fbpx

Бугарски и српски медиуми предвреме ѝ го сменија името на Македонија

-

Известувајќи во саботата и вчера за гласањето во македонското Собрание со кое се прифатија четирите уставни амандммани, со што, меѓудругото, македонските пратеници ја прифатија промената на името на Република Македонија, голем број медиуми и некои новински агенции во соседните Бугарија и Србија, пишуваа во насловите и во дел од текстовите дека Македонија од петокот вечерта и официјално е преименувана, односно го носи името – Северна Македонија. Истите констатации – дека Македонија веќе носи ново име – се среќаваат и во голем дел од текстовите што се однесуваат на реакциите на водечките фигури од Македонија, Грција, ЕУ и НАТО.

Но, како што е познато од Уставниот закон, кој исто така беше изгласан, како и од Преспанскиот договор, амандманите ќе стапат на сила и новото име на Македонија ќе стане официјално име на државата откако во грчкиот парламент ќе биде ратификуван Договорот од Преспа, со што тој ќе стане официјален, а потоа за тоа ќе биде известена Организацијата на обединетите нации (ООН).

Српскиот и бугарскиот медиумски пазар во деновите на викендот изобилуваа со наслови од типот „Од вчера Северна Македонија“ или „Нашиот сосед стана Северна Македонија“. Еден српски медиум дури направи невидена рокада во насловот, па новото име го напиша како „Северна Република Македонија“.

Дел од медиумите во Србија и Бугарија и во насловите и во текстовите соодветно информираа уште од изгласувањето на уставните промени и напоменуваа дека македонскиот парламент го прифатил новото име или дека се изгласани уставните амандмани со кои ќе се смени името, и објаснуваа дека името на земјата ќе биде сменето откако Грција, односно тамошниот парламент ќе го ратификува договорот од Преспа и тој ќе стапи на сила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...