fbpx

Ноќеска бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

За половина денар поевтинуваат бензините, а дизел горивото, пак, поскапува за еден еднар од ноќеска, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука на РКЕ, цената на дизел горивото ќе изнесува 73,5 денари за литар, цената на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари...

Нафтени компании сакале да испумпаат 160 милиони денари државни пари, УЈП ги спречи

Управата за јавни приходи (УЈП) објави информации за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход. На брифинг со новинарите, денеска директорката Сања Лукаревска информираше дека спречена била измама...

ММФ: Вештачката интелигенција ќе погоди 40 отсто од работните места и ќе ја влоши нееднаквоста

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе влијае на речиси 40 отсто од сите работни места, покажува нова анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Управниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, вели дека во повеќето сценарија, вештачката интелигенција најверојатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост, пренесува Би-би-си. Георгиева додава дека креаторите...

АЕТМ: За 9 месеци, лани биле потрошени 29,9 милијарди денари во е-трговија

Во првите 9 месеци од 2023 година, биле потрошени 20,7 милјарди денари кон домашните е-трговци, покажуваат најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година. Како што информираат од Агенцијата за...

Сѐ повеќе трансакции преку платежните картички и електронското банкарство

Нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќања во земјата, особено од страна на граѓаните, се забележува од податоците што ги објави Народна банка за третиот квартал од минатата 2023 година. Сѐ почесто се користат платежните картички, но и мобилните апликации за...

Инфлацијата на крајот на 2023 година заокружена на 9,4 отсто

Инфлацијата, односно индексот на трошоците на живот во Македонија во 2023 година, во однос на 2022 година, забележала пораст од 9,4 отсто, додека индексот на цените на мало изнесувал 7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За период од една година, пораст на...

АНАЛИЗА: Највисоки плати има во Скопскиот регион, најниски во Североисточниот

Големи разлики во стандардот, во платите, БДП по глава на жител. Новата новогодишна публикација „Регионите во РМ 2023“ на Заводот за статистика, ги обелоденува економските показатели за животот на граѓаните во осумте региони во земјава преку повеќе параметри, пишува Порталб.мк. Во четири региони, БДП...

(АНАЛИЗА) Економијата во изборната 2024: бавен економски раст, едноцифрена инфлација, буџетски популистички трошења

Новата 2024 година стартува со прелеани ризици од 2023 – битката со инфлацијата продолжува. Економскиот раст повторно под ризик и од внатрешни и од надворешни фактори, пишува Порталб.мк. Извесните „двојни“ избори дополнително ќе го „зачинат“ економскиот амбиент – државата ќе „истура“ пари, бизнисот воздржано...

Во Бугарија од денеска минималната плата повисока за 153 лева, се искачи на 477 евра

Од 1 јануари 2024 година, минималната плата во Бугарија изнесува 933 лева (477 евра, според курсот на Централната банка на Бугарија). До вчера минималната плата изнесуваше 780 лева, извести бугарскиот онлајн медиум mediapool.bg. Зголемувањето од 19,6 отсто беше донесено од бугарската влада во октомври минатата...

На кои места можете безбедно да купувате онлајн – објавен регистер на верификувани е-трговци во Македонија

Македонската асоцијација за е-трговија - АЕТМ лансираше нова веб-платформа на која јавно е достапна унапредена верзија од бесплатниот Регистар на сите регистрирани е-трговци во Македонија, кои имаат активен статус и кои нудат е-плаќање за своите производи или услуги, преку една од петте банки во...

Четиричлено семејство, ако купува производи на попуст и оди на одмор во Дојран, ќе преживее со 56.522 денари месечно

Семејство од двајца родитела и две деца кои се ученици живеат во сопствен стан од 60 квадрати во Скопје. Семејството ги купува само основните прехранбени производи и притоа прават споредби на производите, барајќи ги тие со пониски цени. Можат да си ги дозволат само...

ДКСК со корупциска афера на крајот на годината – злоупотреби со набавката на мазут за пораст на цената на струјата

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе иницијатива до Обвинителството, Владата, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Регулаторната комисија за енергетика, финансиската полиција и до УЈП поради сериозни сомнежи за монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во земјава, со цел предизвикување пораст на неговата...

АНАЛИЗА: Оценка за економската 2023 година

Ново воено жариште што донесе нови ризици за глобалната економија. Народната банка на РСМ продолжи со "затегнување" на монетарната политика што резултираше со високи банкарски камати за кредитите, пишува Порталб.мк. Инфлацијата "зауздана", но и натаму доволно висока за да го "јаде" животниот стандард. Оценка за...

Дизелот поскапува за 1,5 денар

Еуродизел горивото од ноќеска ќе поскапи за денар и половина, па со новото покачување сега цената за литар дизел ќе биде 74,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1 денар за литар, па сега новата цена...

Просечната нето-плата во октомври се искачила на 38.843 денари

Просечната нето-плата во октомври 2023 година се зголемила за 17,3 отсто во споредба со истиот месец лани и изнесувала 38.843 денари, соопшти денеска Државниот завод за статистика. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна...

Од 1 јануари вработување во администрацијата без амин од Министерство за финансии

Сите министерства, јавни претпријатија, јавно-приватни субјекти и сите друштва кои се во државна сопственост од 1 јануари 2024 година ќе може да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии. За ова денеска информираше министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со новинари,...

Пласирани 64,5 милиони евра кон домашните компании преку Развојната банка

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје пласираше средства во износ од 64,5 милиони евра од заемот од Европската инвестициска банка преку ЕИБ 7 кредитната линија за трајни обртни средства и инвестиции за МСП и mid-cap компании, вклучително и зелена транзиција. Средствата ќе обезбедат поддршка за околу 200 проекти и...

Грантови за нови старт-ап и спин-оф компании од ФИТР

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ги прогласи добитниците на финансиска поддршка преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“, преку кој 2,3 милиони евра се распределуваат за развој и поттикнување на иновативноста кај домашните претприемачи и...

Народна банка: Каматните стапки не се менуваат, основната останува на 6,3 отсто

Каматните стапки ќе останат непроменети, во услови на значително забавување на инфлацијата и поволен девизен пазар, но и при се уште присутни ризици. Таква одлука донел вчера Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото...

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Цената на дизел горивото се намалува за еден денар, а цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Литар дизел гориво од полноќ ќе чини 73 денари, бензинот...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...