fbpx

Бушати до Груевски: Албанците не се сезонски работници во своите домови

-

„Албанците не се сезонски работници во своите домови. На нивните барања треба да се одговори навреме. Нема да престанеме да укажуваме на потребата од развој на Албанците, каде и да живеат, во однос на она што им припаѓа ним, за повеќе достоинство, еднаквост и за вклучување во планот за развој“, изјавил министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, во говорот што вчера го одржал на Универзитетот во Скадар.

Оваа изјава, како што јавува дописничката на „Мета“ од Тирана, доаѓа по веста дека поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се спротивставува на идејата за коалициска влада помеѓу СДСМ и албанските партии, и дека тој се понудил за поддршка на својот политички противник, Зоран Заев, само за да спречи реализација на барањата на Албанците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.