fbpx

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето за регистрација на имот

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето и постапката за пренесувањето на недвижност од едно на друго лице и регистрација на имот. Со сегашните измени постапката се извршува во три чекори за шест дена, за разлика од порано кога постапката се извршуваше во...

САД ќе и исплати на Украина дополнителни 335 милиони евра

Белата куќа соопшти дека САД ќе издвои дополнителни 335 милиони долари за Украина како помош за секторот безбедност. Оваа помош следува по состанокот на американскиот потпретседател Џозеф Бајден и украинскиот претседател Петро Порошенко во Вашингтон. Бајден во разговор со Порошенко му порачал дека може да очекува...

НБМ: И визата се важи како основа за отворање сметка во странство

На 25 февруари Народна банка донесе одлука за олеснување на начинот и условите под кои македонските граѓани можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Економските аналитичари сметаат дека оваа одлуката на Народна банка фрла голем сомнеж, заради политичките околности во кои е донесена. Тие...

Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово

Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. Тој на 2 април ќе ја преземе позицијата од Стефан Плавјански, кој беше директор три години. Георгиев има 19 годишно искуство во оваа област, а пред да му се придружи на тимот на...

САД: Честото воведување на економски санкиции го слабее доларот

Американскиот секретар за финансии Џек Лу предупреди дека честото воведување на економски санкции може да доведе до слабеење на доларот на светскиот пазар и намалување на американското влијание во светот. - Мора да бидеме свесни за фактот дека злоупотребата на санкциите може да ја ослаби...

ОЕЦД: Слабата светска економија ги загрозува финансиите на државите

Слабиот економски раст во светот ја отежнува можноста владите да ги подмируваат своите обврски и долгови, оцени денеска главната економистка на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Кетрин Ман. Оваа организација во ноември ја намали проекцијата за економски раст во светот за годинава. Со помал...

Американскиот производител на авиони „Боинг“ ќе укине околу 4.000 работни места

Американскиот производител на авиони „Боинг“ до средината на оваа година ќе укине околу 4.000 работни места во одделението за производство на комерцијални авиони и уште 550 работни места во секторот за лабораториски тестирања, изјави портпаролот на компанијата Даг Алдер. Отпуштањето на 1.600 врабoтени во одделението...

Николовски: Делев незаконски го ослободил АК „Џумајлија“ од плаќање закупнина

Скандалите поврзани пуленот на Груевски, заменик министерот за економија Христијан Делев се редат како на лента, обвини денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски. „Малку беа 334 хектари, малку беа дополнителните 3.220 хектари, додека бил заменик министер за економија, Христијан Делев го ослободил АК...

Природните катастрофи лани чинеле 92 милијарди долари

Природните и катастрофите предизвикани од човекот чинеле 92 милијарди долари во 2015 година, што е помалку во споредба со 2014 кога изнесувале 113 милијарди долари, се наведува во извештајот на швајцарската осигурителна компанија „Свис-Ре“. Во соопштението се наведува дека, осигураните загуби во светот изнесувале 37...

Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50,6 милиони денари

Бруто-додадената вредност во земјоделството во 2014 година изнесува 50.610.000 денари и во однос на 2013 година бележи номинален раст од 1,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растителното производство во 2014 година, кое во вкупното производство учествува со 69,5 отсто, бележи раст од...

Бројот на работници во индустријата во февруари зголемен за 1,6 отсто во однос на истиот месец лани

Бројот на работниците во индустријата во февруари во однос на истиот месец лани е зголемен за 1,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај енергија за 2,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 отсто...

Се зголемува индустриското производство

Во првите два месеци од годинава, имаме зголемување на индустриското производство за 11,7 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во февруари 2016 година, во однос на истиот месец лани е повисоко за 15,2 отсто. Според главните индустриски групи, производството...

Областа Епир во Грција беше презентирана пред туристичките агенции

Областа Епир во Грција беше презентирана како туристички потенцијал пред македонските туристички агенции, денеска во хотелот „Александар Палас“. Според регионалниот гувернер на периферијата на Епир, Александрос Кахриманис местата Јанина, Метсово, Превеза, Игуменица со околните природни убавини и локална кујна може да се посетат не само...

Наумов: Во овој момент буџетот е пред финансиски колапс

На денешната аукција на државни хартии од вредност Министерството за финансии не задолжи со нови 25,3 милиони евра. Министерот Ставрески запиша пет пати поголема сума од долгот што доспева за враќање. За враќање доспеваа само пет милиони евра по основ на тригодишна обврзница -...

„Виз ер“ ќе лета двапати неделно до Берлин, Копенхаген и Братислава

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген двапати неделно од аеродромот „Александар Велики“. Кон Берлин ќе сообраќа во вторник и во сабота, а цената на билетот ќе изнесува од 1.199 денари, кон Братислава во понеделник и во петок, а кон Копенхаген...

БИРН: 446 милиони евра субвенции за растително и сточарско производство

Државата исплатила 150 милиони евра субвенции за сточарско и 296 милиони евра за растително производство, во период од пет години од 2010 до 2014 година. Ова го покажуваат податоците на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) која денеска ја промовираше базата на податоци за доделените субвенции во периодот...

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип - Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат...

САД издвојуваат уште 20 милиони долари за бегалците во Европа

САД ќе издвојат дополнителни 20 милиони долари за помош на бегалците во Европа, изјави заменик-американскиот државен секретар за менаџмент и ресурси Хедер Хигинботом за време на посетата на грчкиот остров Лезбос. Хигинботом наведе дека, со тоа вкупната помош на Вашингтон за европската мигрантска криза од...

Тевдовски: Треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија

Првиот чекор што треба да се направи во ова разголување на власта е сериозно обезбедување на транспаретност во трошењето на парите на граѓаните. Втората работа, во Македонија треба да градиме цврста основа на домашни претпријатија. Странските не се доволни. Наш приоритет се малите и...

Откупени 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм

Ланската реколта на тутун се откупи целата до крајниот законски рок, 15 март. Откупени се вкупно 19.000 тони тутун со просечна цена од 185 денари за килограм. - Иако квалитетна, реколтата потфрли за 25 до 30 отсто. Наместо 25.700 тони колку што откупувачите пријавија во...

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...