Парламентот на Бугарија в среда на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Се очекува на ратификацијата на протоколот да присуствува претседателот на македонското Собранието, Талат Џафери.

Парламентарната Комисија за одбрана на 15 февруари го одобри протоколот и им препорача на пратениците да го усвојат.

Претседателот на Комисијата, Константин Попов изјави дека Северна Македонија може да смета на целосна поддршка и соработка од Бугарија на патот кон полноправно членство во НАТО.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.