fbpx

Приходите на руските компании во Македонија пораснале за четири пати од 2006 до 2015 година

Приходите на руските компании кои работат во Македонија се зголемиле од 63 милиони евра во 2006 година до преку 212 милиони евра во 2015 година, се тврди во анализата на бугарскиот „Центар за проучување на демократија“ (Centar for the stady of democracy). Во анализата се наведува...

Шилегов ја повлече одлуката за поскапа вода, одлуката на РКЕ била „политикантска“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, ги повлече од дневен ред предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје, информираат од таму. - По извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на...

Отказ за судијата кој не носи тога, предвидуваат новите законски решенија

Судија освен за партиска и политичка активност ќе може да биде разрешен од функцијата и за неноносење судска тога, како „потешка дисциплинска повреда“. Ова го предвидуваат новите измени на Законот за судовите, објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), како дел од...

Пратениците попладнево релаксирани, Џафери им се заблагодари за трпението – и спасението

Со зборовите „За продолжението дополнително ќе бидете известени, благодарам за трпението - и спасението“, претседателот на Собранието на Република Македонија вечерва ја заврши 32-та седница, на која поради немање кворум во попладневното продолжение само еден закон со гласање беше пратен на комисиска расправа. Во...

Груевски задоцни на судењето за „мерцедесот“, адвокатот приговараше за „свадбарските“ камери

Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пак доцнеше на денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. На Груевски во Основниот суд Скопје 1 му се суди за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“. Во овој случај првообвинети...

Одбраната на Јанакиески бара изземање на вештакот во „Топлик“, оти имал ќерка во СЈО

Одбраната на обвинетите во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој е осомничен и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бара да се изземе вештачењето на СЈО од доказите, бидејќи ќерката на вештакот работела во СЈО. Адвокатот, Јаким Наумов, рече дека...

Џафери: До сега се преведени 17.000 амандмани, поднесени се за да направат блокада

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците. „Има членови кои имаат и по 300 амандмани, како што е случајот со членот 5, за кој ќе треба...

Денеска нов обид за собраниска расправа за законот за јазиците

Денеска во Собранието, во 12 часот ќе продолжи 32. седница на која како осма точка е ставена расправата за Законот за јазиците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја прескокна оваа точка, бидејќи како што рече, немало технички услови за расправата. Тој информираше дека собраниските служби не...

Џафери ја одложи расправата за Законот за јазици бидејќи „нема технички услови“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја одложи расправата за Законот за јазици, кој беше осма точка на дневниот ред на денешната 32. седница, бидејќи како што кажа, „нема технички услови за расправа“. - Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се...

Заев: Референдумот за името не е ништо трагично, страшно или невозможно

По изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети викендов, дека е најдобро решението за спорот за името до кое ќе дојдат државните врвови на Македонија и Грција да се реши како во случајот со Договорот со Бугарија, односно да се гласа во Собранието и...

Заев дојде на „Поткуп“, судењето одложено за 26 февруари, обвинителот бил на службен пат

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кое обвинет е премиерот Зоран Заев, се одложи за 26 февруари, бидејќи не беше присутен обвинителот Владимир Милошевски. Тој, како што соопшти судијата Дарко Тодоров, во петокот го известил судот дека поради оправдани причини, односно службено патување, нема...

Заев: Оптимист сум дека е можен национален консензус за прашањето за името

Јас сум оптимист дека е можно да се најде национален консензус по ова важно прашање, изјави премиерот Зоран Заев по петчасовниот координативен состанок на државно-политичкиот врв на кој беа разгледувани предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. - Вечерва имавме...

Протест пред Собранието: Ве сакаме сограѓани од малцинствата, но мора да се знае домаќинот

Граѓански здруженија и движења денеска одржаа протест пред Собранието против, како што истакнаа, „антиуставниот и дискриминаторски закон за двојазичност“ и против „антимакедонските политики што ги спроведува власта“. „Ние ве сакаме наши сограѓани од малцинставата, но треба да знаеме кој е домаќинот“, беше истакнато на протестот,...

Државниот врв денеска на координативен состанок за предлозите на Нимиц

Државниот врв денеска на координативен состанок ќе ја разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Состанокот, кој вчера и официјално беше најавен од Министерството за надворешни работи, ќе се одржи во 18 часот, во Клубот на пратениците. На...

Хан на Заев му повторил дека со Ципрас покажал храброст, визија и државништво

Премиерот Зоран Заев денеска на маргините на Светскиот економски форум во Давос, се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан кого го информирал за средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за постигнатиот резултат од средбата и за потенцијалите за ново, квалитетно,...

Кривичен добил 6.000 евра за нови камери, но не ги набавил поради тендерот

Кривичниот суд во Скопје во декември, минатата година добил 350.000 денари (околу 6.000 евра) од Судскиот буџетски совет за да набави нови камери за снимање на судењата, но немал доволно време да ја спроведе тендерската постапка. Поради ова Судскиот буџетски совет на 31 декември ги...

Кривичен решава за продолжување на притворите на осомничените од 27 април

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе одлучува по барањата на ОЈО за организиран криминал и корупција за продолжување на притворите за осомничените за минатогодишните насилства во Собранието на 27 април, беше потврдено на денешниот брифинг на претседателот на Судот, Иван Џолев...

ОЈО: Поблаги мерки за Пешевска и Дурловски и продолжување на притворите на сите други

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд да им го продолжи притворот на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април. Обвинителството, како што денеска соопштија оттаму, бара продолжување на притворот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко...

Борисов го охрабри Заев да продолжи со преговорите за решавање на спорот за името

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска во Давос ја поздрави волјата на македонскиот премиер Зоран Заев со која работи за евроатлантските интеграции и го охрабри да продолжи со преговорите со Грција за изнаоѓање на конечно решение за спорот за името, пренесува „БГНЕС“. Борисов и Заев...

Од утре нов круг на одлуки за притворите на осомничените за 27 април

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Кривичниот суд со кое му беше продолжен притворот на режисерот Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Со ова, Апелација ги одби жалбите и им...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...