fbpx

Наумов: Најважно е дали Ставрески ја почнал процедурата за издавање еврообврзница

„Jавните финансии се во страшно лоша состојба и прашањето е што тоа Зоран Ставрески остави зад себе. Притисокот од Никола Груевски, кој ја води власта, ќе биде уште поголем и очекувам да се продолжи со истата погубна политика и да има нови задолжувања“, одговори претседателот...

Пораст на кредитирање на населението, а намалување кај корпоративниот сектор

Пораст на кредитите кај населението и намалување на кредитите кај корпоративниот сектор е забележано во април и во мај, информираат од Народна банка. - Стагнацијата на кредитите во еден дел веројатно е реакција на неизвесниот амбиент и на падот на депозитната база, но во еден...

Депозитната база на банките во април забележа пад од 2,2 проценти

Депозитната база на банките во април забележа значителен пад од 2,2 проценти на месечна основа, поради неизвесниот домашен политички амбиент. - Првичните податоци за мај покажуваат понатамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за...

Девизните резерви намалени, но пазарот е стабилен

Девизните резерви квартално се намалени, заклучно со средината на јуни. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на Народна банка на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент. - Од 19 април...

Побавен пораст на економијата од предвидувањата со последните проекции

Затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер, соопштуваат од Народна банка. - Во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и...

Прометот во индустријата во првиот квартал е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани

Прометот во индустријата во првиот квартал од годината е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата во април е поголем за 15,7 проценти во однос на истиот месец лани. Прометот во индустријата остварен на домашниот...

Рокот за барања за субвенции за млеко е до 30 јуни

Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и за предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни, инфромираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Висината на поддршката...

Ден на масовни протести низ цела Грција

Грција денеска е преплавена од штрајкови и од протести. Илјадници Грци обединети под мотото „Дајте си оставка“ вечерва ќе излезат на протест пред парламентот во Атина и пред Белата кула во Солун. Граѓаните кои ќе бидат дел од ова движење сметаат дека владата на Алексис...

Гувернерот на Токио си поднесе оставка поради финансиски скандал

Градското собрание ја прифати оставката на гувернерот на Токио, Јошиј Масузе, поради вмешаност во финансиски скандал и обвинувања за наводна злоупотреба на државни средства во приватни цели. Масузе е обвинет дека користел државни пари за семeјни летувања, купување уметнички дела и за други приватни трошоци....

Денеска се воспоставува авиолинијата Белград – Охрид

Официјалниот почеток на авионските летови на линијата Белград - Охрид ќе се означи денеска со слетувањето на првиот авион на „Ер Србија“. Со воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да се придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од...

Компаниите бараат да се смени моделот за пријавување сезонски работници

Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ) бара да се унапреди моделот на пријавување на сезонските работници во задолжителното социјално осигурување, со што ќе се зголеми социјалната сигурност на овие луѓе и ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници. - Членките на ОРМ укажуваат на...

Македонија на мапата за алтернативен туризам на француски тур-оператор

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам организираше тридневна инфо-тура за францускиот туристички оператор „Војагер отремент“ (Voyager Autrement), кој на годишно ниво испраќа повеќе од 15.000 туристи насекаде во светот. Македонија е вклучена во нивната програма за алтернативен туризам, како нова и неоткриена дестинација. Туристичката понуда на Скопје...

Зголемен бројот на туристи за 14,4 проценти во првиот квартал во однос на истиот период лани

Бројот на туристи во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,4 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 17,9 проценти, а кај странските има зголемување за 12,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-април...

Минимално намалување на цената на горивата

Еден литар „еуросупер БС-95“ поевтинува за половина денар и ќе чини 63,50 денари, а „еуросупер БС-98“ се намалува за еден денар и ќе се продава по цена од 65 денари за еден литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на дизел-горивото останува непроменета, односно 50 денари...

Министерот за економија Кучи се сретна со кинескиот амбасадор Женшун

Министерот за економија, Дритон Кучи, остварил работна средба со aмбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Вен Женшун, при што разговарале за економската соработка меѓу двете земји. - На состанокот се зборуваше за досегашните реализирани проекти во областа на енергетиката, како што беше изградбата на...

„МЖ – Транспорт“ со загуба од пет милиони евра поради блокада на коридорот 10

Директорот на „Македонски железници - Транспорт“, Никола Костов, изјави дека за овие три месеци директната и индиректна штета на компанијата од блокадата на бегалците и од штрајкот на работниците на пристаништето во Солун, изнесува пет милиони евра. - Поради прекинот на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и...

Македонските компании трпат огромни загуби поради штрајкот на солунското пристаниште

Македонските компании трпат големи штети поради блокадите на македонско-грчката граница и штрајкот на работниците во пристаништето во Солун. Според анкетата направена на 650 компании од страна на Стопанската комора на Македонија, штетни последици трпи целото стопанство, без разлика дали дел од нив непосредно го користат...

Три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци

Најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи покажува дека три државни компании должат повеќе од 10 милиони евра за неплатени даноци. „Македонска радио-телевизија“ должи околу 73 милиони денари или 1,1 милион евра, „Македонија пат“ должи 433 милиони денари или околу 7 милиони...

„Оне-Вип“: Нема зголемување на цените на тарифите за мобилни разговори

Со оглед на фактот што не ни е позната методологијата според која е пресметано наводното зголемување на цените, во овој момент можеме само најодговорно да изјавиме дека нема зголемување на малопродажните цени на тарифите во брендот „Вип“ - се вели во реакцијата на компанијата...

СДСМ: Потребен е пораст од 6 проценти на БДП за граѓаните да почувствуваат подобрување

„Нереален е порастот на домашниот бруто-производ (БДП) од два процента со кој излезе Државниот завод за статистика (ДЗС) и номиналниот пораст од 8,7 отсто, бидејки тие се невозможни во услови кога во земјава има дефлација. Тоа значи дека ДЗС лаже“, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму додаваат...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...