fbpx

Летово чекаме 10 отсто повеќе странски туристи од лани

Пред претстојната сезона, туристичките работници очекуваат повеќе странски гости од лани, а процените говорат дека бројката ќе биде поголема за 10 отсто. Првите туристи од Данска допатуваа во Охрид, а на почетокот на мај се очекуваат и традиционалните гости од Холандија и од Белгија. Директорот на...

По четири години, акционерите на Тутунска банка зеле дивиденда

Една од трите најголеми деловни банки, НЛБ Тутунска банка, ќе подели нето-дивиденда од 496 денари за една акција, што е првпат по четиригодишна пауза акционерите да добијат принос на своите вложувања во акции во банката, пишува „Фактор“. Оваа веднаш ја крена цената на акцијата на...

Министрите потпишаа декларација за зајакнување на енергетската соработка

Министрите за надворешни работи на Македонија, Турција, Србија, Грција, Унгарија и министерот за европски прашања на Турција денеска во Будимпешта одржаа состанок за енергетска безбедност во Централна и во Југоисточна Европа, на кој усвоија заедничка декларација за зајакнување на енергетската соработка, пишува „24 Вести“. Во...

Странските инвеститори нема да можат да откупуваат земјиште во зоните

Министерството за економија, преку измени на Законот за слободни технолошки развојни зони, ги поништува последните измени на овој закон донесени минатата година, со кои на странските инвеститори, освен закуп на земјиште, во зоните им беше овозможено да купуваат парцели во некоја од слободните зони,...

Светозар Јаневски, добитник на наградата за бизнис-лидер на столетието

Бизнисменот Светозар Јаневски, во конкуренција од 340 кандидати од регионот, е добитник на меѓународната награда за животно дело во претприемништвото „Креатори на столетието“. Престижната награда му беше доделена на самитот на претприемачи од регионот „300 најдобри“, што се одржа во Дубровник, Хрватска. Јаневски, кој е претседател...

Бизнисмените од Гостивар ги слушнаа мерките за вработување

Владините мерки за намалување на невработеноста и за поддршка при вработување лица од официјалната евиденција, денеска беа претставени пред бизнисмените од гостиварскиот регион. Форумот го организираше Агенцијата за вработување во соработка со Министерството за транспорт и врски, Општина Гостивар и со УНДП. Во Гостивар голем...

Извештајот за поплавите е готов и идната недела оди во Брисел

Извештајот за штетите од поплавите што во јануари и во февруари ја погодија Македонија е готов и наредната недела треба да биде презентиран во Брисел, изјавил денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Најголеми штети од поплавите,...

„Хајнз“ го купува „Крафт“

Компанијата „Х.Ј. Хајнз“ ја купува „Крафт фудс груп“, со што ќе биде создаден третиот најголем производител на храна и на пијалаци во Северна Америка, пренесува „Денар“. Договорот беше организиран од сопственикот на „Хајнз“, бразилската инвестициска компанија „3 Џи капитал“ и „Беркшир Хатавеј“ на инвеститорот Ворен...

Претставничкиот дом на САД ја усвои резолуцијата за буџетот за 2016 година

Резолуцијата за буџетот за следната година ја усвои претставничкиот дом на САД. Со неа е предвидено намалување на трошоците за социјалните и за здравствените програми. Буџетот за 2016 година, кој беше предложен од републиканците, во висина од околу 3.800 билиони долари, предвидува целосно укинување на американскиот...

Претставен планот за трансибирски автопат

Планот за трансибирскиот автопат, кој би ја поврзал источната граница на Русија со сојузната американска држава Алјаска, директорот на Руски железници, Владимир Јакуњин, го претстави пред Руската академија на науките. Суперавтопатот би преминувал преку Беринговиот мореуз, кој ги разделува Азија и Северна Америка. Проектот за Транс-евроазискиот...

Ставрески: Русија е еден од најважните економски и политички партнери

Русија останува еден од најзначајните политички и економски партнери на Македонија, но сè уште има простор за унапредување на стопанската соработка. Извозот континуирано се зголемува, но не со посакуваното темпо, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј...

Кинеската влада дозволи отворање на уште три слободни трговски зони

Кинеската влада даде зелено светло за создавање на три нови слободни трговски зони, како и за проширување на постојната зона во Шангај. Трите нови зони ќе се наоѓаат на источниот брег на земјата, во провинциите Гуангдонг, Тијанџин и Фудзиен, пренесе „Бизнис вести“. Според соопштението објавено...

Вработените во ЕМО на протест, си ги бараат заостанатите плати и придонеси

Синдикалниот одбор на некогашниот гигант, охридски ЕМО, и капитално поврзаните друштва, денеска организираа мирен протест преку кој уште еднаш побараа да се реши статусот на вработените во фирмата и да им се исплатат заостанатите плати и придонеси. Претседателот на Синдикалната организација на друштвото „Производство“, Миле...

Отворени денови на Агенцијата за вработување

Денеска во 10 часот невработените и работодавците од Демир Капија ќе можат да се запознаат со мерките за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ). Активностите на Агенцијата ќе продолжат во Гевгелија во 12 часот, а во Богданци мерките за вработување ќе бидат...

Грција има пари уште за две недели

Експертите на Европската комисија ја потврдија „критичната состојба“ на грчката каса, во која има доволно пари за да се исплатат плати и пензии до 8 април, објави денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“. Ако Атина до тој датум не успее да понуди план за одржливи...

Откупен е целиот тутун од ланската реколта

Целиот род на тутунот од ланската реколта е откупен во законскиот рок до 15 март, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. Министерот соопшти дека откупени се околу 25.000 тони тутун, по просечна цена од 120 денари за еден килограм и најави дека...

Ќе се зголемува цената на златото

Побарувачката за злато до 2030 година ќе биде двојно зголемена и ќе достигне 5.000 тони, наспрема сегашните 2.500, што ќе доведе до зголемување на цената на 2.400 долари за унца, сметаат експертите. Аналитичарите од Австралиско-новозеландската банкарска група сметаат дека за 15 години цената на златото ќе достигне...

Турција договорила попуст со „Газпром“

Министерот за енергетика на Турција, Танер Јилдиз, за време на Туската интернационална конференција за нафта и за гас, која се одржува во Анкара, изјави дека Турција успеала да постигне договор со „Газпром“ за попустот во цената на природниот гас, објави руска „Газета“ (gazeta.ru). На почетокот од февруари се...

Дејселблум: Без реформи, нема пари за Грција

Грција нема да добие дополнителна парична помош доколку не работи на спроведување на економските реформи, соопшти денеска холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогупата, Јерун Дејселблум. Официјална Атина минатата недела почна преговори со меѓународните кредитори во Брисел за да постигне нов договор за пакетот реформи,...

Пораст на цената на нафтата

На светските берзи, денеска е забележан пораст на цената на нафтата откако беше најавено дека вработените во рафинериите во САД ќе го прекинат штрајкот со кој дојде до пад на цената на нафтата. Американската лесна нафта за испорака во април на електронските тргувања на Њујоршката берза...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...