fbpx

„Транспарентност“: Завршната сметка на буџетот, непознаница за граѓаните

„Транспарентност Македонија“ во новиот билтен за јуни во однос на буџетот, го повикува министерот за финансии, Зоран Ставрески, на македонската јавност да ѝ објасни зошто Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за усогласеност на основниот буџет за 2014 година дава мислење со резерва и...

Грција достави барање до Дајселблум за итен заем

Грција доставила официјално барање за добивање заем од специјалниот спасувачки фонд на еврозоната, објавија денеска од Европскиот стабилизирачки механизам (ЕСМ), јавува грчкиот весник „Е-Kатимерини“. - ЕСМ доби барање од Грција – соопштија од ЕСМ. Мишел Рејнс, портпаролот на претседателот на Еврогрупата, Јерун Дајселблум, пред малку на „Твитер“ потврди...

НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки

НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на депозитите за физички и за правни лица. Каматните стапки на депозитите за физички лица во денари и во евра се намалени од 0,1 до 0,3 процентни поени, додека каматните стапки на депозитите за правни лица се намалени од...

Продолжува падот на кинеските берзи

Вредноста на акциите на кинеските компании денеска падна на најниско ниво во последните четири месеци и покрај мерките што властите ги презедоа за стабилизирање на пазарот. Речиси половина од кинеските компании го стопирале работењето на берзите за да се заштитат од колапс. Негативното влијание се прели и...

Намалени девизните резерви

Девизните резерви заклучно со јуни изнесуваат 2.254.800.000 евра и има намалување во однос на првиот квартал, кога истите изнесуваа 2.354.800.000 евра. Резервите во монетарно злато изнесуваат 230 милиони евра, кај кои, исто така, има намалување од приближно 8 милиони евра во однос на првиот квартал,...

Јавната потрошувачка во државите на ЕУ, 48,1 отсто од БДП

Вкупната јавна потрошувачка во земјите на Европската унија, изминатата година изнесувала 6.701 милијарди евра, односно 48,1 отсто од БДП на ЕУ. Таа бројка изнесувала 48,6 проценти од БДП во 2013 година, соопшти денеска од Европскиот завод за статистика Евростат. Меѓу државите-членки на ЕУ, општата државна потрошувачка варирала...

Свежото овошје во јуни поскапо за 18,5 проценти во однос на мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото овошје за 18,5 проценти, сувото овошје за 4 проценти, маслото...

Зиберт: Нема основа за нови преговори со Грција

Нема основа за влез во преговори за нова програма за помош на Грција, изјави Штефан Зиберт, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел. Зиберт истакна дека од Грција зависи дали сака да остане во еврозоната, додавајќи дека Берлин чека да види во која насока ќе тргне...

Предлог-буџетот за Собранието, 813 милиони денари

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска го усвои буџетското предлог-барање за 2016 година, според кое проектираните средства што му се потребни на Собранието за следната година се на ниво од 813.130.000 денари. Раководителката на секторот за финансии во Собранието, Богданка Поповска, образложи дека проектираните средства...

Угостителските услуги во јуни поскапи отколку во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2015 година, во споредба со мај 2015 година, е зголемен за 0,1 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата храна за 0,1 отсто. Индексот на цените на...

Извозот и увозот намалени, во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари- мај 2015 година изнесува 1.751.496.000 долари и во однос на истиот период лани, кога изнесувал 1.946.119.000 долари, е намален за 194.623.000 долари. И кај увозот е забележано намалување од...

Се намалуваат извозот и бројот на вработени во металургијата

Индустриското производство во првите пет месеци од годинава, споредено со лани истиот период, бележи минорно намалување, но во мај е забележан поголем пад. Извозот и бројот на вработените во металската индустрија, исто така, се намалени. Производите и рудите на металите учествуваат со 18,9 проценти во вкупниот...

Пад на еврото во однос на доларот

Еврото падна за повеќе од еден отсто во однос на доларот, а и европските акции и берзите навестуваат остар пад во текот на денот. Неименувани извори од Европската централна банка, за новинската агенција „Ројтерс“ велат дека ЕЦБ најверојатно ќе го задржи досегашното ниво на ограничувања...

Странските инвеститори не се задоволни од честото менување на законите

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд се сретнаа со претседателот на Советот на странски инвеститори, Хуан Педро Хименез Наваро, информираат од Стопанската комора на Македонија. Наваро нагласи дека странските инвеститори кои веќе се дел од македонското стопанство, веруваат во самиот систем и со стоа што веќе подолго...

Богов: Нема потреба од помош однадвор поради грчката криза

За да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, македонските банки немаат потреба од надворешна помош, но пристапот до инструментите за рефинансирање на Европската централна банка можат да послужат како добра поддршка ако е потребно, смета гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар...

Груевски ја пушти во употреба фабриката „Дока текстил“

Премиерот Никола Груевски денеска официјално ја пушти во употреба фабриката „Дока текстил“ во гевгелиско Миравци, во која во моментов работат 70 работници, а до крајот на годината се планира нивниот број да се зголеми на 200. Бизнисменот Тони Пандев го купи објектот на старата фабрика...

Руралниот и развојот на локалната економија, цели на форумот „Лидерфест 2015“

Афирмација на работата на субјектите што се ангажирани во руралниот и во развојот на локалната економија е целта на дводневниот форум „Лидерфест 2015“, што денеска се одржува во Делчево. - Лидер-мерката на ИПАРД е можност за руралните средини, преку подготовка и имплементација на проекти, да решаваат многу...

ММФ: Владата на Ципрас е одговорна за бавните реформи

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека на Грција ќе ѝ биде потребна помош од 50 милијарди евра во новиот круг финансиска помош од крајот на октомри годинава, па сè до 2018 година. ММФ денеска соопшти дека Атина била бавна во усвојувањето на економските реформи, а...

Јавната администрација уште се дума за грчките плажи

Откажување на туристичките аранжмани за Грција нема, но продажбата во агенциите е послаба во однос на претходните години. Во оваа насока говори и фактот што во некои од нив, и во шпицот на сезоната, можат да се најдат слободни места за туристичките дестинации што ги нудат,...

Земјоделците ќе можат да користат кредити, во износ од 20 милиони долари

УСАИД и Министерството за земјоделство заеднички ќе финансираат механизам за парцијално гарантирање кредити, што ќе се овозможи зголемено кредитирање на индивидуалните земјоделци. Во следните десет години, ќе бидат гарантирани земјоделски кредити во вкупен износ од 20 милиони долари. Договорот за соработка меѓу Владата и Агенцијата за...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...