This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Dec 11 21:08:58 2018 / +0000 GMT

Бутарис: Туристите мислат дека слетуваат во Скопје, а не во Солун




Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“ бидејќи туристите кога слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје.

– Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ го подели светот, не подели нас и од тоа сите губиме - рече Бутарис во изјава за грчката телевизија „Скај“.

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните.

Бутарис смета и дека не се реални грчките стравувања од Македонија и дека проблемот на Грција не е Скопје, туку Анкара, и се поголемото турско влијание во регионот.

Тој оценува дека сега има реална можност проблемот со името да се реши, а секое одолговлекување би одело на штета на Грција.

– Подобро да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО - изјави Бутарис.
Post date: 2018-02-13 09:45:45
Post date GMT: 2018-02-13 08:45:45
Post modified date: 2018-02-13 09:45:45
Post modified date GMT: 2018-02-13 08:45:45
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com