Бујар Османи утре од Атина во Скопје се враќа со првиот лет по повеќе од една деценија


       
Скопје, 31 октомври, 2018 - 15:48 (META) 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре ќе отпатува во работна посета на Атина, од каде ќе се врати со авион, со првиот лет меѓу Скопје и Атина по повеќе од една деценија, соопштија од кабинетот на Османи.

Тој во Атина ќе се сретне со заменикот министер за надворешни и европски работи на Грција, Јоргос Катругалос. Тема на средбата ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, Договорот од Преспа и обврските на двете земји што произлегуваат од него, но и за мерките за градење доверба,  унапредување на односите меѓу двете земји и поддршката од Грција за нашите европски интеграции.

По завршувањето на официјалната посета, Катругалос и Османи на атинскиот меѓународен аеродром ќе присуствуваат на церемонија по повод првото полетување на авион кон Скопје по пауза од повеќе од 10 години. Османи и делегацијата ќе се вратат во Македонија со овој лет на компанијата „Ејџиан Ерлајнс“.