fbpx

Бушати: Албанија не се меша во можните коалиции во Македонија

-

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, вчера изјави дека официјална Тирана немала никаква улога во однос на можните владини коалиции во Македонија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана.

Бушати истакна дека Албанија не се меша во внатрешните работи на соседната земја, ниту, пак, вршела некакво влијание за можните коалиции и додаде дека ќе поддржат кој било процес што ќе осигура демократија и стабилност на Македонија.

– Еднаквоста, слободата и демократијата се трите основни елементи на Охридскиот договор, а тие сè уште не се целосно имплементирани. Токму затоа ова е златна шанса за албанскиот политички фактор. Тие можат да се обединат и да постигнат прогрес за овие прашања – рече Бушати.

Тој истакна дека првпат од потпишувањето на Охридскиот договор албанските партии во Македонија ги надминале своите идеолошки разлики и застанале зад една заедничка платформа.

Кратко по изборите на 11 декември, лидерите на партиите од албанскиот политички блок, кои обезбедија пратенички места во Собранието – ДУИ, Движење Беса и Алијанса на Албанците, беа на средби со премиерот на Албанија, Еди Рама. По средбите, партиите викендов ја објавија заедничката платформа, која е основа за преговори за нивно учество во идната влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Kaмерон: Израел одлучи да дејствува по нападот на Иран

Јасно е дека Израел одлучи да дејствува, како одговор на иранскиот масовен напад со беспилотно летало и балистички ракети минатиот викенд, изјави денеска британскиот државен секретар за надворешни работи...