fbpx

ЕЦБ ја зголеми итната помош за ликвидност на Грција на 900 милиони евра

Европската централна банка ја заголеми итната помош за ликвидост на Грција на 900 милиони евра неделно, соопшти директорот на ЕЦБ, Марио Драги. Одлуката доаѓа откако грчката влада вчера се согласи со планот за спас, вреден повеќе милијарди евра. - Работите се сменија. Имавме серија вести на...

НБРМ: Зголемување на нефункционалните кредити на домаќинствата

Советот на Народната банка денеска ја одржа својата десетта седница, на која го разгледа и го усвои извештајот за финансиската стабилност во Македонија за 2014 година, при што беше констатирано задржување на финансиската стабилност и во 2014 година. - Активата на банкарскиот систем достигна 76,1...

Цените на индустриските поризводи пониски за 3,8 проценти од лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 3,8 проценти на годишно ниво. Во мај 2015 година, во споредба со април годинава, продажните цени на производителите на...

Прометот во индустријата дома бележи пад, а во странство пораст

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи опаѓање од 1 процент, а индексот на прометот остварен на странски пазари, бележи пораст од 9,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори,...

За три месеци згаснале 1.300 компании

Последните податоци од Централниот регистар на Македонија покажуваат дека за првите три месеци од оваа година на доброволна основа се затворени 1.343 фирми, пишува „Коха“. Од друга страна, од јануари оваа година, до крајот на март се отворени нови 1.878 бизниси. Во споредба со истиот период минатата...

Депозитите на граѓаните – намалени, како последица на политичката криза

Првичните податоци од јуни, покажуваат пораст на вкупните депозити на месечна основа, кој во целост е воден од порастот на депозитите на корпоративниот сектор, се вели во соопштението на НБРМ за состојбите во домашната економија. Депозитите кај домаќинствата втор месец по ред бележат намалување на месечна...

НБРМ: Економијата закрепнува со солидно темпо

Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци. Остварувањата во надворешниот сектор и понатаму обезбедуваат одржување на девизните резерви на соодветно ниво, доволно за справување со евентуални...

Просечната плата во ИКТ-индустријата е 738 евра

Просечната плата во ИКТ-индустријата е 738 евра и Македонија е меѓу најдобрите 10 земји што најмногу напредувале во периодот 2012 - 2015 година во поглед на развој на ИКТ. Во моментов таа се наоѓа на 47. место од 140 земји по развој на ИКТ. Ова беше истакнато на јавната...

Се зголемува извозот на конзервната индустрија

Mинатата година беше рекордна за конзервната индустрија, со вкупно извезени 46.5 илјади тони преработки на овошје и на зеленчук. Тоа е за 3 проценти повеќе споредено со претходната 2013 година. Освен извезото количество, рекордна е и вредноста на извезени производи, односно вкупно 51,2 милиони евра...

Ивановски: ИКТ-секторот придонесе 450 милиони евра и бележи најмногу вработувања

Во 2013 година ИКТ-секторот придонесе со 450 милиони евра, а од 2010 до 2013 година бележи и најмногу вработувања, 138 проценти повеќе. Овој споредбен период од три години покажува и дека од вкупниот извоз во 2013 година, 120 милиони евра, најголем дел е развој на софтвер и...

Сточарите добија 120 милиони денари субвенции за млеко

Министерството за финансии исплати 120.079.652 денари субвенции за произведено и за продадено кравјо, козјо и овчо млеко. Средствата се исплатени на 6.446 сточари. Поддршката изнесува 3,5 денари за секој произведен и продаден литар млеко. Министерството денеска исплати 4,6 милиони денари на граѓаните од Кривогаштани како надомест на...

ССК: Постигнатиот политички договор нема да влијае на бизнисот

Постигнатиот политички договор нема да има какво било влијание врз вработувањето или инвестициите во наредниот период. Ова денеска го изјави претседателот на ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Саша Огненовски. - Не би можеле да прогнозираме какво ќе биде влијанието на синоќа постигнатиот политички договор. Но,...

ММФ: На Атина ѝ требаат многу повеќе пари од актуелната процена

Mеѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека европските кредитори на Грција ќе мора да ѝ обезбедат „многу повеќе“ средства отколку што покажуваат сегашните процени, кои се неопходни за отписот на долгот, а кој е потребен за да се стабилизира финансиската состојба на земјата. ММФ во новиот...

Италијанскиот долг сруши нов рекорд

Италијанскиот јавен долг се зголеми на 2.200 милијарди евра, што е за 23,4 милијарди евра повеќе отколку во мај, односно долгот сега е повеќе од 132 проценти од БДП. Тој во 2013 година изнесувал 130 проценти, а во 2010 година бил 120 проценти од домашниот бруто-производ...

Се зголемува бројот на блокирани сметки на граѓани

Бројот на блокирани сметки по различни основи изнесува 234.727 и во оваа бројка влегуваат сметки на правни и на физички лица, покажуваат податоците на Народна банка. Од почетокот на годината, бројот на блокирани сметки се зголемил за 22.642. Притоа, се намалува бројот на блокирани сметки...

Грција не ја исплати втората транша од долгот кон ММФ

Грција го пропушти рокот да ја врати и втората транша од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави портпаролот на ММФ, Гери Рајс. Атина требало синоќа, до 22 часот, да му врати 456 милиони евра на ММФ, но не се ни очекувало дека тоа ќе...

К-15 нема да биде задолжителен

Регресот за годишен одмор, односно К-15, повеќе да не биде задолжителен, договорија денеска Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавци. Во согласност со договорот, исплаќањето на К-15 ќе зависи дали тоа е утврдено во договорот меѓу вработените и работодавците.

Мелничарите нема да исплаќаат повеќе од девет денари за килограм пченица

Мелничарите не се во состојба да исплаќаат повеќе од девет денари по килограм за неквалитетна пченица, која не ги запазува параметрите во согласност со правилникот, наспроти увозот на евтино брашно од соседството со цена од 14 денари по килограм, со кое практично се уништува...

Бројот на странски туристи се зголемува, а на домашни се намалува

Бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82.084, а бројот на ноќевањата изнесува 170.943. Во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 7,4 проценти, а бројот на ноќевања е намален за 0,1 отсто. Бројот на домашните туристи во мај 2015 година,...

Цената на бензинот се зголемува за половина денар

Малопродажните цени на „евросупер-95“ и на „евросупер-98“ се зголемуваат за 0,5 денари и со тоа, новата цена на „евросупер-95“ изнесува 71,5 денари за еден литар, а на „евросупер-98“ е 73,5 денари за еден литар. Цената на дизелот, пак, се намалува за 1,5 денар. Новите цени ги објави Регулаторната комисија за енергетика и ќе...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...