fbpx

Бушамауи и официјално ги предложила Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир за 2019

-

Премиерот Зоран Заев, примил писмо од Уидед Бушамауи, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015 година, со кое го известува дека и официјално испратила писмо до Комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација тој и грчкиот премиер Ципрас да бидат кандидати за оваа награда, за 2019 година.

„Во писмото, со изрази на најдлабоко почитување, нобеловката Бушамауи ја искажува својата убеденост дека Договорот од Преспа, претставува модел за мирно и конструктивно решавање на билатералните и мултилатералните недоразбирања меѓу соседните држави, кој може да служи како пример за целиот Балкански регион и пошироко, и дека ратификацијата на договорот во двете земји сведочи дека дијалогот, позитивната енергија, космополитизмот, духот на решителност, цврстата определба како и чувството за добрососедство, се клуч за сите проблеми  независно притисоците на националистите од двете страни на границите“, се вели во соопштението на Влада.

Нобеловката Бушамауи во писмото навела дека „Заев и Ципрас одиграле клучна улога во овој процес и во овој храбар и визионерски акт со кој се утврдува дијалогот, довербата и основата за една заедничка иднина на Република Северна Македонија и на Грција во рамките на меѓународните организации“.

Писмо со идентична содржина, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидед Бушамауи, испратила и до грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...