fbpx
Македонија Страница 1519

Македонија

Могерини и Хан: Ова е нова можност за решавање на кризата

Одлуката на Уставниот суд отвори пат за Собранието повторно да се свика и да ги откаже изборите на 5 јуни, стои во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. „Ова е нова можност за...

Димитриев бара да се констатираат оставките на министрите на СДСМ

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од редовите на СДСМ. Тој доставил нови...

Амбасада на САД: Следен чекор е итно повлекување на аболицијата

Одлуката на Уставниот суд отвора пат за свикување на Собранието за да се откажат изборите на 5 јуни, соопшти денеска Американската амбасада во Скопје „Ова пак, претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на Договорот...

Тачи: Целта на одлуката на Уставниот суд е да се врати старата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Имаме среќа што меѓународниот фактор сѐ уште мисли на нас. Да не оставеа сами на себе, ќе се самоубиевме до сега, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји -...

Условна казна за демонстрант поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Кривичниот суд денеска на студентот Борјан Ефтимов, кој е еден од демонстрантите обвинети за демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, му изрече условна казна од три месеци доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Пресудата, како што пренесува „Академик.мк“,...

Џафери: Секој нормален пратеник ќе гласа за бришење на 5 јуни од Изборниот законик

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Талат Џафери денеска до Собранието поднесе предлог - измени на Изборниот законик со кои се бришат членовите во Законот каде што се напишани датумите за одржување на изборите. Џафери за „Мета“ вели дека...

Вељаноски за денеска закажа седница на Собранието

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска во 16 часот закажа седница на Законодавниот дом. Тој преку соопштение ја информираше јавноста дека одлуката за свикување на Собранието ја донел согласно денешната одлука на Уставниот суд. „Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го во предвид...

Ветувањето за дезинсекција го одложи протестот на сточарите

Ветувањето дека општините Берово и Пехчево ќе извршат дезинсекција како превенција против болеста „јазлеста кожа“ кај стоката, го одложи за денеска најавениот протест на сточарите. Најавената вакцинација привремено го смири гневот на сопствениците на крупен добиток, чии семејства живеат од продажбата на млеко и...

Дескоска: Одлуката на Уставниот суд создава само привид дека нешто се решава

Одлуката која денеска ја донесе Уставниот суд е уште една потврда дека решенијата ги пишува Груевски, а не оние што ги носат тогите во судот, изјави на денешната прес-конференција, Рената Дескоска, член на Извршниот одбор на СДСМ. Таа рече дека пред точно три месеци, Уставниот...

„Протестирам“: Уставниот суд покажа знаци на живот, но тоа не е доволно

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ ја поздрави денешената одлука на Уставниот суд, со оценка дека судот „покажа знаци на живот“, но велат дека тоа не е доволно, поради што продолжуваат со протестите. „Уставниот суд денеска покажа знаци на живот. Но тоа не е доволно! Продолжуваме да протестираме...

Петмината обвинети во случајот „Ќелија“ осудени на вкупно 15 години и 7 месеци затвор

Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата за петмината обвинети во случајот „Ќелија“, откако тие на рочиштето, кое се одржа во понеделникот ја признаа вината за кривичните дела за кои беа обвинети, односно за регрутирање на лица и учество во паравоени формации на...

Ахмети: Уставниот суд денеска донесе правилна одлука

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд, посочувајќи дека станува збор за прв, неопходен чекор во решавањето на политичката криза. „Jа поздравувам денешната правилна одлука на Уставниот суд која овозможува враќање во Собрание како прв чекор, неопходен...

Уставниот суд ги замрзна изборите и изборната кампања

Уставниот суд на денешната седница, покрај одлуката за поведување на постапка за оценување на уставноста на распуштањето на Собранието, донесе и времена мерка со која ги замрзна сите активности кои произлегуваат од спорните одлуки за распуштање на Законодавниот дом. Ова, како што појаснуваат од Уставниот...

Уставниот суд направи прв чекор кон поништување на одлуката за распуштање на Собранието

Уставните судии едногласно ја изгласаа одлуката да поведат иницијатива за оценка на уставноста за распуштањето на Собранието. Конечната одлука дали распуштањето на Собранието е уставно, како што соопштија од Уставниот суд, ќе биде донесена наредната недела, а до тогаш ќе важи одлуката за времена мерка...

„Протестирам“ и „Шарената револуција“: Судии застанете на страната на правдата

„Протестирам“ и „Шарената револуција“ денеска јавно се обратија до судиите во Уставниот суд. Тие ги повикаа судиите „да застанат на страната на правдата“. „Судии, денес ќе треба да одлучите дали да поведете постапка по иницијативата за преиспитување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието....

Хојт Ји од денеска во посета на Македонија

Денеска во Македонија доаѓа заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји. Засега не се знае неговата агенда и со кого сè ќе се сретне. Тој доаѓа во време на сериозна политичка криза, закажани избори на 5 јуни на...

Сончево и потопло време

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 18 до 24 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до...

Уставниот суд расправа за уставноста на распуштањето на Собранието

Уставниот суд денеска расправа по иницијативата за испитување на уставноста и на законитоста на одлуката за распуштање на Собранието, што во петокот ја поднесе пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Информацијата за седницата на која ќе се расправа по оваа иницијатива беше објавена вчера на интернет-страницата на...

Нема да дозволиме избори без избор, порачаа демонстрантите

Јас како виолинистка влегов во Собранието за да се борам против едноумието. Денеска повеќе од 20 години со вас повторно се борам против едноумието, истакна вечерва поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, пред владата на Република Македонија, по протестниот марш кој заврши со прослава...

Пет члена на ДИК му пишаа на Вељаноски дека изборите би биле нелегитимни

Пет члена на Државната изборна комисија (ДИК) испратија писмено известување до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во кое се вели дека на 5 јуни ќе има само една кандидатска листа. Според Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и претседателот и...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...