fbpx

Стапката на невработеност во првиот квартал е 27,3 проценти

Стапката на невработеност во првиот квартал годинава во Македонија изнесува 27,3 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Невработени се 262.140 лица, а вработени биле 697.248 лица. Најголем дел од невработените во првиот квартал се мажи, и тоа 62,8 отсто од вкупното активно население во земјава,...

Најголемата европска банка ќе отпушти 25.000 вработени

Најголемата европска банка, „Хонгконг-Шангај банкарска корпорација“(HSBC), планира да отпушти 25.000 луѓе од своите филијали во светот, во обид да ги намали трошоците и да ја поедностави работата. Ова би значело намалување на бројот на работниците за речиси 10 проценти, бидејќи во моментов работат 266.000. Во Велика Британија, каде за...

„Газпром“: Европа ќе се соочи со недостиг од гас во 2025 година

Европа ќе се соочи со дефицит на гас од вкупно 50 милијарди кубни метри во 2025 година поради намалување на производството на природен гас, рече заменик-претседател на „Газпром“, Александар Медведев. - Сонувачите во Вашингтон тешко дека ќе бидат во можност да обезбедат повеќе од 50...

Трошоците за живот во мај, поголеми од априлските

Трошоците за живот во мај, во споредба со претходниот месец, се зголемиле за 0,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Тоа е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 4,4 проценти, мастите за 1,8 отсто, другите неспомнати прехранбени  производи за 1,6 отсто, конзервираната риба за...

ЕУ: Естонија и Полска да ги достават даночните информации

Европската унија им нареди на Естонија и на Полска што поскоро да ги достават информациите за даночните договори што ги имале со одредени компании, како што тоа го направиле останатите членки на ЕУ по аферата „Луксликс“ која покажа дека на меѓународните компании им се давани даночни...

Околу 665 милиони евра ќе бидат достапни со ИПА2

Oткако ќе биде ратификувана Рамковната спогодба за инструентот за претпристапна помош (ИПА2), која денеска ја разгледуваше собраниската Комисија за европски прашања, oколу 665 милиони евра треба да станат достапни за социоекономски и за регионален развој, вработување и социјална политика, образование, унапредување на родова еднаквост...

Грант во износ од 201.000 денари за 960 невработени со бизнис-идеја

На 960 невработни лица што имаат своја бизнис-идеја и сакаат да формираат сопствен бизнис, ќе им биде даден грант во износ од 201.000 денари. За реализација на овој втор циклус од Програмата за вработување, Владата обезбеди околу 84 милиони денари, со кои ќе се помогне создавањето на...

Синдикатите разговараат дали ќе се укине К15

Организацијата на работодавци на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ги почнаа разговорите за измени и за дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. - Од социјалните партнери беа презентирани ставовите за повеќе прашања, од кои и за регресот...

Квалитетот на пченицата и на брашното, најголема закана за индустријата

Со квалитетни брашно и пченица, мелничко-пекарската индустрија ќе стане поконкурентна во однос на увозот од странство. На месечно ниво се потребни 30 тони пченица, од кои 60 процнети е увозна пченица, а 40 проценти домашна откупена пченица. - Најголема опасност за мелниците во Македонија е...

Пад на турската берза и на валутата по парламентарните избори

Истанбулската берза утринава, веднаш по отворањето, забележа пад од шест отсто, додека турската валута регистрирала благ пад по парламентарните избори во земјата, каде владејачката Партија на правда и развој (АКП) по 13 години владеење го изгуби апсолутното мнозинство во парламентот. Индексот на берзата паднал за...

УНЕСКО со 115.500 долари ќе поддржи четири проекти во Македонија

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) издвои вкупно 115.500 американски долари во рамки на Програмата за партиципација 2014 – 2015 година, за да поддржи четири проекти пријавени од Република Македонија, соопшти денеска Министерството за култура. „Станува збор за проектите „Развојна рамка...

Доделени грантови за 15 мали бизниси во сопственост на жени и на млади

Фондот за поддршка на жени и на млади претпримачи од неговото почнување со работа во март минатата година досега има доделено грантови на 15 мали бизниси. Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот, а ќе биде потпишан и меморандум за разбирање со Здружението за...

Јавно извлекување на добитниците на надомест за вграден сончев колектор

Министерството за економија денеска јавно ќе ги извлече лицата што ќе добијат надомест на дел од трошоците направени за купен и за вграден соларен колектор во својот дом. Извлечените граѓани, кои ги испратиле своите апликации на објавениот повик за 2015 година, ќе добијат надомест од 30...

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега се пријавиле за субвенции

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега го пријавиле своето производство за добивање субвенции од државата за оваа година, соопштија од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп. Рокот за пријавување за субвенции е продолжен до крајот на јуни. Според Коста Дурланов, раководител...

Во првиот квартал, имаме пад на извозот за 173.364 долари, а на увозот за 330.958 илјади долари

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април 2015 година изнесува 1.350.474 американски долари, а на увозот 1. 998.289 долари. Извозот, лани во истиот период изнесувал 1.523 .838 долари и во споредба со истиот период годинава...

Цените на угостителските услуги во мај, зголемени за 0,6 отсто во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015  година, во споредба со април 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата алкохолни пијалаци за 0,1 отсто. Индексот на цените на...

Незири: Не стигнале предлог-мерките на Коморите за излез од кризата

Министерот за економија, Беким Незири, истакна дека предлозите на коморите за излез од кризата и како државата да ѝ помогне на домашната економија, сè уште не стигнале до Mинистерството за економија. - Министерството за економија е отворено за стопанскиот сектор и сите сугестии и предлози...

Тракторите ќе се регистрираат на шест години, станиците ќе ги мерат издувните гасови

Со предлог-измените на законот за возила, ќе се зголеми ефикасноста на институциите, ќе се намалат трошоците на земјоделците за плаќање регистрација на тракторите, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се придонесе кон почиста животна средина. Ова денеска го истакна министерот за економија, Беким...

Се отвора пат за млечените и месните производи да се извезуваат во Русија

„На пазарот во Руската Федерација нашите земјоделски производи, месо и месни производи и млеко и млечни производи, не се продаваат и од тие причини правиме напори да можеме да ги продаваме“, изјави министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Денеска беше потпишан меморандум помеѓу македонските Министерство за земјоделство...

Винарницата „Стоби“ со четири златни медали на најстариот вински натпревар во светот

Четири сортни вина на македонската винарска визба „Стоби“ добија златни медали на најстариот вински натпревар во светот „Вино Љубљана“, кој се одржа на крајот на мај во главниот град на Словенија. Овој престижен настан е рангиран меѓу десетте елитни вински случувања, а годинава беа...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...