fbpx

Бугарија од денеска претседава со ЕУ

-

Бугарија од денеска е новиот претседавач со Советот на Европската Унија, односно официјално претседава со ЕУ, на која и се приклучи во 2007 година, заедно со Романија.

„Земјата ќе бара баланс помеѓу специфичните приоритети на земјите – членки и стратешките приоритети на ЕУ за постигнување на реални, видливи резултати во активен дијалог со граѓаните за европските прашања и одговори на нивните очекувања за поголема безбедност, вработување, одржлив раст и посилно присуство на ЕУ на светската сцена. Кога зборуваме за обединета Европа, не треба да заборавиме дека Западниот Балкан има потреба од јасна европска перспектива и поврзаност меѓу нив и со земјите-членки“, се наведува на официјалниот сајт за бугарското претседавање со ЕУ.

Бугарија со Унијата ќе претседава до 30 јуни, кога ќе ја предаде палката на Австрија.

Бугарија се соочи со критики од ЕУ, при што блокот упатува на нерамнотежи во економските и социјалните прашања и она што го гледа како високо ниво на корупција.

Новата влада на Зоран Заев посвети максимално внимание на развивање на односите со Бугарија, и неговата прва посета како премиер беше на Софија, за средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој уште тогаш најави силна поддршка за Македонија.

Тоа се ефектуираше преку потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август в0 Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...