fbpx
Македонија Страница 1561

Македонија

Повици за протести на социјалните мрежи

Повици за собири и за протести се шират по социјалните мрежи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари за кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има донесено правосилна пресуда. Досега има идеи да се запалат свеќи пред Народната канцеларија...

Иванов се стави над законот, Уставот и над Собранието, велат експертите

Ова што денеска го направи претседателот Ѓорге Иванов е класична злоупотреба на овластувањата. Ова е реакцијата на професорот по кривично право Гордан Калајџиев за денешната постапка на Иванов, со која ги аболираше и ги амнестираше сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка...

Амбасада на САД: Иванов предизвика сериозна загриженост за владеењето на правото

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија изрази загриженост поради последната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија. „Чекаме понатамошни детали и појаснувања. Меѓутоа, изјавата на претседателот предизвикува сериозна загриженост за посветеноста на Македонија на...

СЈО: Да ја видиме одлуката на Иванов, па ќе се изјасниме

Специјалното јавно обвинителство чека да ја добие интегрално одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на политичарите против кои се водат правосудни постапки, по што ќе излезат со официјален став, велат за „Мета“ од СЈО. Како што ни рече портпаролката...

ДИК ќе разговара и за гласачите од Пустец и за дијаспората

Со еден час задоцнување, почна јавната седница на Државната изборна комисија, на која треба да се усвои извештајот за досегашната работа на Комисијата во врска со прочистување на избирачкиот список и да се најдат модалитети за понатамошната постапка. Несoгласувањата помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на...

Попоски: Изборите ќе се одржат на 5 јуни

По средбата на лидерите на партиите од коалицијата За подобра Македонија, Никола Попоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека изборите ќе се одржат на 5 јуни, како што е предвидено со распуштањето на Собранието. Како што рече Попоски, на средбата се разговарало отворено...

Иванов фрли „бомба“: Ги амнестираше и ги аболираше политичарите против кои се водат постапки

Преседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска донесе одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат правосудни постапки. Ова Иванов го соопшти попладнево, во обраќање до граѓаните на Република Македонија. - Со намера да придонесам во решавањето на кризата, свесен за последиците...

Ангелов ја потпиша платформата за демократска Македонија

Лидерите на СДСМ и на Достоинство, Зоран Заев и Стојанче Ангелов, денеска ја потпишаа платформата за демократска Македонија. Лидерот на опозицискиот СДСМ рече дека зголемувањето на бројот на партии што сакаат да ја потпишат платформата покажува дека сите се обединуваат за иднината на Македонија и...

До Велигден, Грција ќе ги релоцира бегалците од Идомени

Нова осуда за инцидентите на Идомени дојде од потпаролот на грчката влада, Олга Геровасили, која ја критикуваше македонската влада дека довела во ризик група на очајни бегалци, меѓу кои и многу деца. - Наш итен приоритет е празнењето на Идомени. Владата истакнува дека инцидентите, како тие завчера од...

В четврток протест на невладините организации за одложување на изборите

Шеесет и шест невладини организации в четврток, во 18 часот, пред Собранието на Република Македонија ќе организираат протест, со кој ќе му порачаат на претседателот на Собранието и на целото Собрание да не се распишуваат избори додека не се исполнат условите за тоа. „Не постојат...

Претседателот Иванов во 15.15 часот ќе им се обрати на граѓаните

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 15.15 часот во вилата „Водно“ ќе им се обрати на граѓаните. Во соопштението од кабинетот на претседателот не е прецизирано на која тема ќе говори Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ за „Фридом хаус“: Провидно сценарио на СДСМ и на Соросовите инсталации

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денеска објавениот извештај на „Фридом хаус“. Од владејачката партија велат дека „како што се ближат изборите, очајот на СДСМ станува сè поочигледен“. „СДСМ ниту има понуда, ниту има програма ниту, пак, конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа, единствениот излез...

СДСМ: „Фридом хаус“ потврдува дека Македонија назадува поради Груевски

Најновиот извештај на „Фридом хаус“ јасно и недвосмислено потврдува дека поради хибридниот режим на Никола Груевски, демократијата во Македонија назадува, нема слободни медиуми, нема независно судство, корупцијата се зголемува, претходните избори не се веродостојни, велат од СДСМ. „Најголемо назадување има во сферата на независноста на...

„Фридом хаус“: Македонија тоне на скалата на демократско владеење

Американската организација „Фридом хаус“, која ги следи состојбите со демократијата, политичките слободи и со човековите права, во својот извештај за 2016 година го оценува демократското владеење во Македонија со 4,29, што е најлош резултат за земјава во изминатите 10 години (Скалата на „Фродом хаус“ се...

Тоскас за Иванов: Добро би било да се внимава што се зборува

Македонските политичари треба да внимаваат што зборуваат, порача грчкиот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, во реакција на интервјуто на претседателот Ѓорѓе Иванов за грчката телевизија „Мега“. Во интервју за националниот сервис ЕРТ, на обвинувањата на Иванов дека Грција не се координира со Македонија...

Техничкиот премиер и лидерите на партиите 40 минути го чекаа Груевски на средба

Техничкиот премиер задолжен за изборите, Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и лидерите на околу 30 партии членки на коалицијата За подобра Македонија, денеска 40 минути го чекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за да може да...

Нов случај на вирусот ХИВ во Штип

Од клиниките во Скопје до Институтот за јавно здравје во Штип е пријавено дека кај 34-годишен штипјанец е утврдено дека е носител на вирусот на ХИВ. Пријавата стигнала пред десетина дена. Пациентот е заведен под шифра и освен полот и возраста, другите податоци не...

Платформа против корупција: ДКСК да го објави анкетниот лист на Груевски

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да го почитува законот врз основа на кој е формирана, што е нејзина основна надлежност и грижа, а сè за да се заштити јавниот интерес, јавно повикуваат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Оттаму остро реагираат...

Судијата од „Тврдина“ на боледување, не се знае кога пак ќе ја повика Јанкулоска

Судијата на претходна постапка кој треба да одлучи по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерките на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ до вчера бил на боледување, откако во средата минатата недела, му се слоши за време на сослушувањето на...

СДСМ: Европските социјалисти ги поддржуваат нашите заложби за фер и демократски избори

Партијата на eвропски социјалисти (ПЕС) изразила целосна поддршка на заложбите на СДСМ за одржување фер, демократски и веродостојни избори, информираат од СДСМ. Од опозициската партија велат дека од ПЕС изразиле длабока загриженост од одлуката на Владата да се распушти Собранието и бараат власта да вложи максимални напори...

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....