fbpx
Македонија Страница 1398

Македонија

Заев до јавната администрација: Бидете спокојни, нема да отпуштаме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во обраќање до вработените во државните институции, им порача да бидат спокојни, оти нема да има отпуштања во администрацијата. Тој истакна дека вработените во државните институции ќе бидат мотивирани да ја извршуваат својата работа, а не казнувани и оценувани...

„Охрид СОС“: Авантуристичка е идејата да се гради авантуристички парк кај Плаошник

Авантуристичка е идејата да се гради авантуристички парк кај Плаошник, предупредуваат еколошките организации од Охрид. Од „Охрид СОС“ се против идејата на Општина Охрид да гради авантуристички парк во шумата кај Плаошник, над плажата Лабино. Оттаму велат дека проектот „Вотернет“ (Waternet), кој во рамки на погранична соработка...

Државниот инспекторат за животна средина одлучи да го затвори „Југохром“

Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на комбинатот „Југохром“ поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците, кој истече вчера. Оваа одлука ја соопшти министерот за животна средина, Башким Амети, кој претпладнево се сретна со градоначалничката на Тетово, Теута...

Шилегов: Наместо изградба на фабрики, празни ливади во Радовиш

„На оваа ливада пред две години обвинетиот Никола Груевски свечено фрли лопата на камен-темелник и повторно ги изговори истите лаги за странски инвестиции и за нови работни места. Како и секаде во државата, Груевски ги излажа и луѓето од Радовиш за инвестициски бум, за нови...

Судот до Јанева: „Пуч“ досега се одложуваше на Ваше барање

Од вкупно 10 рочишта, колку што досега беа одржани за случајот „Пуч“, шест биле одложени поради отсуство на обвинетите, три на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и „само“ тоа на 16 септември било одложено поради болест на судија поротник, велат од Кривичниот совет,...

СДСМ: Власта на Груевски нè задолжува по 2 милиона евра на ден

„Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по два милиона евра. За последниве девет месеци, вкупниот јавен долг на Македонија се зголемил за повеќе од половина милијарда евра или неверојатни 532 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ во врска со...

СДСМ в недела на партиски конгрес ќе ги објави листите за пратеници

Социјалдемократскиот сојуз в недела на партиски конгрес ќе ги објави кандидатските листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори, изјави денеска претседателот на партијата, Зоран Заев. Тој истакна дека се водат целодневни разговори со коалиционите партнери и со граѓаните. - Ние нашите кандидатски листи ќе ги...

Наумов: Kомпаниите сè уште функционираат без услови за работа во зоната во Визбегово

Претставниците на Здружeнието на стопанственици од индустриската зона во Визбегово го информирале дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за проблемите со кои се соочуваат компаниите што се дел од оваа зона, а во која не се достапни бенефициите што ги имаат компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони. - Неправедниот...

Спасов, Стамов, Јовановиќ, Урко, Зекиров – сообраќајките и бегањето како неславна навика

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, не е единствениот функционер од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што учествувал во сообраќајна несреќа и побегнал од местото на настанот. Претходно, вакво поведение манифестираа двајца градоначалници на владејачката партија, кои, како и Спасов, побегнаа, еден од местото,...

„Пуч“ пак одложен, Јанева и судијката се скараа

Жестока расправија меѓу специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и судијката Љубинка Башевска ја вжешти атмосферата на денешното рочиште од случајот „Пуч“, кое повторно е одложено, овојпат на неопределено време. Причина за кавгата и за реакцијата на Јанева беше назначувањето на две нови судијки поротници,...

Министерство за култура: Забраната на ЗАМП за емитување музика е противзаконска

Министерство за култура смета дека одлуката на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) за забрана на емитување македонска музика по медиумите е противзаконска и донесе решение за нејзино запирање. - Министерството за култура донесе решение за запирање на извршувањето на одлуката на собранието на ЗАМП,...

„Рајската градина“, иако недовршена, дење е рај за прошетки, ноќе место за пеколни забави

Недовршената рајска градина во општината Аеродром преку ден е рај за прошетки на родители и на деца, а навечер е место за пеколни забави на младите. Тендерот за проектот за паркот неодамна беше поништен, а градежните активности се прекинати. Тоа што може да се забележи на...

Сончево време со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со слаб северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува слично време, а највисоката температура на воздухот ќе достигне 15 Целзиусови степени. Утринава речиси насекаде во земјава преовладува сончево...

Денеска нов обид за почеток на судењето за случајот „Пуч“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи рочиште од судскиот процес за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски. Тие се товарат за шпионажа,...

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството во времето на СДСМ беше еден од најзапоставените ресори

Петре Шилегов нема капацитет да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ ја добива поддршката од граѓаните токму поради проектите што ги нуди и на кои напорно работи да се реализираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролот на СДСМ. „Кога е здравството во прашање, СДСМ не отстапува...

АВРМ: Возилото што го возел Спасов e отстапено на Министерството за труд

Агенцијата за вработување (АВРМ) во врска со сообраќајката што пред два дена ја направи дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, соопшти дека во 2015 година АВРМ го отстапила возилото на Министерството за труд и социјална политика. „Во октомври 2015 година меѓу Министерството...

Шилегов: Груевски излажа дека ќе вложи 33 милиони евра во здравството

Никола Груевски денеска излажа дека ќе вложи 33 милиони евра за медицинска опрема и за апарати во здравството, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Во буџетот на Македонија не постои ставка од 33 милиони евра за медицинска опрема, туку ставка од само 4,5 милиони...

Аеродром може да дише подобро, порачаа активистите од „Ние одлучуваме“

Активистите од граѓанската акција „Ние одлучуваме“ денеска во населбата Аеродром направија перформанс пред трговскиот центар „Бисер“ и поставија платно на кое пишуваше „Аеродром може да дише подобро“. Акцијата почна во 13 часот, а активистите на случајните минувачи им го даваа бесплатниот весник „Ние одлучуваме“. На настанот пристигна...

Груевски најави 3.700 апарати за 100 здравствени установи за 33 милиони евра

Набавка на нова медицинска опрема за здравствените установи во секој град во земјава, во вкупна вредност од околу 33 милиони евра, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на проектот во областа на здравството во Музејот на македонската борба. Тој истакна дека во...

„Еко-герила“: Истекува рокот на „Југохром“ за филтри, комбинатот поминува неказнето

Денеска истекува рокот што пред две години Владата на Република Македонија му го одреди на комбинатот „Југохром“ за да се прилагоди со еколошките стандарди и да набави филтри. Од еколошкото движење „Еко-герила“ велат дека „Југохром“ ги злоупотребил сите досегашни рокови и дека за тоа проаѓа неказнето. „Фактот...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...