fbpx

Бугарија и официјално го смени кандидатот за генерален секретар на ОН

-

Кристалина Георгиева е новиот кандидат на Бугарија за генерален секретар на Обединетите нации, објави премиерот Бојко Борисов на денешната седница на владата. Таа ја замени Ирина Бокова, која досега беше бугарски кандидат за оваа функција.

Министерот за надворешни работи, Даниел Митов, рече дека гласањето во ОН покажало јасно што е тренд и, за жал, досегашната номинација имала негативен тренд.

– Бугарската влада одговорно да пристапи и да ѝ даде можност на кандидатката која според проценката и консултациите има сериозни шанси за европската група од источниот блок да има генерален секретар на Обединетите нации. Принципот на ротација е од исклучително значење и ние инсистираме на тоа, по што ќе побараме и поддршка од оваа европска група – рече Митов.

Борисов рече дека прават огромни напори, не само владата, туку и претседателот на Бугарија.

– Знаете дека ова е исклучително сложена процедура и повторувам дека и Бокова работеше напорно – рече Борисов.

Борисов очекува тешка кампања.

– Многу лаги ќе бидат произведени, но мислам дека тоа беше правилна одлука – рече Борисов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...