fbpx

Прометот на индустријата на странскиот пазар се зголемува

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во септември годинава, во однос на септември 2014 година, бележи опаѓање од 0,6 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 19,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот...

Македонија се поврзува директно со енергетскиот систем на Србија

Утре, 17 ноември, ќе биде ставен во функција новиот далновод, поставен на 168 челични решеткасти столбови, на траса долга 70 километри од Штип до македонско-српската граница, кај Куманово. Со овој систем на МЕПСО, македонскиот енергетски систем директно се спојува со енергетскиот систем на Србија. Со изградбата на...

Николов: Со буџетот за 2016 година, секој од нас е задолжен за 150 евра

Марјанчо Николов од опозицискиот СДСМ, на собраниската расправа за предлог-буџетот, истакна дека опозицијата нема да го поддржи буџетот за 2016 година бидејќи е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен. За историски највисокиот буџет од 3,2 милијарди евра, Николов додаде дека е нетранспарентен и не се...

Ставрески го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, го образложи предлог-буџетот за 2016 година пред пратениците на Собранието. Тој очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да...

Во Собранието ќе се расправа за предлог-буџетот за 2016 година

Расправата по дополнетиот предлог-буџет за 2016 година, треба да почне денеска на пленарната седница во Собранието на Македонија. Како што соопшти министерот за финансии, Зоран Ставрески, основните карактеристики на предлог-буџетот за 2016 година, се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 проценти оваа година, на 3,2...

Путин: Гасоводот „Турски тек“ не губи од својата динамика

„Турски тек“ не губи од својата динамика, проектот одговара на интересите на Русија и на Турција, но треба внимателно да биде разгледан, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Интерфакс“. Путин истакна дека Русија и Турција имаат многу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања,...

Бројот на туристи зголемен за 11,2 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, е зголемен за 20 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 17,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на туристите во септември 2015 година изнесува 79.218, а бројот на ноќевањата...

Се очекуваат поголем број договори за градежни работи и вработувања

Се очекуваат зголемен број договори за градежни работи и вработени во наредните три месеци, објави Државниот завод за статистика. Оценката за финансиската состојба и за сегашната состојба со порачки е поповолнa во споредба со претходното тримесечје. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност...

Вредноста на договорените градежни работи помала за 53,3 проценти во однос на лани

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство од јануари до септември годинава изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3 проценти помалку во споредба со истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во...

Индустриските цени пониски за 5,1 отсто на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември, вкупно, се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво, а за 5,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во...

Компанијата „Агриа“ ќе инвестира во Џумајлија

Земјоделското земјиште на светиниколскиот агрокомбинат „Џумајлија“, го доби компанијата „Агриа“ од Велес на електронска аукција. Компанијата дала најповолна понуда за годишна закупнина од 108.585 евра, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Агриа“ се обврзува да инвестира 2 милиони евра во рок од четири години. Компанијата ќе...

Отпишани се 30 милиони евра долгови на граѓаните

Долгови на граѓаните во вредност од 30 милиони евра се отпишани, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Охрид. Државата презема да ги отплати, во договор со субјектите што им ги отпишаа долговите на граѓаните. – За време на европската должничка криза и на светската глобална криза,...

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат...

НБРМ ги намали проекциите за порастот на економијата

Народната банка ги намали проекциите за пораст на економијата за оваа година на 3,2 проценти, соопшти денеска гувернерот на НБРМ, Димитар Богов. Во април годинава проекцијата за порастот на економијата изнесуваше 4,1 отсто. За наредните две години се очекуваат 3,5 отсто, односно 4 проценти пораст, чијшто...

„Уникредит“ укинува 18.200 работни места

Италијанската банкарска група „Уникредит“, една од најголемите кредитни институции во ЕУ, ќе укине 18.200 работни места и ќе затвори 800 филијали во Италија, Германија, Австрија и во Украина до крајот на 2018 година, соопштуваат од банката. Овие мерки ќе бидат преземени во рамките на новиот...

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

Рокот за достава на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти се пролонгира до 31 март 2016 година. Граѓаните што поднеле барање може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година. Ова денеска го соопштија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на Агенцијата...

Беџети: Економскиот дел од извештајот на ЕК е еден од најточните во последните години

Извештајот на Европската комисија за економскиот дел е еден од најточните и прецизно посочува кои се болните точки во македонската економија, смета професорот и поранешен министер за економија, Абдулменаф Беџети. Според Беџети, извештајот е многу јасен и недвосмислено, без дипломатски речник и без калкулации како...

Малите претпријатија недоволно ги користат финансиите што им се на располагање

Пристапот до финансии што е многу битен за развојот на бизнисите и  за отворањето нови работни места, сè уште е клучен проблем за малите и  за средните претпријатија не само во Македонија, туку и на европско ниво, смета Мартин Клауке од Делегацијата на ЕУ во...

Европската унија договори финансирање фонд за помош на банките

Министрите за финансии на Европската унија постигнаа компромис за првата фаза на финансирање на фондот за еврозоната за помош на ослабените банки. Заедничкиот фонд за помош на банките во еврозоната треба да ги покрие трошоците за згаснување на ослабените банки, а ќе биде финансиран од годишните...

Економските забелешки на ЕК во извештајот за Македонија

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, значаен дел им е посветен на економските состојби во земјава. Притоа, може да се издвојат следните констатации и забелешки: Македонија има добра клима за развој на функционална пазарна економија; Општо, има постигнато напредок; Позитивни случувања се забележани во однос...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...