fbpx

Остри тонови од Брисел: Јункер не го прима Груевски поради кризата

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја откажа средбата со премиерот Груевски што требаше да се одржи в четврток во Брисел. Портпаролката на Јункер, Мина Андреева, кусо ни потврди: „Бевме во разговори со поранешната југословенска република Македонија. Комесарот Хан беше на терен на 17, во контакт...

Што рече, а што, всушност, сакаше да ни каже Хан?

Еврокомесарот за претпристапни преговори и соседска политика, Јоханес Хан, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ на нему својствен начин, ја сумираше посетата на земјава во екот на политичката криза. „Мета“ се обиде изјавите на Хан да ги „преведе“ на обичен, неполитички јазик за да...

Владата да поднесе оставка, а полицијата да одбере страна, побараа граѓаните

Неколку стотини граѓани денеска протестираа пред Владата каде го искажаа својот револт од она што цело време го знаеле или го насетувале, но за кое вчера и претходните денови добија доказ по снимките што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев. На протестот, кој траеше нешто...

Граѓаните бараат оставки и фрлаат јаболка врз Владата

Околу 150 граѓани се собрани пред Владата за преку протест да го искажат својот револт од содржината на снимките што вчера ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев, и да бараат одговорност и оставки од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и од портпаролот, Иво...

Заев објави разговор меѓу Латас и Мијалков

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го објави првиот разговор од прислушуваните материјали помеѓу Драган Павловиќ-Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во разговорот, тие зборуваат за апсењето на  Љубе Бошковски, при што Мијалков на Павловиќ-Латас му ја објаснува случката околу апсењето. Во дел од разговорот, се слушаат...

По „Пуч“, Заев комуницира преку WhatsApp и Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги користи апликациите за инстант пораки WhatsApp и Viber во одржувањето на секојдневната комуникација, а помалку мобилниот телефон. Заев, на прашање на „Мета“, дали тој и неговите колеги од опозицијата, по добивањето на материјалите од „бомбата“ се воздржуваат од користењето на...

Работна група ќе подготвува нов закон за високо образование

Работна група составена од претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), вклучувајќи ги и „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“, како и претставници на Министерството за образование и наука (МОН) во наредните 30 дена ќе прави анализа на состојбите, од која потоа треба да произлезе нов...

Со молк и со бели маски на лицето, „Ајде“ го искажа револтот за смртта на Тамара

Облечени во црно, со молк и со бели маски на лицата, граѓаните од здружението „Ајде“ денеска маршираа од Старата скопска чаршија до Министерството за здравство. Маските на лицата ја симболизираа безличноста и беспомошноста на граѓанинот пред институциите, а нивниот молкот - игнорантскиот однос на институциите...

„Ајде“ со протест против одговорните за смртта на Тамара

Граѓанското здружение „Ајде“ денеска го искажa својот револт против сите одговорни за смртта на малата Тамара. Тие, протестирајќи по улиците на Скопје, со бели маски што ја симболизираа безличноста и беспомошноста на граѓаниниот пред инстититуциите, дојдоа до Министерството за здравство.

Само навидум мирни: Судентски акции 2007 – 2015 година

„Студентски пленум“, по протестите и по прогласувањето на автономија на универзитетите низ земјава, ја отвори дилемата дали во Македонија има студентски активизам и дали со последните случувања се разбудија студентите, кои, по правило, треба да се првата движечка сила во една држава. Дали по осум години (од...

Хан: Да се дебатира во Собранието за да се надмине ќор-сокакот

„Сите лидери мора да соработуваат со добра верба да го надминат актуелниот ќор-сокак, кој не е корисен за реформските напори на земјата“, се вели во соопштението од еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по вчерашната посета на Македонија. “Во неговите дискусии со премиерот Груевски, министерот за...

Хан: На крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата

Понекогаш е подобро да имаме интерни разговори за да се постигне напредок и се надевам дека на крај ќе постигнеме значаен прогрес за европската перспектива на земјата, изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски. Груевски рече дека...

Патриотска и славеничка клима во Атина по фијаското во Брисел

Патриотска и славеничка клима владее во Грција бидејќи Ципрас не потклекнал на европските притисоци по вториот неуспешен обид за постигнување договор меѓу грчката влада и европските министри за финансии. Пропаднатиот состанок на Еврогрупата само дополнително ги раздвижи патриотските чувства и поддршката за Ципрас. Граѓаните остануваат обединети...

„Бомбата“ ги потврди јавните тајни. Проверено!

Телефонските разговори, кои на двапати ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, иако не предизвикаа тектонски поместувања, сепак покажаа дека речиси сè во што сме се сомневале дека се прави во државава - било точно! „Бомбите“ на Заев како да претендираат да го потврдат насловот на...

Груевски најави конкретен одговор за „бомбата“

Премиерот Никола Груевски денеска не сакаше да ги коментира наводите од снимките и обвинувањата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека токму премиерот е еден од налогодавците за прислушување на телефонски разговори меѓу министри од неговиот кабинет, политичари, новинари, и најави дека во блиска...

Се откри стратегијата на СДСМ: „Бомбите“ ќе пукаат тематски, по линиите на ЕУ-забелешките

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ја објави втората „бомба“ со телефонски снимки, кои, според него, откриваат дека не постои правна држава и ја покажуваат спрегата меѓу извршната и судската власт. На прес-конфееренцијата беа објавени снимки од прислушување на владини функционери инволвирани во местенки...

Заев објави снимки за местење судии и пресуди и за партиски пазарења

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес-конференција ја обелодени втората „бомба“, во која преку снимени телефонски разговори посочува дека нема владеење на правото и оти судската и извршната власт воопшто не се одделени. Од разговорите може да се чуе местење судски процеси, назначување судии...

Протест за Тамара: Вистинските виновници имаат име и презиме

„Секое наше дете е Тамара“ е мотото на протестот што денеска напладне го организираа група граѓани во Младинскиот парк во Велес, на кој ќе се побара одговорност од виновниците за смртта на Тамара Димовска, која боледуваше од сколиоза и која почина чекајќи ја седмата операција. -...

Македонското знаме ја понесе титулата најубаво знаме

Македонското знаме со 13.190 гласа го освои првото место на изборот за најдобро знаме во светот, кој го организираше канадскиот весник „Прованс“. Во тринеделниот натпревар, на кој се гласаше на интернет, учествуваат 64 знамиња. Македонското знаме влезе во четвртфиналето, кога почна масовното гласање за поддршка...

Хонорарци: Сакаме да нè слушнете, а не да нè прислушувате

Со транспаренти „Лебот ни го земавте“, „За луѓе се работи, не за проценти“, „Не сте свесни и ние сме бесни“, „Не ги убивте сите синдикати, тука сме“, хонорарците денеска ги „поздравија“ пратениците, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Владата, за на крај...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...