fbpx

Буџетот за животна средина на Општина Аеродром ќе се зголеми за 20 пати

-

Со новиот буџет, Општина Аеродром ќе издвои околу 300.000 евра за реализација на конкретни мерки за почист воздух, односно 20 пати повеќе од досегашните средства на годишно ниво за заштита на животната средина, информираше градоначалникот Златко Марин, на средба со претставниците на граѓански организации.

„Дел од претставниците на граѓанските здруженија, кои присуствуваа на средбата, предложија неколку мерки што би дале резултати на краток рок во соработка со Градот Скопје, Министерството за животна средина и со другите надлежни институции, меѓу кои се инсталирање филтри на оџаците на индивидуалните куќи, искористување на сончевата енергија, подобрување на условите за користење јавен превоз, користење нова генерација катализатори за моторни возила, кои ја намалуваат емисијата на штетни материи, зголемување на ефикасноста на инспекциските служби, како и зголемување на јавната свест“, велат од Општина Аеродром.

Од Општината нагласуваат дека ќе ги земат предвид сите предложени мерки од граѓанските организации и ќе подготват конкретен краткорочен план, кој ќе биде достапен на јавноста, а во меѓувреме ќе работат на трајно решавање на загадувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...