fbpx

Бугарија и Македонија планираат да ги здружат своите пазари за електрична енергија

-

Бугарската независна енергетска берза се надеваат дека до почетокот на февруари ќе попише преддоговор за соработка со Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Софија.

– Бугарија и Македонија размислуваат да ги здружат своите пазари за електрична енергија – изјави извршниот директор на Бугарската независна енергетска берза, Константин Константинов.

Претставници на македонската електродистрибутивна мрежа и на македонската Регулаторна комисија неодамна одржаа средба со своите бугарски колеги и со Бугарската независна енергетска берза, на која било разговарано за можноста за поврзување на пазарите.

Од Бугарската независна енергетска берза се надеваат дека ќе попишат преддоговор за соработка со Македонија до почетокот на февруари. Договорот ќе ги прецизира конкретните чекори и рокови за потенцијалното идно поврзување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...