fbpx

Руска амбасада: Опасно е да се наметнуваат решенија покрај волјата на народот

Руската Федерација континуирано ја подржува безбедноста и стабилноста на Република Македонија како независна, суверена и територијално интегрална држава, се вели во соопштението на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Во соопштението се истакнува дека амбасадата е убедена дека излез од тешката внатрешно-политичка криза што ја зафати Република Македонија може...

Шекеринска: Далеку сме од расправа за специфични прашања и од поделба на ресори

Апсолутно сме далеку од некои конкретни дискусии по специфични прашања, а особено сме далеку од поделба на ресори, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, по средбата со претставниците на ДУИ, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Таа изјави дека на денешната средба било дискутирано за...

Арифи: Со СДСМ разговаравме за почетните позиции

Потпретседателката на ДУИ, Туета Арифи, по денешната средба на претставниците на ДУИ и на СДСМ во хотелот „Холидеј ин“ рече дека се одржала конструктивна дискусија, но дека последниот збор ќе го има претседателството на ДУИ. - ДУИ е политичка партија која има отвореност. Ние денеска...

Хелсиншкиот комитет бара од медиумите и од СОС да ги повлечат статиите и да се извинат

ВМРО-ДПМНЕ врши директен атак врз кредибилитетот и врз угледот на Хелсиншкиот комитет и на бранителите на човекови права, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права во својот демант на тврдењата изнесени на прес-конференцијата во саботата од Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и од Никола Србов. Комитетот побара од...

Фондација „Метаморфозис“: Тврдењата на СОС се тешки лаги и клевети

На тврдењата и оцрнувањата на голем број невладини организации што во саботата ги изнесоа Никола Србов, Цветин Чилиманов и Ненад Мирчевски, претставувајќи се како иницијатива „Стоп операција Сорос“, реагира и Фондацијата „Метаморфозис“. Во демантот се вели дека спротивно на принципите на дејствување на невладиниот...

Серија деманти и најави за тужби од НВО и од граѓански организации за клеветите на СОС

Реакциите, демантите и најавите за тужби од голем број граѓански здруженија и асоцијации против тврдењата и клеветите на „Стоп операција Сорос“ (СОС) изнесени во саботата, продолжуваат. По реакциите од вчера, денеска со барања за извинување и со деманти се јавија и здружението „Регионален центар за...

Деманти и најави за тужби од невладини и од граѓански организации за клеветите на СОС

Невладини и граѓански организации денеска испратија деманти и побараа извинување од Цветин Чилиманов и од Никола Србов, кои на прес-конференција на движењето „Стоп операција Сорос“ (СОС) ги обвинија дека „работеле против државните и демократските интереси на Македонија, преку обиди за влијаење на предвремените парламентарни...

Скопје се задушува во ПМ10-честички, во Карпош нивото беше 24 пати над дозволеното

Загаденоста на воздухот во Скопје утринава е од четири до седум пати поголема од максимално дозволената граница пропишана во Европската Унија, односно 50милиграми честички на еден кубен метар. Утринава во девет часот, според податоците на мерните станици, нивото на ПМ10-честичките во скопските општини изнесувало: Ректорат...

И со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ немаме разлики за употребата на албанскиот јазик, изјави Османи

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, синоќа во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека и со ВМРО-­ДПМНЕ и со СДСМ се усогласиле за примената на албанскиот јазик. - Првпат немаме никаква разлика со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ за етничките прашања. Ако досега целата дилема беше...

Ахмети: Дојде време вистината и правдата да излезат на виделина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Нина Суомалаинен, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано „за постизбораната ситуација во Македонија“ и за „ставовите на ДУИ за настанатата ситуација“. „Ахмети зборуваше за тенденциозната кампања...

СЈО ја обжали одлуката на судот „бомбите“ да не се користат против Груевски

Специјалното јавно обвинителество (СЈО) денеска поднело жалба до Апелацискиот суд во Скопје на одлуката на Кривичниот суд за издвојување на дел од доказите во обвинението за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, со кое СЈО ги гони лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен...

Жбогар: На земјата ѝ треба коалиција посветена на реформите

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, при посетата на Радовиш, изјави дека на Македонија ѝ треба коалиција за реформи и поради тоа, смета дека нема да биде проблем да бидат собрани потписите за мнозинство за формирање нова влада. Жбогар за средбата со претседателот...

Кривични пријави од СДСМ за Димитриев, Попоски, Тодоров и за Канческа-Милевска

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе кривични пријави против премиерот во оставка, Емил Димитриев, и против министрите во оставка Никола Попоски, Никола Тодоров и Елизабета Канческа-Милевска поради прекршување на Изборниот законик. Кривичните пријави, како што соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ги поднесуваат бидејќи...

Стејт департментот има полна доверба во амбасадата и во амбасадорот во Македонија

Американскиот Стејт департмент ја поддржува работата на амбасадорот Џес Бејли, се вели во одговорот на прашањето на „Гласот на Америка“ на македонски, по шпекулациите во некои медиуми дека Амбасадата во Скопје не зборува од името на администрацијата на САД. Портпаролот на Стејт Департментот, Марк...

Шилегов: Иванов го крши Уставот, работиме на решение за брзо и ефикасно формирање на влада

Ѓорге Иванов ги крши Уставот и законите и јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира. Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му...

Груевски – Шчербак: Ситуацијата е зрела за нови избори, но некои се плашат од нив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, имал средба со амбасадорот на Русија во земјава, Олег Шчербак, на која било разговарано за актуелната политичка состојба во Македонија и во Русија. Средбата, како што соопштуваат од партијата, била на барање на рускиот амбасадор. Во врска со формирањето владина...

ВМРО-ДПМНЕ: Фала ѝ на ЕУ за советот, но најдобро решение се избори, а не широка коалиција

Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот, ЕУ го советува претседателот Иванов да определи нов лидер кому ќе го додели мандатот, бидејќи таков дел во Уставот нема, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на портпаролката на...

МВР го испитува протекувањето на лични податоци на 4.739 студенти

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на Министерството за внатрешни работи (МВР) не стигнала пријава и поради тоа сè уште не се води никаква постапка во врска со протекувањето на околу 5.000 лични податоци на студенти од неколку државни и приватни факултети...

Амбасадата на САД не го коментира повикот од ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за нови избори

Амбасадата на САД денеска соопшти дека нема да ги коментираат повиците на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат за евентуалното одржување на нови избори. - Немаме ништо да додадеме на нашата изјава - велат од Амбасадата на САД во Македонија на прашањето на „Мета“ за реакција на...

Заев ќе оди кај Иванов, Ахмети „ќе види“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска треба да одржи поединечни средби со политичките партии, во рамките на консултациите што од неговиот кабинет ги најавија завчера, во врска со доделувањето на мандатот за состав на нова влада. Од кабинетот на Иванов вчера потврдија дека средбите со политичките партии...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...