

Македонија

Латас: Им се извинувам на сите Турци и ветувам дека навредата нема да се повтори

Главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, им се извини на сите Турци затоа што во интервјуто со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му рече дека „лаже како Турчин“. Павловиќ - Латас рече дека му е жал и дека се извинува...

СДСМ: Граѓаните ја видоа вистинската слика на режимските медиуми

Вечерва сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и на неговите платеници, реагираат од СДСМ на вечерашното интервју на лидерот на партијата Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник...

Иванов – Заоралек: Потребно е сеoпфатно европско решение за бегалската криза

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек. Како што соопштувааат од кабинетот на Иванов, на средбата се разговарало за билатерални односи меѓу двете земји и за соработката во поглед на напорите за интеграција на Македонија во...

Партијата за движење на Турците бара итно извинување од Павловиќ – Латас

Главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ – Латас во дневникот на „Сител“ упати огромна навреда кон турската нација, нарекувајќи ги Турците лажговци, вели Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП). „Ваквиот вокабулар не само што не е професионален, туку е големо омаловажување за целата...

Невладината „Уфук“ повикува на бојкот на „Сител“

Невладината организација „Уфук“ реагира на обраќањето на главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, кој на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во вестите му рече „лажеш како Турчин“. „Зборовите што ги слушавме пред малите екрани беа шокантни, длабоко навредливи и...

Во дуелот Заев – Латас настрада новинарството

Гостувањето на Зоран Заев на приватната и провладина телевизија „Сител“ кај уредникот Драган Павловиќ - Латас мина во директни напади и закани врз лидерот на СДСМ и во обид да се испровоцира напуштање на студиото. Имаше малку нови информации од интерес за гледачите, а повеќе...

Утре затворен за влез и за излез граничниот премин Дојрани

Граничниот премин Дојрани за влез и за излез од Република Грција ќе биде блокиран од 18 до 21 часот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Од 13 до 23 часот денеска во целосен прекин е и во сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин...

Димитриев се сретна со чешкиот министер за надворешни работи

Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек. На средбата, двете страни ја истакнале потребата и заложбата за интеграција на Република Македонија во Европската унија и во НАТО. Соговорниците разговарале за предизвиците во...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ користи нечовечки тактики за злоупотреба на туѓите трагедии

Кога не може да ги користи во црните некрофилски кампањи, за СДСМ луѓето со проблеми и со трагични судбини не постојат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДММ, Стефан Богоев. „Единствен проект на СДСМ во здравството кој се памети е...

Косовскиот суд ги ослободил двајцата првообвинети за убиствата од „Монструм“

Кривичниот суд во Приштина ги ослободил од затвор двајцата првообвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, пренесува весникот на албански јазик „Коха“. Одлуката за ослободување била донесена по заседавањето на судот во Приштина, на кое било заклучено дека аргументите на обвинителството за сериозните...

Димитриев: Да се обезбедат слободата и правото на глас на сите граѓани

Техничкиот премиер за спроведување на изборите во писмена изјава до сите носители на државни и на јавни функции повика да се обезбедат слободата и правото на глас на сите граѓани, информираа од Владата. Во насоките до членовите на Владата и до другите државни и јавни...

Средба Груевски – Заоралек: На Македонија ѝ е потребна стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во Македонија, исполнувањето на стратешките определби поврзани со интегративните процеси, како и за можноста за унапредување на соработката помеѓу...

СДСМ: Граѓаните немаат за леб, а ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата

Додека здравствениот ситем во Македонија се распаѓа и згаснуваат млади човечки животи поради криминално-тендерски политики, а животниот стандард е под секое човечко достоинство, ВМРО-ДПМНЕ поставува златни круни на оградата на Владата, обвинува Стефан Богоев, лидерот на Социјалдемократската младина. „Златните украси и оваа ограда граѓаните ги чинат неверојатни...

СДСМ: Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз

„Сè поголемата поддршка за СДСМ и за лидерот Зоран Заев предизвикува страв и нервоза кај ВМРО-ДПМНЕ и кај Никола Груевски. Како што вртоглаво се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски, така му се потребни сè поголеми бројки во нарачаните анкети“, се вели во реакцијата...

Заев и Шекеринска на средба со Заоралек и со Филе

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Радмила Шекеринска, попладнево се сретна со Лубомир Заоралек, министер за надворешни работи на Чешката Република, Штефан Филе, поранешен еврокомесар за проширување, Јири Новачек, заменик-министер за внатрешни работи на Чешка и со Мирослав Рамеш, амбасадор на Чешката Република во Република...

Анкета на „Брима“: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36,8 проценти, а за СДСМ 15,7 отсто од граѓаните, покажа анкетата на „Брима Галуп“ нарачана од неделникот „Република“ во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016 година, за која беа анкетирани 1.006 испитаници,...

„Танспарентност“: Тендерите за обезбедувачи се кројат по мерка на СГС

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисис“ (СГС) ги има добиено речиси сите поголеми и поважни тендери распишани од државни и од јавни институции, бидејќи тендерите се распишуваат со услов што може да го исполни само оваа агенција, посочуваат од невладината организација „Транспарентност Македонија“ во својот билтен...

Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи

Скопскиот кривичен суд денеска му одреди доживотна казна затвор на Алмир Дрпљанин за убиството на полицаецот Африм Арифи, кое се случи кон крајот на ноември 2008 година кај Природно-математичкиот факултет во Скопје. Судскиот совет, како што информираат од Основниот суд Скопје 1, го прифатил и предлогот...

Нови 1.000 барања за легализација на дивоградби во Тетово

Во секторот за урбанизам при Општина Тетово поднесени се повеќе од 1.000 нови барања за легализација на бесправно изградени објекти, откако се продолжи рокот за легализација на дивоградби. Досега овој сектор има издадено 2.700 позитивни решенија за легализација на бесправно изградени објекти. - Со измените на...

До крајот на неделава ќе почне прочистувањето на избирачкиот список

До крајот на неделава или најдоцна до понеделник ќе почне прочистувањето на избирачкиот список, дознава „Мета“. Извори од Државната изборна комисија (ДИК) велат „подготовките се при крај и во наредните денови ќе почне проверката“. Членовите на ДИК минатата недела усвоија одлука при вкрстеното споредување на податоци...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...