fbpx

Бутарис: Прашањето за името е „надувано“ поради глупавоста на политичарите

-

Мора да имате добри односи со соседите. Прашањето за името е надувано пред се поради глупавоста на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во интервју за радиото „Практорио ФМ“ на грчката новинска агенција АНА-МПА, одговарајќи на прашање за саботната неформална средба во Солун со македонскиот премиер Зоран Заев.

Истовремено, Бутарис во интервјуто вели дека е најголем Македонец, најверојатно посочувајќи со тоа на неговото раѓање во грчката област Македонија.

– Поголем Македонец од мене не постои, поради потеклото. Моето потекло и моето воспитување кажуваат сѐ, вели градоначалникот на Солун и објаснува дека „во Скопје првпат отишол во 1991 година, со Комората за трговија и индустрија“.

За саботната средба која се одржа по негова покана до Заев, Бутарис вели дека се разговарало за соработка.

– Имавме планирано приватна вечера. Го поканив да ја пречека Новата година во Солун. Неговиот брат и неговите пријатели секоја седмица се во Солун. Она што го финализиравме е да организираме спуштање со кајаци по Вардар, некаде во април. Можеби ќе имаме и мешан екипаж. Второ, се договоривме да правиме културни размени што ќе вклучуваат танц, музика и предавања. Еднаш во Скопје, еднаш во Солун. Разговаравме и за една стипендија што ќе ја даде општина Солун – објаснува солунскиот градоначалник во интервјуто за радиото на новинската агенција АНА-МПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...