fbpx

Полицијата пука со гумени куршуми по граѓаните во Барселона

Крвави судири се случуваат во Барселона помеѓу шпанската полиција и поборниците за независност на покраината Каталонија, откако полицијата изврши неколку брутални упади на избирачки мести и почна да се пресметува со граѓаните на улиците, а почна и да пука со гумени куршуми по луѓето....

За смртта на четирите новороденчиња, Комисијата не нашла вина кај медицинскиот персонал

Според Комисијата за стручен надзор на работата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар, која ја истражува смртта на четири новороденчиња во една ноќ минатата седмица, станувало збор за проблематични случаи, а сите предвидени постапки биле извршени од медицинскиот персонал. Во извештајот...

Четири бебиња во инкубатори починале за една ноќ на Гинекологија, докторка е суспендирана

Ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица, четири бебиња во инкубатори починале на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, потврдија од Министерство за здравство, нагласувајќи дека дежурната докторка таа вечер е суспендирана, а била формирана и комисија за да го...

Пешевски, Наумоф, Самак на државата ѝ должат 300.000 евра за телефонски сметки

Поранешните министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Горан Мицковски, Џери Наумоф, Веле Самак и Бил Павлески на државата ѝ должат 300.000 евра за пречекорен лимит на службените телефони, вели генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за порталот СДК. Рекордер во надминување на лимитот на службениот...

Кривична пријава на Вангеловски бидејќи не дава увид во списите за Грујовски и Бошковски

Советот за утврдување на факти му поднесе кривична пријава на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Кривичната пријава Советот ја поднел бидејќи пред две недели Вангеловски не им дозволи на членовите на комисијата која ги истражува околностите за бегството на Горан Грујовски и на...

Надмудрувања меѓу Фетаи и Михајлова, рочиштето за „Шамари“ одложено

Рочиштето од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно се одложи бидејќи во судницата не беа присутни обвинетите Димче Крстев и Милан Андоновски. Како сведоци присуствуваа актуелниот градоначалник на Општина Центар,...

Заев од Аеродром: Промените не се комплетни без промени во општините

Промените не се комплетни без промени во општините во Македонија, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во општина Аеродром. Заев, како и кандидатите за градоначалници на Градот Скопје и на општина...

Фетаи сака да биде претседател на Македонија, Јанева градоначалник или пратеник

Ако сум жива и здрава, на 50 години сакам да бидам нормален шеф на нормална држава, вели обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, во емисијата „Трите“ на „А1 он“ за животот и за работата за трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме...

Рочиштето за „Поткуп“ oдложено, судот одби да ги изземе снимките објавени на „Јутјуб“

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој првообвинет е премиерот Зоран Заев, денеска беше одложено поради боледување на судијката Дијана Груевска-Илиевска. Следното рочиште е закажано за 20 ноември. Судијката Ленка Давиткова на одбраната ѝ го врачи решението од Основниот суд Скопје 1 дека одбиено им е барањето...

Сашо Мијалков бил средно имотен, стои во обвиненијата на СЈО

Специјалното јавно обвинителство на својата нова интернет-страница ги објави обвинителните акти за сите 20 случаи што ги отвори, а кои се поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Единствено, како што може да се види, не е објавена содржината на обвинението за случаите „Таргет“ и...

Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено, се чека известување од МВР за Грујовски

Денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“ се одложи бидејќи судот и СЈО го чекаат известувањето од Eдиницата за потраги на МВР во врска со достапноста на обвинетиот во случајот, Горан Грујовски, кој е во бегство и по кого е распишана потерница. Известувањето е неопходно за...

Жешка судска недела за Груевски, Заев и за Талески

Скопскиот Кривичен суд за оваа недела на распоредот има набиена агенда на рочишта за случаите „Тврдина 2“, „Поткуп“, „Шамари“ и „Транспортер“, кои предизвикуваат голем интерес во јавноста, а од кои три се по обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство. На обвинителната клупа треба да седнат...

Уставниот суд в среда пресекува дали УБК смее да прислушува преку телеком-операторите

Уставниот суд в среда ќе ја одржи првата седница по летната ферија, на која, според агендата, судиите треба да ја донесат конечната одлука за членот 175 од Законот за електронски комуникации, односно дали Упрвата за безбедност и контраразузнавање смее да прислушува преку телекомуникациските оператори. Овој предмет,...

Заев: Предлози за името очекувам догодина, сега не разговараме за суштински прашања

Во моментов градиме пријателски односи со Грција и ја зајакнуваме довербата помеѓу двете страни за да бидеме пријателски настроени за моментот кога ќе треба да се решава сериозниот проблем за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги сподели...

Собранието ќе продолжи да работи по изборите, Џафери посака мирна и успешна кампања

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по паузата во 15 часот, ја прекина 15. седница на која се расправаше за Законот за употреба на јазиците, а со тоа ја прекина и работата на Собранието до одржувањето на локалните избори на 15 октомври. Џафери рече дека го...

Заев: Наша цел е да ја вратиме демократијата и да ја забрзаме интеграцијата во НАТО и во ЕУ

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност на основните демократски вредности, добро владеење, владеење на правото и почитување на човековите права, рече премиерот Зоран Заев на обраќањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нациии во Њујорк. Заев оцени дека освен прилагодувањата на глобално ниво, потребно е секоја...

ОМД: Заев вети дека во 2019 година ќе има попис во Македонија

Премиерот Зоран Заев на средбата со Обединетата македонска дијаспора (ОМД) рекол дека во 2019 година ќе биде спроведен попис на населението во Македонија, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствува на 72....

Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, соопшти владината прес-служба. На денешната агенда на македонскиот премиер е предвидена средба со вицепремиерот и министер за надворешни...

Хан до Заев: Продолжете да работите демократски на започнатите реформи

Продолжете да работите демократски на започнатите реформи, тоа што ќе го постигнете е важно за перспективите на вашата држава и за целиот регион, порачал еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев, во рамките на 72. Генерално собрание...

Заев учествуваше на дипломатскиот прием организиран од Трамп

Премиерот Зоран Заев учествуваше на дипломатскиот прием организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во рамките на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Дипломатскиот прием организиран од претседателот на САД на ГС на ОН е можност за зацврстување на пријателствата и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...