fbpx

Достапна нова мобилна апликација „Discover Ohrid“ за промоција на охридскиот туризам

Денеска пред јавноста Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, ја презентираа туристичката мобилна апликација „Discover Ohrid“. На апликацијата која е двојазична на македонски и англиски јазик, патеките поврзани со културата се и со аудио-водич, а...

Нов протест на жителите на Турско Рударе против изградбата на мини хидроцентрала

Тричасовен протест на патот што води кон локацијата каде се уредува теренот за мини хидроцентрала претпладнево одржаа жителите на пробиштипското село Турско Рударе. Ова е нивен втор протест откако започнаа работите за поставување на инсталацијата, која според нив, го загрозува системот за водоснабдување и...

Поднесена тужба до надлежните поради непреземање мерки против дивата депонија во Струга

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јануари годинава поднесе тужба против Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСП), Општина Струга и против Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга поради непреземање мерки за справување со дивата депонија, која подолг период постои во градот. Депонијата постои,...

Белчишко Блато ќе стане достапно за сите

Во Општина Дебрца изминатиов период се спроведува проектот „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)", кој го спроведува Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, а е финансиран од Европската Унија, мониториран и потпомогнат од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП)...

МОН: Училиштата да најдат начин да ги надоместат изгубените часови

Додека еден дел од матурантите ја бојкотираат наставата, Министерството за образование и наука посочува дека постапката за органзиирање на матурата тече, додека 14.000 ученици пријавиле матура. Министерката Мила Царовска, која денеска во Штип пред бизнис секторот го презентираше проектот „Учи паметно, работи стручно“, беше...

Старата училишна зграда во село Брежани со европски средства ќе стане модерен планинарски дом

Преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ финансиран од Европската унија, преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, старата училишна зграда во село Брежани со 80.000 евра, европски средства ќе стане модерен планинарски дом. „Општина Дебрца, со целокупното природно и...

Протест против изградбата на мала хидроцентрала во Пробиштипско

Со блокада на локалниот пат што води кон локацијата каде започнаа подготвителните работи за изградба на мала хидроцентрала, попладнето протестираа жителите на пробиштипските села Турско Рударе и Шталковица. Жителите се во страв дека ќе останат без вода за пиење, која сега ја добиваат од водоводот...

Европски услови за практична настава во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид

Учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид во иднина ќе имаат посовремени услови за следење на практичниот дел од наставата благодарение на новиот современ кабинет кој беше опремен неодамна. Кабинетот располага со стандардна угостителска опрема, нагледни средства, наставни помагала и компјутерска...

Општина Штип вработува советник за возен парк со завршен Рударски факултет

Преку јавно објавен оглас, Општина Штип бара шест нови извршители, меѓу кои и замената за пензионираниот раководител на финансии, но и советник за водење на антикорупциска политика и политика на интегритет. Сепак, најголемо внимание во јавноста привлече работното место советник за возен парк, каде...

По победата над „Пејпер Мил“ во Кочани, 12 организации со нова иницијатива „За здрав живот“

Борбата против загадувањето на животната средина и најавената изградба на мини хидроцентрала на браната Гратче, деновиве обедини 12 граѓански организации од Кочани, кои имаа заедничка цел – Кочани да биде почиста средина за живот. На заеднички состанок овие здруженија најавија засилени активности за почиста животна...

Делегација на Општина Крушево оддаде почит и положи цвеќиња на гробот на Тоше Проески

Со поклон и положување на свежи цвеќиња на гробот на Тоше Проески, денеска делегација на Општина Крушево предводена од градоначалникот, Томе Христоски оддаде почит на балканската поп икона, на денот кога требаше да го слави својот 40 роденден. „Одбележуваме уште еден роденден без Тоше, но...

Се запали куќа, дом на осум семејства во центарот на Штип

Пламен и чад ги разбудил дел од осумте семејства кои живеат во трошна двокатница со приземје во центарот на Штип. Пожарот избил околу 8.30 часот во приземјето и брзо се проширил на горните катови. Станарите во брзина ги извадиле децата надвор, а за кратко...

Крушево наскоро ќе добие Младински културен центар

Старата училишна зграда, во повисокиот дел на Крушево, која што со години беше оставена на забот на времето, наскоро ќе биде Младински културен центар. Во овој објект ќе се вршат кино проекции, ќе се играат театарски претстави, во него ќе бидат сместени и граѓанските...

Стари адвокатски трошоци и хонорари за Управниот одбор ја преполовија касата на штипски ЈП „Исар“

Расправата за покачување на цената на водата за пиење од 5,4 отсто во Советот на општина Штип на површина изнесе апсурдни бројки за направени трошоци и издатоци, кои сега се товар на граѓанскиот џеб, од каде главно се финансира ЈП „Исар“. Новата цена на...

УНЕСКО: Властите за три години да го решат проблемот со дивите депонии во Југозападниот регион

Во последниот Нацрт-извештај на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион стои дека во временски период од три години, државата, Југозападниот плански регион и општините мора да ги затворат нелегалните депонии како Буково и Мауцкер во Охрид, депониите кај Струга,...

Националниот парк Галичица и МЕД учествуваа на зимскиот цензус на водни птици

Нациналниот парк Галичица и оваа година учествуваше на Зимскиот цензус на водни птици, во соработка со Македонското Еколошко Друштво. Активностите на терен во 2021 година започнаа со синхронизирана прекугранична соработка за зимскиот цензус на птици. Од НП Галичица информираат дека во Грција, колегите од SPP...

Поставена модуларна ковид болница во Охрид

Поставена е модуларната болница за третирање на пациенти заболени од ковид-19 во Охрид, чиј капацитет е 40 легла. Станува збор за контејнери од 300 метри квадратни направени со влез и излез, кислородни станици, амбулантен и тријажен дел. Модуларната болница треба да располага и со...

Почна постапката за градба на куќички за незгрижени лица во Кочани

Седум типски куќички од цврста градба наменети за престој на незгрижени лица, е проект на Општината Кочани, чија градба со е-аукција ја доби тетовската фирма „Панел М“. Со комплетирањето на документацијата, тетовската компанија ќе има рок од 15 месеци да ги изгради куќичките, каде...

Рибарски алманах за лиценцираните охридски рибари од 1934 до 1941 година по повод Денот на рибарите

Во чест на Богојавленските празници, Историскиот архив на град Охрид и Лајонс клубот Лихнидос направија дигитална верзија на интересен архивски материјал, наречен Рибарски алманах. Станува збор за регистар на лиценцирани рибари во Охридското езеро, од периодот 1934 - 1941 година, единствен од таков вид...

Годинава нема да има традиционално фрлање на Светиот крст во водите на Охридското езеро

Од Дебарско-Кичевска епархија на Македонската православна црква (МПЦ) со соопштение информираат дека годинава нема да се одржи традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското езеро во Охрид. „На 19-ти јануари, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови. Ќе бидат...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...