fbpx

Ставрески за „Макпетрол“: Не очекувам посериозни економски реперкусии

Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески не очекува посериозни економски реперкусии од аспект на снабдувањето со нафтени деривати, по блокирањето на сметката на „Макпетрол“. - Верувам, во голем дел ќе биде решено преку обезбедување на потребните количини на нафта и нафтени деривати од останатите...

Незири: Енергетска криза ќе нема, но ќе има реални проблеми

Енергетска криза во Македонија нема, но ќе има реални проблеми кои ќе произлезат од блокадата на сметката на „Макпетрол“, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири. Тој додаде дека сите лиценцирани компании кои увезуваат нафта и нафтени деривати немаат проблем во набавката на потребните...

Пешевски: Владата ќе преземе се, да не се наруши снабдувањето со нафтени деривати

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, преку Фејсбук-статус се произнесе за актуелната состојба со блокираната сметка на „Макпетрол“ и можната енергетска криза. - Согласно Закон, треба да се обезбеди јавниот интерес и сите државни институции кои се вклучени во кривично-правниот процес треба да преземат легални...

Дел од вработените во „Макпетрол“ примиле плата

Вработените во „Макпетрол“ примиле плата пред крајот на работниот ден и тоа на оние кои имаат трансакциски сметки во Комерцијална банка, дознава „Мета“ од неофицијални извори. Исто така, неофицијално, плата добиле и вработените од другите компании на „Макпетрол“, „Оилко“ и „Телма“. Иако се обидовме, не добивме...

Индија нарачува 250 авиона од „Ербас“

Европскиот произведувал на авиони „Ербас“ добил од групацијата „ИндиГо“ нарачка за 250 авиони од типот „А320 нео“, што е најголема нарачка во историјата на оваа индиска авио-компанија. Според цените во каталогот, нарачката е вредна 26 милијарди долари, односно 23,4 милијарди евра, соопштија од „Ербас“. Нискобуџетната индиска...

Кризата со гасот може да биде поголема од кризата со бензини

Блокираната сметка на „Макпетрол“, повеќе може да предизвика криза во однос на испораката на гас, отколку на бензини, сметаат експертите за енергетика кои ги контактираше „Мета“. Според Атанаско Тунески, професор на Машинскиот факултет и поранешен директор на МЕПСО, доколку се случи криза со бензините, таа ќе...

Сојни: Грција со децении ќе и задава главоболки на еврозоната

Грција со децении ќе и задава главоболка на еврозоната, оцени финскиот евроскептик и министер за надворешни работи Тимо Сојни, повикувајќи го Меѓународниот монетарен фонд да учествува во новиот пакет на финансиска помош за Грција. - За жал, овој проблем ќе биде пред нас со...

Ќе се формира државно „Водостопанство“, Владата распиша оглас за директор

Владата вчера распишала оглас за избор на главен извршен директор на Акционерско друштво „Водостопанство“ на Република Македонија, информираше зменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски. Конкурсот ќе трае до 31 август, а новоформираното друштво ќе почне со работа во октомври. - Ги охрабруваме...

Сметката на Макпетрол, замрзната

Надлежните институции ја замрзнаа сметката на Макпетрол, пишува „24 вести“. Информацијата за овој медиум, ја потврдиле и од компанијата. Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 21 лице поради незаконско прелевање капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“. Десетте членови на управниот...

Рекорден пад на цената на нафтата

Цената на нафтата денеска е на најниско ново во последните шест и пол години поради зголемувањето на нејзиното производство и загриженоста за забавување на економијата на Кина, најголемиот потрошувач на енергентот. Американската сирова нафта падна на 41,35 долари за еден барел, што е најниска цена...

Цените на индустриските производи пониски за 1,5 отсто на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,5 отсто на месечно ниво, а се пониски за 1,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во јуни годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на...

Договорите за градежни работи ќе се зголемат, а цените ќе се намалуваат

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека тие ќе се зголемат во наредните три месеци, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе остане на исто ниво во наредниот период, објави Државниот завод за статистика. Оцената за економската состојба во...

Во јуни издадени 186 одобренија за градба, 10 проценти повеќе од истиот период лани

Во јуни се издадени 186 одобренија за градење, што е за 10,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.880.672.000 денари, што е за 49 проценти повеќе во однос на истиот...

Правото на старосна пензија, земјоделците ќе го користат од 1 јануари следната година

Неколку стотици земјоделци ќе го остварат правото на старосна пензија ако Собранието ги изгласа предлог-измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои Владата ги усвоила на последната седница. - Со овие измени се предлага да се воведе законска можност, во стажот на земјоделците да им...

Се подготвува нов закон за енергетика

Проектот ИПА со вкупен буџет од 1,6 милион евра, финансиран од Европската унија, за зајакнување на административниот капацитет на секторот за енергетика во Министерството за економија и во Агенцијата за енергетика, по двегодишна имплементација заврши. - Овој ИПА-проект ѝ помогна на земјата да ја подготви...

Јуанот ослабе за уште 1,12 отсто

Операцијата за коригирање на јуанот е завршена, изјави портпаролот на Народната банка на Кина, откако кинеската валута денеска ослабе за уште 1,12 отсто, на 6,40 јуана за еден долар, што е најниска вредност на оваа валута од август 2011 година. Кинеската централна банка во вторникот...

Концесиите од рудниците, добар приход за општините

Прекинот на работата во рудникот „Тораница“ на команијата „Индоминерали“, го извади на површина фактот дека компанијата, на име на концесии, е должна на двете општини каде има рудници. Едната од нив е Пробиштип, каде „Индоминерали“ за експлоатација на рудата во рудникот „Злетово“ веќе должи девет...

Девизните резерви бележат пад

Според последните расположливи податоци на Народна банка за третото тримесечје од 2015 година, девизните резерви бележат пад. - Гледано преку факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сè, на редовното намирување на надворешните обврски од државата, а делумно и на нето-продажбата...

Цените во домашната економија се намалиле за 0,3 отсто

Во просек, во првите седум месеци од годината, општото ниво на цени во домашната економија се намали за 0,3 отсто на годишна основа. Од друга страна, порастот на базичната инфлација забрза, потврдувајќи ја констатацијата за намалени ризици од понатамошно намалување на цените. - Инфлациските остварувања засега се...

Економскиот пораст во вториот квартал, во рамките на проектираното

Најновите показатели на Народна банка покажуваат дека економската активност и понатаму се зголеува со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. По порастот на БДП во првото тримесечје, кој соодветствуваше на проекциите,...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...