fbpx

Бугарката Вања Ангелова, добитник на наградата „Книжевна далга“

-

Познатата бугарска авторка Вања Ангелова е годинашен добитник на меѓународната награда „Книжевна далга“, што ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

Одлуката ја донесе жири-комисија во состав: Маријана бор-Паздњикова (Русија), Снежана Дабиќ (Србија), Валерио Орлиќ (Хрватска), Мерсиха Исмајлоска и Петко Шипинкаровски.

Наградата се доделува за личниот придонес во афирмацијата на балканските книжевни вредности во светот и за воспоставување нови патишта на соработка.

Наградата ќе биде доделена на 4 јули 2015 година во црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, во рамките на одржувањето на „Струшките книжевни средби“.

Вања Христова Георгиева-Ангелова е родена на 15 декември 1967 година, во Црвен Брег, Бугарија. Завршила Руско јазично училиште во Плевен, специјализирала на Московскиот институт „Александар Сергеевич Пушкин“.

Во 1992 година завршила руска филологија во ВТУ „Св. Кирил и Методиј“, а две години подоцна дипломира меѓународно право и надворешна трговија во Софија.

Член е на Сојузот на независните бугарски писатели.

Автор е на стихозбирките: „А сега каде“, „Целта на животот“, „Со вера во срцето“, „Една поинаква страница“, „Очите на денот“, „Калесница на времето“, „Наследниците на Херакле“ и други.

Автор е на повеќе книги и сценарија со историска тематика.

Освоила прво место на XII меѓународен натпревар „Мелнички вечери на поезијата“.

На 38. „Караманови средби“ (2011) ја доби наградата „Караманов“ за најдобра поетска збирка од балканските земји, а нејзината книга „Наследниците на Херакле“, преведена е на македонски јазик и издадена од „Бран“ од Струга.

Досегашни добитници на наградаа „Книжевна далга“ се: Мерсиха Исмајлоска (2013) и Миљурко Вукадиновиќ (2014).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...