fbpx

Владата со пакет мерки за надомест на штетите од болеста син јазик

Владата подготви пакет мерки кои треба да им помогнат на сточарите да ги надоместат штетите од болеста син јазик, од која оваа година угинаа околу 18.000 овци, информираше денеска министерот за земјодество, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. - Со одлука на Владата, сточарите ќе бидат ослободени...

Ставрески: 2014 година на економски план е успешна

На економски план, 2014 година е успешна, а тоа го потврдуваат последните објавени статистички податоци, кои бележат намалување на невработеноста и пораст на македонската економија, изјави денеска вицепремиерот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, пренесуваат медиумите. - Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од...

Од денеска нови правила за означување на храната во ЕУ

Македонските компании што извезуваат прехранбени производи во земјите од Европска Унија, ќе мора да се придржуваат на новите правила за означување на храната во ЕУ, кои стапија на сила денеска, пренесуваат медиумите. Според новите правила, на декларациите на производите треба јасно, со зацрнети или букви означени во...

„Мајкрософт“ воведува плаќање со биткоин

Компанијата „Мајкрософт“ донесе одлука да ја прифати виртуелната валута биткоин, со која отсега ќе можат да се плаќаат разни услуги на оваа компанија. Со биткоин ќе може да се купуваат видеоигри, видеоопрема за конзолата „икс-бокс“, апликации за телефони, како и други софтвери на „Мајкрософт“....

Ставрески: Повеќе од илјада барања дневно за откуп на дворни места

Граѓаните имаат голем интерес за откуп на дворните места. Рокот за поднесување на барањата истекува на 15 овој месец. Канцелариите на Управата за имотно-правни работи ќе имаат продолжено работно време во наредните неколку работни дена. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески,...

Луксембург е најбогата држава во ЕУ

Луксембург е најбогатата држава во ЕУ, а следат Германија и Австрија, додека во групата на најсиромашни спаѓаат Романија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Унгарија, пренесе „Денар.мк“. Според „Евростат“, највисоко ниво на реална лична потрошувачка по жител има Луксембург, кое е 35 проценти повисоко од просекот во...

„Ибеј“ ќе отпушти околу 3.000 работници

Американскиот трговски гигант „Ибеј“ (eBay) планира на почетокот на 2015 година да отпушти околу три илјади луѓе, што претставува 10 проценти од вкупниот број на вработени, пренесе „Денар.мк“. Портпаролот на компанијата не сакаше да го коментира пишувањето на весниците за евентуалното намалување на бројот на...

Детроит излезе од стечај

Градот Детроит излезе од стечај по банкротирањето во 2013 година. Градските и државните власти постигнаа спогодба за отпишување на седум милијарди долари од вкупниот долг од 18 милијарди долари. Планот вклучува и инвестиции вредни 1,4 милијарда долари, што ќе ја подобрат градската инфраструктура. Банкротот е предизвикан со смалување...

Незири: Поголема поддршка на занаетчиството во наредниот период

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се обрати на петтата по ред манифестација „Денови на занаетчиство во Република Македонија“, во организација на Занаетчиска комора на Република Македонија со поддршка на Министерството за економија. - Имајќи го предвид значењето на занаетчиството како стопанска гранка и заради...

Денови на занаетчиството во Стара скопска чаршија

Годинава, петти пат  Занаетчиската комора на Република Македонија ја организира манифестацијата „Денови на занаетчиството во РМ“, која е под покровителство на Министерството за економија. Манифестација има цел да ги промовира потенцијалите на занаетчиството како фактор на економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите,...

Србија е четврти најголем извозник на метли во светот

Србија е четвртиот извозник на четки и на метли во светот, по Кина, Шри Ланка и по Мексико. Според статистиката, во последните две години Србија има извезено околу 10 милиони метли, а за една метла со тежина од 900 грама, производителите добиваат меѓу 1,28 и 1,35 евро. Суровината...

ЕУ: „Јужен коридор“ наместо „Јужен тек“

Претставниците на седумте членки на ЕУ кои беа вклучени во проектот „Јужен тек“ се согласија во Брисел да тргнат по алтернативни патишта за увоз на гас, како што е „Јужен коридор“, кој го поврзува Азербејџан со Италија. Министрите за енергетика на Италија, Австрија, Бугарија, Словенија...

Арапски инвеститори го купија Скотланд јард

Скотланд јард, седиштето на лондонската полиција, кое е едно од најпознатите во светот, е продадено на инвеститори од Персискиот Залив, соопшти канцеларијата на лондонскиот градоначалник. Во соопштението од канцеларијата на градоначалникот се наведува дека финансиска групација од Абу Даби платила 370 милиони фунти, што е...

Се продава државно земјиште за изградба на филмски град во Зелениково

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно неизградено земјиште во општина Зелениково, за изградба на филмски град. Земјиштето ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање. Градежната парцела е со површина од 157.276 метри квадратни и почетната цена за еден...

СДСМ ја обвини власта за лошата состојба во сточарството

Големиот број погрешни земјоделски политики на актуелната власт се причина за преполовеното сточарско производство и за незадолството што владее меѓу сточарите кои се оставени сами на себе, обвини денеска опизицискиот СДСМ. Од СДСМ прашуваат на што се должи падот на бројот на овци кој пред...

ЕБОР ќе ѝ даде кредит на Македонија за Коридор 8 и за патишта

Европската банка за обнова и развој и Македонија денеска потпишаа договор за кредит од 145 милиони евра, со кој ќе се финансира модернизирањето на железничката инфраструктура и зајакнувањето на регионалните транспортни врски на земјата. Со кредитот кој му се дава на ЈП „Македонски железници“, се обезбедуваат...

Република Српска ги забрани производите на „Пекабеско“

Република Српска денеска го забрани производите на македонската компанија „Пекабеско“ бидејќи во нив, наводно, се откриени канцерогени материи, јавува „Балкан инсајт“ Македонските официјални претставници и претставниците на „Пекабеско“ се изненадени од одлуката на министерството за земјоделство на Република Српска да се забрани увоз на сите...

Минимален пораст на трошоците во градежништвото за нови објекти

Во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2013 година, се повисоки за 0,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со второто...

Во ноември нема промени на цените во угостителството

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември годинава остана на исто ниво како во октомври годинава, покажаа податоците на Државниот завод за статистика. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата ноќевања за 0,1 процент. Индексот на цените на угостителските услуги во ноември...

Ставрески ќе потпише договор со ЕБОР

Mинистерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска ќе потпише договори со Европската банка за обнова и развој, за финансирање на делницата Бељаковце - Крива Паланка и за Програмата за национални патишта. На потпишувањњто ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, директорот на ЈП „Државни...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...