fbpx

Бугарските европратеници ги заборавиле вистинските вредности на ЕУ, оцени Попоски

-

Шефот на македонската дипломатија во заминување Никола Попоски денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“, потсетувајќи на разговор со неименуван европратеник, оцени дека бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски ги ставиле своите лични цели и интереси при носењето на резолуцијата за напредокот на Албанија кон ЕУ, во која на нивно барање се потврдува постоењето на бугарско малцинство во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

„Еден пријател, европратеник, вели: ’Најголема опасност за ЕУ е тие кои ја претставуваат, да заборават на вистинската цел и вредностите зад кои стои Унијата, а да ги заменат со ситни лични цели’, пишува Попоски.

Тој исто така вели дека бугарските европратеници ако сакале да и помогнат на Албанија требале да дејствуваат неселективно.

„Пратеник во Европскиот парламент се загрижи само за правата на Бугарите во Албанија.
Имал избор да се заложи за вистинските вредности на Унијата. Неселективно. Ќе и помогнел на Албанија да се приближи до европските вредности и да ги унапреди човековите права. Но, немало да се испушти никако дека таму има Македонци, Грци, Власи, Срби, Роми… кои се самосвесни. Ова можат да го надминат ако сакат. Тоа ќе биде за нив, за Албанија, за сите заедници таму и над се, за ЕУ. И сигурно ќе биде покорисно од домашна политичка реклама“, пишува Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...